Сочувство од министрите Бочварски и Бектеши за семејствата на настраданите во несреќата

Министрите за транспорт и врски и за економија, Благој Бочварски и Крешник Бектеши, изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

-Нема зборови кои можат да не утешат после оваа трагедија. Во овие моменти на колективна тага, нашите мисли ги упатуваме кон оние кои ги загубија животите и нивните најблиски. Нека е вечен споменот на жртвите, упатувам најдлабоко сочуство до нивните семејства. Посакувам целосно и брзо закрепнување на сите повредени, напиша Бочварски на својот фејсбук профил.

И Бектеши им посака брзо закрепнување на повредените.

-Тажен од трагедијата која ги однесе животите на повеќе од четириесет лица во страшната автобуска несреќа во Бугарија! Изразувам сочувство до сите семејства на луѓето кои ги загубија животите и на сите повредени им посакувам брзо закрепнување!

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Жените почесто имаат проблеми со сонот од мажите (фото)

Несоницата станува голем проблем во светот, таа влијае и на другите аспекти од нашиот живот.

Спиењето е добро за нашето здравје и општата благосостојба. Недоволното спиење ја намалува продуктивноста во текот на денот, нè прави нерасположени, но и ја намалува нашата концентрација за извршување на секојдневните задачи.

Постојат различни фактори кои влијаат врз квалитетот на сонот, а еден од нив е поврзан со полот. Според некои истражувања, жените се оние кои почесто остануваат будни во текот на ноќта, а некои студии покажале дека тие почесто се погодени од нарушувања на деноноќниот ритам (биолошкиот ритам на телото).

Се разбира, на истражувачите сè уште не им е јасно што влијае на биолошкиот ритам и зошто постојат разлики во спиењето кај мажите и жените, пишува sciencealert.com.

Сепак, за време на истражувањето, тие откриле дека постојат клучни разлики во квалитетот на сонот кај двата пола, што може да има се рефлектира врз здравјето на човекот вклучувајќи ризик од одредени болести.

Разлики во биоритамот

Истражувачите се фокусирале на 150 текста кои истражувале различни аспекти на спиењето, деноноќниот ритам и метаболизмот. Резултатите откриле дека жените имаат послаб квалитет на сон од мажите и дека се посклони да развијат одредени нарушувања на спиењето, како што е синдромот на немирни нозе. Кај мажите, забележано е дека тие почесто може да добијат апнеја при спиење од жените.

Мелатонинот, хормонот кој го регулира сонот, кај жените се лачи порано отколку кај мажите, а температурата на телото, која е највисока пред спиење, кај жените се повишува порано отколку кај посилниот пол.

Резултатите покажале дека жените имаат поголема потреба од сон и се будат подоцна, што не е во согласност со социјалните барања, како што е работата.

Метаболизмот се менува

Нарушувањето на деноноќниот ритам предизвикува ризик од нарушување на метаболизмот и појава на дебелина и дијабетес тип 2. Исто така, луѓето кои работат ноќна смена имаат поголем ризик од овие болести во споредба со оние кои работат во текот на денот. Ова го поддржува веќе потврденото во претходните студии, а тоа е дека полот може да влијае на квалитетот на сонот. Наодите укажуваат дека е потребно третманите за нарушување во спиењето да се прилагодат според полот на лицето.

Сè уште не се познати специфичните механизми кои објаснуваат зошто проблемите со спиењето и биолошкиот ритам се поврзани со поголемиот ризик од одредени болести и зошто постојат разлики во спиењето кај жените и мажите.

Секако, важно да се земе предвид и менструалниот циклус и земањето контрацепција бидејќи тие секако влијаат на квалитетот на сонот и на деноноќниот ритам.

Ваквото истражување помага подобро да се разберат разликите во квалитетот на сонот кај жените и мажите со цел да се обезбедат поефикасни третмани за двата пола.

притисни ентер