Собранието ги изгласа измените на законите за основно и средно образование

Пратениците на денешната седница со 61 пратеник „за", ниту еден „против" и 28 „воздржани", го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование.

Со 61 глас „за", еден „против" и 25 „воздржани" собранието го донесе Закоконот за изменување и дополнување на Законот за средно образование, по скратена постапка.

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги образложи законите за основно и за средно образование. Потсети дека за законот за основно образование се дисутирало многу на комисијата и смета дека сите одредби од Предлог-законското решение и измената на законот за основно обрзаование се јасни.

– Утврдуваме одредена уредба која во вонредни околности ќе може да ја носи Владата се со цел да го уреди траењето на часовите, бројот на наставните денови во одредена година се со цел да се воспостави ова како механизам кој првпат ќе биде поставен во законот. Целта на оваа уредба ќе биде технички да ја уреди школската година во текот на таа година кога имаме вонредни околности. Првпат се воведува правото на учење од далечина, кое досега не било регулирано, рече Царовска.

Посочи дека учењето од далечина нема да се случува само во вонредни околности, со осовременување на образовниот систем може да се смета дека овој тип на платформа ќе биде корисна и за учениците и за континуирано учење на наставниците.

Министерката за образование остро реагираше на забелешките од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, напоменувајќи дека денешната состојба во образованието е последица на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Таа истакна дека ефектот од она што се работи денес, ќе се види за 10 до 15 години, како што се гледаат последиците од она што било сработено во минатото.

Претениците од СДСМ во неколку наврати истакнаа дека е време на пандемија, со која се соочува цел свет и оти и другите, многу поразвиени земји, се соочуваат со предизвик да се справат со ситуацијата. Рекоа дека пред да се изготви предлог законот е разговарано со сите засегнати страни.

Пратениците од опозицијата укажуваа на недостатоците во образованието, на тоа што работела досега, како што велат, „старо-новата Влада". Сметаат дека ја нема дијагнозата, големата слика во основното образование во состојба на Ковид-19, ги нема профилите на наставниците. Посочија дека 40 илјади ученици немаат компјутери и ќе треба да останат дома и да гледаат ТВ. Според нив, тоа е дискриминација.

Прашаа зошто не почна учебната година на време, дали ќе почне на 1 октомври, зошто нема да има скрининг на наставниците. Зошто досега не биле мапирани регионите со помалку заболени од коронавирус, како и училиштата каде нема основни услови за одржување хигиена, што е со образовните и лични асистенти на учениците со посебни потреби...

Пратеникот Арбер Адеми и поранешен министер за образование и наука посочи на досега реализираните активности во образованието, како донесените законски уредби за децата да не ја изгубат учебната година, која како што рече, заврши успешно. Потсети на проектот ТВ училница што се емитуваше преку националната телевизија и додаде оти наставниците сериозно се ангажирале во целиот процес.

Адеми рече дека тој и пратеничката група на ДУИ ќе дадат поддршка на ова законско решение. Укажа дека измените се потребни, неопходни и изрази надеж дека епидемиолошката слика во земјава ќе се подобри и сите ученици да се вратат во училиште.

Халил Снопче од Алијанса за Албанците смета дека овој предлог-закон за основно обрзаование има за цел пренесување на сите ингеренции на Владата, а се запоставуваат Парламентот и општинските совети. Според него, Владата треба да има последен збор, но со согласност од локалната самоуправа бидејќи, како што рече, тие знаат најдобро што се случува во училиштата, инфраструктура и сл. , дека блок дотациите не се доволни за решавање на елементарните проблеми во нормални услови. Укажа дека досега онлајн наставата во земјава не се одвивала како што треба и била неуспешна.

Измените и дополнувањата на законите за основно и средно образование предвидуваат во услови на вонредни околности учебната година да може да започне и да заврши во различно време за што треба да одлучи Владата. Како вонредни околности, во законите, се наведуваат прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди. Одлуката на Владата може да се однесува на целата територија на републиката или на нејзин дел.

-Се додава и нов став 5, кој уредува дека во услови на вонредни околности бројот на наставните денови во учебната година може да биде помал од 180, но не помалку од 100 наставни денови, зашто одлучува Владата. Ставот 6 станува став 9 и се регулира дека воспитно – образовната работа не смее да се прекинува во текот на наставната година, освен во случај на настапување на вонредни околности (прогласена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), зашто одлучува Владата која го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година, но не помалку од 100 наставни денови, според скратени наставни програми, кои на предлог на Бирото, ги утврдува министерот, се наведува, меѓу дургото, во образложението на измените на Законот за основно образование.

