Сончево и многу топло до 38 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец ќе преовладува денеска во земјава.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сично време со минимална температура до 19 и максимална до 35 степени.

До утре ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Веќе во четврток и петок ќе има појава на попладневна локална нестабилност, а поинтензивна нестабилност со врнежи пороен дожд проследен со грмежи ќе има за време на викендот. Тогаш и дневните температури ќе бидат за неколку степени пониски./МИА

Србите на Косово со благодарност до Трамп: „Езеро Трамп“ и „Мост Трамп“ на Газивода

Србите на северот на Косово и Метохија денеска на Брњачки мост, што ги поврзува Белград и Приштина, и на браната на езерото Газивода поставија големи транспаренти кои му пратија порака со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Како причина за тоа ги наведоа заложбите на Трамп во борбата за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Србија и Косово.

На мостот осамна транспарент со порака на англиски „претседателе Трамп, косовските Срби ви се благодарни на тоа што носите мир“.

Пораката на браната на езерото Газивода, пак, гласи „Езеро Трамп“.

Една од точките на договорот на страните потписнички на документот е да работат на студија во насока на заедничко користење на езерото Газивода како извор за снабдување со вода и енергија.

ВМРО-ДПМНЕ: Власта наместо стратегија за економски излез од кризата, нуди ситен поткуп на граѓани со кој купува месец социјален мир

Мафијашката власт на Заев нема ниту план, ниту стратегија да се справува со економските последици од економската криза.

Тоа што економијата падна за 12,7% за само три месеци, тоа што над 40 илјади лица останаа без работа, тоа што власта создаде една милијарда нов долг, не е доволно да се откажат од своите политики купи ден, помини.

Веќе три месеци поминаа од изборите, а тендерашката власт се уште нема понудено четврти пакет мерки за стопанството. Очигледно се подготвуваат со нови популистички исплати со цел да купат социјален мир уште еден месец, додека економијата се дави во проблеми.

Дека освен голиот поткуп нема суштинска поддршка за фирмите говори тоа што според податоците изнесени во јавноста владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки, а сега се расфрла со најава за четврти сет на антикризни мерки.

Очигледно е дека криминалот и корупцијата на власта ги изеде парите, а економијата и граѓаните ги остави да тонат во сиромаштија.

Со оваа мафија на власт нема економски напредок.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Германија донира респираторни машини за македонските клиники

Владата на Сојузна Република Германија му донираше на Министерството за здравство на Република Македонија осум респираторни машини марка како поддршка за македонските клиники, соопшти Гераманската амбасада во Скопје.

Оваа донација e по иницијатива на Сојузната Влада за време на германското претседателство во Советот на Европската Унија, за помош на државите од Западен Балкан во справување со пандемијата од Ковид 19.

Вкупната вредност на донацијата е околу 233.000 евра, а се имплементираше преку германската Сојузна агенција за цивилна заштита THW.

притисни ентер