Собранието со 55 гласа ја отфрли интерпелацијата на Никола Димитров

Пратениците со 53 гласа За и 55 Против го отфрлија предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров.

Собранието со 55 гласа ја отфрли интерпелацијата на Никола Димитров

Во вечерната сесија, ратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска, реагираше процедурално дека со давањето еден час пауза им се скратува времето на говорниците да го кажат своето мислење за интерпелацијата.

На нејзината забелешка, реагираше потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој рече дека и власта и опозицијата имале можност да ги кажат своите ставови.

На говорот на пратеникот од Левица Димитар Апасиев, за реплика се јави Арбен Зибери од ДУИ, кој рече дека од говорницата ќе говори на македонски јазик за да го разбере тој на кој му реплицира, а за кој е сигурен дека седницата ја следи во канцеларија каде што нема превод.

– Немав намера да се јавам за реплика. Но, ме заинтригира една негова реченица, кога кажа дека Димитров во 2001 година, бил на страната на непријателот. Сметам дека тоа е негов лапсус отколку дека така мисли. Ако мисли дека Димитров бил на страната на непријателот, колегата Апасиев треба да каже кого смета за непријател, рече Зибери, додавајќи дека многу такви политичари со таква реторика ја завршиле политичката кариера.

По репликата на Зибери, собраниската расправа продолжи со говор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, кој рече дека Владата, од која дел е и Димитров, за време на предизборната кампања дала ветување дека Македонија формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крај на годината или до крај на 2020 година, што не се случи.

– Давањето на лажни ветувања во политиката ја отвора дилемата за враќање на мандат. Актуелниот заменик-претседател на Владата пред неколку месеци беше и прв човек на МНР, беше во постапка за постигнување на Преспанскиот договор, како и на оној за добрососедство со Бугарија. Тоа се два асиметрични договори кои беа презентирани како извонреден успех, од нив произлегуваат само проблеми и последици, рече Муцунски.

Тој напомена дека за решенијата во овие договори не бил воден соодветен демократски дијалог и не била вклучена пошироката експертска јавност. Муцунски забележа и на тоа дека Димитров во два наврата беше повикан пред Комисијата за надворешни работи во Собранието да се разговара за прашањето со Бугарија и блокирањето на патот кон ЕУ, а тој не се појавил да реферира по овие прашања.

– Потребно е да констатираме дека за неприфатливиот, навредувачкиот однос и блокирање на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, а тоа значи и негирање на идентитет, посебност, немаше институционален одговор, истакна Муцунски, кој рече дека е потребно национално единство и соработка за да се дојде до поприфатливи и достоинствени решенија.

Пратеникот од Партијата на пензионерите Илија Николовски во својот говор рече дека и денеска Собранието продолжува со бесмислени пленарни седници кои ги приредува опозицијата.

– Денеска пукате во празно, барајќи интерпелација за еден од најуспешните министри. Со интерпелацијата покажувате дека се однесувате неодговорно, деструктивно и антидржавно. Во времето кога министер за надворешни работи беше Никола Димитров, се постигнати најголемите успеси на нашата земја. Република Северна Македонија стана членка на НАТО, а вие од опозиција не се радувавте, иако беше остварен генерациски сон од почетокот на нашата самостојност, истакна Николовски.

Тој забележа дека Димитров е најнапаѓаниот министер од опозицијата. Николовски рече дека 27 земји членки на ЕУ се согласиле за почеток на преговори, но дека само Бугарија била против.

– Има сериозни индиции дека ВМРО е понаклонето да му се придружи во нападите на Каракачанов, па некако со заеднички сили да го свиткаат СДСМ и премиерот Заев. Тоа го потврди првиот говорник. Вас ве прашувам, во што е вината на Димитров што Бугарија направи историски погрешна геополитичка одлука, кој никој во светот не може да ја разбере и поддржи, праша Николовски.

Тој рече дека во преговорите со Бугарија, министерот Димитров се покажал како цврст преговрач и не дозволил да се разговара за малцински прашања.

– Макединскиот јазик и нација е неоспорен факт и тоа никој не може да го побие, истакна Николовски.

На говорот на Николовски, му реплицираше претеничката Гордана Силјановска Давкова, која рече дека треба да избегнува злонамерно ширење на лаги како кажаното дека ВМРО-ДПМНЕ е во тесна, тајна врска со ВМРО на Каракачанов.

– Начинот на кој зборувавте, не внесува атмосфера на дијалог, рече Силјановска Давкова.

За контра реплика се јави Николовски, кој рече дека стои зад сето тоа што го кажал, повикувајќи се на анализи на бугарски интелектуалци, кои говореле за врската на ВМРО-ДПМНЕ со ВМРО на Каракачанов.

По репликите и контрарепликите на пратеникот Николовски, за збор се јави пратеникот од Алијанса за Албанците Халил Снопче, кој рече дека евроинтеграциите треба да бидат континуиран процес и дека треба да имаме добри односи со соседите.

– Со членките на ЕУ треба да имаме сериозен пристап оти тие се посилни од нас, имаат право на вето. Факт е дека членството во ЕУ потфрли. Граѓаните не треба да се казнат поради погрешните политики на власта, истакна Снопче, кој рече дека државата не добила датум за преговори поради неисполнувањето на условот добрососедски односи со Бугарија.

– Да ве потсетам на вашето „селфи" со Бујар Османи и Анѓушев, дека датумот е добиен, а излезе дека е измама, рече Снопче.

Тој посочи дека Димитров не е единствениот одговорен што нема датум за преговори со ЕУ, туку одговорност треба да понесе цела Влада.

По говорот на пратеникот Снопче, се јави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој рече дека секогаш е штетно кога надворешната политика се употребува во домашни политички цели.

Димитров посочи дека недобивањето на датум за преговори во октомври или во јуни 2019 година нема никаква причинско-последична врска со реформската кондиција кај нас дома. Тој како што рече, лично францускиот претседател Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел кажале дека прашањето е поврзано со внатрешната дебата во Франција во однос на реформите во рамките на Европската Унија. Димитров објасни дека од Франција се инсистираше да се смени методологијата на пристапниот процес, да стане пополитички, земјите-членки да имаат поголемо внимание [влијание] и кога некоја земја-кандидат ќе оди назад наместо напред, целиот пристапен процес да оди назад наместо напред.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

 Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. 

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.

- Обвинителството до овој момент поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица. Од нив предлог за краткотраен притвор е веќе поднесен за 8 лица, додека останатите 3 се уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба. Постапката во однос на нив ќе продолжи веднаш кога состојбата ќе им се подобри. Дејствија продолжуваат да се преземаат за испитување на одговорност на повеќе лица, информираа вечерва од Државното јавно обвинителство.

Предлогот за краткотраен притвор е поднесен до Основниот суд во Кочани.

Во пожарот во Кочани, според последните официјални податоци, загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

притисни ентер