Сочувство од МАЕИ и МД „Илинден" – Тирана до семејствата на загинатите во несреќата

„Длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија.“

Длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Бугарја, во која животот го загубија 46 македонски граѓани упатија македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонското друштво „Илинден" – Тирана.

– Длабоко сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во Бугарија. Огромна трагедија за Македонија, за семејствата на загинатите, за која нема зборови за утеха. Нека почиваат во мир. На повредените им посакуваме побрзо закрепнување, напиша Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ на Фејсбук.

Од името на Македонците во Албанија, сочувство изрази и македонското друштво „Илинден".

– Со голема тага и болка ја примивме страшната вест. Од име на Македонците во Албанија изразуваме искрено и длабоко сочувство до семејствата на жртвите. Бог да им даде сила да се соочат со оваа страшна болка. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување. Огромна болка, голема трагедија, напиша Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. /МИА

(Обновено) ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 45% , Пендаровски 19,92% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 30,23 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 109.692 гласа или 45%.

На второ место е Стево Пендаровски со 48.553 гласа, односно 19.92 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 28547 гласа или 11,71 % , Максим Димитриевски 19227 гласа или 7,89% , Арбен Таравари 18432 гласа или 7,56 % , Билјана Ванковска 11.033 гласа или 4,53 % и Стевчо Јакимовски 2482 или 1,02%.

Тошковски: Изборниот ден помина во мирна и демократска атмосфера

Изјава за медиуми на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

притисни ентер