Собранието се уште не закажало седница на уставната комисија за владиниот предлог за пристапување кон уставни измени

Процесот на уставни измени кои произлегуваат од  Договорот од Преспа влезе во собраниска процедура.

Предлогот за пристапување кон измената на Уставот, кој Владата ја усвои на вонредната седница, се доставени до пратениците.

Се очекува наредните денови да биде ставен на седница на Комисијата за уставни прашања. Од кабинетот на Џафери, кој е и претседател на Уставната комисија не прецизираат кога ќе ја закажат седницата.

Според неофицијалните информации предлогот за уставните измени пред членовите на комисијата ќе се најде в петок, а пред пратениците на пленарна собраниска седница најверојатно во вторник. Неизвесно е дали е обезбедено неопходното двотретиснко мнозинство, но владејачкото мнозинство е убедено дека над 80 пратеници ќе ги поддржат измените. Апел до опозициските пратеници да ги поддржат процесите во Собранието и да не подлегнуваат на притуисоци, упати генералниот секретар на СДСМ, Кирацоски.

Оптимизам дека може да се постигне потребното двотретинско мнозинство, изрази и премиерот Заев. Очекува уставните измени дека да поминат на „прва топка“ во Собранието. Во пресрет на дебатата во Собранието, Заев утрово преку Фејсбук им порача на пратениците дека е време да го обезбедат патот на Македонија кон НАТО и ЕУ кој води преку македонско-грчкиот договор и оти имаат историска должност пред граѓаните да го сторат тоа.

Од опозициската ВМРО-ДОМНЕ со став дека одлуката на Заев да ги иницира уставните измени за бришење на Република Македонија е газење на сопствениот народ, негово потценување и негирање.

СДСМ одбива да ја испочитува волјата на 1,2 милиони граѓани кои преку апстиненцијата на референдумот и дадоа јасен сигнал на власта дека не се согласуваат со промена на името, идентитетот, јазикот и историјата на Македонија, велат од партијата.

Претресот по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, откако ќе се најде на Уставна комисија, може да трае најмногу 10 дена, и исто толку на пленарна. Пратениците можат да земат збор повеќепати во времетраење од 20 минути. Очекувањата се дека оваа фаза ќе биде завршена за неколку денови, по што ќе следува подготовка и утврдување на нацрт-амандманите, за чие утврдување се потребни поддршка од половина од пратениците, додека конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со најмалку 80 гласа, а за амандманот на преамбулата освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци со заштитен македонски јазик

За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата.

Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и С.Македонија да стане 30та членка на НАТО.

По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија.

Сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет.

Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скриниг.

Сега откако прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет.

Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста.

Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции.

И денеска ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лаги за некакви нови договори, за некакви нови услови со кои се обидува да ја вознемирува јавноста.

Многу брзо ќе се покаже дека и оваа лага на ВМРО-ДПМНЕ ќе пукне како меур од сапуница.

Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да лаже кога станува збор за државните и националните интереси.

Оваа партија предводена од Мицкоски има проблем секогаш кога државата бележи напредок во евроинтеграциите.

За разлика од таквото нивно однесување, СДСМ продолжува со одговорни политики, политики кои го штитат македонскиот јазик и идентитет и кои обезбедуваат напредок во интеграцијата на државата во ЕУ.

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

СДСМ

Скопските улици „Товарник“ и „Среќко Пужалка“ денеска без вода

Без вода денеска од 13:20 часот се корисниците од улиците „Товарник“ и „Среќко Пужалка“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради поврзување на нова водоводна мрежа ф-110 на ул.„Товарник“ бр.1.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Стефковски: Жителите на Колонија добиваат спортско игралиште

Жителите на Колонија добиваат спортски терен со најсовремена тартан подлога.

Ова е третото спортско игралиште од вкупно седум што се градат на територија на општина Гази Баба.

Претходно беа завршени спортските терени во Триангла и Керамидница, а во деновите пред нас ќе се изградат и во населените места Гоце Делчев и Кирил Петрушевски со тартан подлога, додека Стајковци и Страчинци ќе добијат терени со вештачка трева.

Во Гази Баба се гради и инвестира. Општината добива нов лик.

Новото време за нашата Гази Баба само што започна, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Гази Баба, Боби Стефановски.

притисни ентер