Софија контра Берлин – рано е за првата меѓувладина конференција за Македонија

Македонија имаше три години да се превоспита и да го почитува Договорот за добрососедство, но тоа тие не го направија. 

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ништо не стори да го подобро билатаралните односи меѓу двете земји. Вака, во остар говор за ТВ Европа, бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов нјаави дека доколку не се најде решение за Гоце Делчев, официјална Софија ќе бара одложување на почетокот на преговорите на Македонија со Европската Унија.

“Лани во октомври Бугарија многу јасно изјави дека ако не се почитува Договорот за пријателство, кој се потпиша пред повеќе од три години ќе се спротивставиме на закажувањето на првата меѓувладина конференција. Мислам дека се е јасно тука. Неможам да разберам што не е јасно и на кого не му е јасно,изјави – Красимир Каракачанов - Министер за одбрана и вицепремиер на Бугарија .

Симптоматично е што освен Каракачанов, кој и во минатото даваше остри изјави за Македонија, ниту премиерот Борисов, ни претседателот Радев, јавно не се произнесе за новите условувања.

Во меѓувреме се постави и прашањето дали ваквите тврди ставови на Бугарија имаат поддршка во бугарската јавност и колку Бугарите, кои се соочуваат со големи внатрешно-политилки проблеми воопшто се интересираат за можната бугарска блокада за почетокот на евроинтеграциите на Македонија. Љупчо Нешков од агенцијата БГ НЕС смета, дека тамошната јавност е запознаена со проблемот и додав дека не терба да се заборава поддршката на Бугарија и бугарскиот народ за важните процеси во Македонија.

Првите сигнали од ЕУ се дека нема да се дозволат нови критериуми за Македонија. Германската амбасадорка во земјата Холштајн веќе кажаа дека официјален Берлин е против вметнувањето на нови критериуми за отворањето на преговорите со Македонија. Слична изјави даде и германскиот министер за Европа Михаел Рот, кој по средбата со Димитров јасно кажа дека тие се против било какви дополнителни услови за почеток на преговорите кои се очекува да стартуваат до крајот на годината, токму под германското претседателство со ЕУ.

Полицијата покрена истрага против Расел Бренд: „Добивме бројни обвинувања“

Лондонската полиција соопшти дека покренала истрага против британскиот комичар Расел Бренд (48), откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување и злоупотреба, пишува Си-Ен-Ен.

„По истрагата на „Channel 4's Dispatches“ и „The Sunday Times“ полицијата прими голем број наводи за сексуални престапи во Лондон. Исто така примени се и бројни обвинувања за сексуачни престапи сторени на други места во земјата и ќе ги истражиме. Сите прекршоци не се неодамнешни“, се вели во полициското соопштение објавено во понеделникот.

Да потсетиме дека Бренд беше обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работејќи за Би-Би-Си, Канал 4 и глумејќи во холивудски филмови. Обвинувањата ги објави на социјалните мрежи. „Тоа беше неверојатно напорна недела и благодарам на сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате“, рече тој во видеото.

Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја малтретирал. Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават. Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лаура Галачер. Двојката се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери.

Извор: Индекс.хр

САД и нудат на Полска заем од 2 милијарди долари за модернизација на нејзината војска

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека нуди заем од две милијарди долари на Варшава за да помогне во модернизацијата на одбраната на Полска, објавија американските медиуми.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Полска е „решителен“ сојузник на САД, чија „безбедност е од витално значење за колективната одбрана“ на источното крило на НАТО и дека таквото финансирање е резервирано за најважните безбедносни партнери на Вашингтон.

-Владата на САД и дава на Варшава до 60 милиони долари за покривање на трошоците за заемот во форма на странско воено финансирање, кое ќе поддржи „итни набавки на американски одбранбени производи и услуги“, соопшти Стејт департментот.

Овие 60 милиони долари се субвенција за заем наменета да се осигура дека Варшава ќе може да обезбеди поволни услови за заемот. /МИА

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Организаторите на Дијамантската лига го објавија вечерва календарот на атлетски митинзи во 2024 година.

Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.

Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.

Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024:

20. април Ксиамен (Кина)

27. април Шангај (Кина)

10. мај Доха (Катар)

19. мај Рабат (Мароко)

25. мај Јуџин (САД)

30. мај Осло (Норвешка)

2. јуни Стокхолм (Шведска)

7. јули Париз (Франција)

12. јули Монте Карло (Монако)

20. јули Лондон (Велика Британија)

22. август Лозана (Швајцарија)

25. август Вроцлав (Полска)

29. август Рим (Италија)

5. септември Цирих (Швајцарија)

13/14 септември Брисел (Белгија). /МИА

притисни ентер