Собранието го усвои Извештајот на Народниот правобранител за 2013 година

Собранието на Република Македонија попладнево расправаше и го усвои Извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2013 година.

Во 2013 година Народниот правобранител постапувал по 4.599 претставки, од кои во извештајниот период биле примени 3.780, а останатите биле пренесени од претходната година. Статистички, 38 проценти се однесуваат на повреда на правата од страна на централната власт, 33 на повреда од страна на јавните служби и установи, во 9 проценти од страна на правни лица, исто толку и од локалната власт, а 8 проценти од подносителите се жалеле на повреда на права од други субјекти.

Претходно, во претпладневниот дел од седницата Собранието ги избра пратениците Антонио Милошоски и Рафиз Аљити за потпретседатели на Собранието. Третото потпретседателско место останува празно поради неучеството на опозицијата во работата на Парламентот. Милошоски и Аљити денеска дадоа свечени изјави во Собранието.

Собранието ја изгласа одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција, ИСАФ во Авганистан. Министерот за одбрана Зоран Јолевски образложи дека Македонија испраќа петмина штабни офицери во рамките на штабната команда Север во Мазел ел Шариф.

Собранието на Република Македонија денеска ги верификуваше мандатите на девет нови пратеници кои дојдоа на местата на министрите и на премиерот и на оние кои поднесоа оставки.

Нови пратеници се Андон Чибишев, Светлана Јакимовска, Марија Ангелова, Ѓорѓи Коџобашиев, Благородна Бојаџиева, Алил Ибраими, Драган Данев и Јасмина Дамчевска.

Констатирана беше и оставката на функцијата пратеник која вчера ја поднела Шкодране Дарлишта од листата на ДУИ.

Пратениците треба да разгледаат и годишни извештаи за 2013 година на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, на Агенцијата за администрација, на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Државната комисија за жалби по јавни набавки на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на Советот за радиодифузија на Република Македонија, на Агенцијата за електронски комуникации, на ЈРП Македонска радио телевизија, на Агенцијата за пошти, на Комисијата за хартии од вредност и на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Собранието попладнево ја почна и ја заврши расправата по Извештајот за работата на Судскиот совет на Република Македонија, а по него дополнително ќе се гласа./МИА.

Аустриан ерлајнс го започна својот штрајк кој ќе трае 36 часа

Триесет и шестчасовниот штрајк на вработените во Аустриан Ерлајнс (Austrian Airlines) почна денеска и веќе има откажани летови, јавија австриските медиуми. 

Според одлуката на синдикатот „Вида“, денеска и утре ќе бидат откажани вкупно 400 летови. Најмногу беа погодени аеродромите во Виена, Инсбрук, Грац и Клагенфурт, како и околу 50 илјади патници, според податоците на авиокомпанијата.

Аустриан Ерлајнс проценува 24 милиони евра загуби предизвикани од откажување летови во текот на тековните колективни преговори за договарање. Спорот за колективниот договор за труд трае веќе со недели, а досега 17 рунди преговори се без резултат. Синдикатот најави нова работна средба за 4 април.

Стотици летови се откажани од почетокот на преговорите. Откажани се и летовите од Виена до Скопје и обратно. На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Дебата на тема„Има помош за живот без насилство“ во организација на УНФПА

Веќе трета година по ред во Македонија се спроведува  проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Македонија“ под покровителство на министерството за труд и социјала, британската амбасада и УНФПА.

Во рамки на проектот досега функционира програмата за реинтеграција на жртви, моделот за шелтер-засолниште на жртви на семејно насилство, а се даваат и препораките за подобрување на услугите на сос линиите за помош на жртвите.

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

притисни ентер