Исто така се предвидува во услови на вонредни околности училиштата да организираат воннаставни активности за учениците поврзани со нивниот личен, социо-емоционален и психолошки развој. За учеството во овие воннаставни активности во вонредни околности се предвидува наставникот да води само евиденција за присуство на учениците, и не се издава додаток на сведителство.

Во основното училиште во услови на вонредни околности, кога наставата е организирана преку далечинско учење, може да се организира настава со физичко присуство на учениците доколку се исполнети критериумите и условите согласно здравствените протоколи за соодветниот вид на училиште донесени од Владата согласно закон, епидемиолошката состојба на подрачјето на општината на која се наоѓа училиштето, бројот на учениците во паралелката и просторните и хигиенско санитарните услови во училиштето, на начин согласно членот 50 од овој закон.

Во средните училишта ќе може да се организира настава со физичко присуство на учениците или преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Во вакви околности, како што се предвидува, за времетраењето на часот и за максималната бројка на ученици во паралелките во основното и во средното образование ќе одлучува исто така Владата./МИА

Митрески: Ги зголемуваме субвенциите за енергија на 120 илјади денари за домаќинства

Ранливите потрошувачи ќе добијат поголема поддршка.

„Енергетската независност на Македонија е значаен приоритет за СДСМ и за Коалицијата за европска Макединија. И во време на најголемата енергетска криза, граѓаните не го почуствуваа недостатокот на светскиот пазар, затоа што водевме мудри политики и обезбедивме енергија за целата држава. Во наредниот мандат гарантираме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70 проценти во однос на 2019 година, со што ќе бидеме енергетски независни“, изјави Јован Митрески, носител на ИЕ 5 за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

Тој најави дека во наредниот мандат ќе биде зголемен капацитетот на обновливи извори на енергија за најмалку 100 проценти, а еден милион граѓани ќе добиваат енергија од обновливи извори.

„Ги зголемуваме субвенциите од 80 илјади на 120 илјади денари за домаќинства, ги зголемуваме мерките за заштита на правата на ранливите потрошувачи на енергија. Воведуваме забрана за изградба на нови мали хидроцентрали“, додаде тој.

Митрески најави и дека ќе продолжи поддршката на бизнисите, преку 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производството и 3,5 милијарди капитални инвестиции и гарантираме стабилна даночна политика.

„Воведуваме 0 проценти данок на личен доход за минимална плата, како и по 200 евра за во првите 12 месеци за секое прво вработувањ на лица до 26 години. Планираме инвестиции од над 2,7 милијарди евра, за модернизација на инфраструктурата во сите општини, квалитетна инфраструктура е предуслов за растечка економија и повисок животен стандард“, додаде Митрески.

Николоски: Од каде му се парите на Филипче за скапата кампања и луксузното возило?

Oдговорот е јасен тоа се  украдените народни пари

На синоќешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во Ново Село, свое обраќање имаше носителот на листата за пратеници од четвртата изборна единица, Александар Николоски. Тој го запраша својот противкандидат Венко Филипче, од каде му се енормните суми на средства за скапата кампања и спотови кои ги објавува.

Пред некој ден сними едно скапо видео, скапо е од две причини, прво му го снима видеото скапа маркетинг ПР агенција, којашто плаќа по 100 евра по медиум за објава на текстовите за него, само тоа видео беше споделено на 22 медиуми, што значи дека само за тоа видео потрошиле 2200 евра, па прашањето е од кај им се парите за таа работа? Одговорот е јасен, тоа се ваши народни, крадени пари, од вас ги украдоа за себе да си прават пропаганда. И втората причина, зошто е ова скапо видео, е затоа што видеото е снимено во автомобил додека Венко Филипче вози во можеби најскапиот автомобил којшто било кој политичар во Македонија го поседува, јас искрено не знам ни до крај марката да ја кажам, ми кажаа дека е некое најново Ауди, СУВ или џип вака понародски кажано, најскапото коешто го има на пазарот, е во такво возило се вози мојот против кандидат, јас се возам во шкода вака за споредба, рече Николоски од митингот во Ново Село.

Тој посочи дека вакво луксузно возило невозможно е да се набави, ниту со докторска, ниту со министерска плата, туку исклучиво со криминал и корупција.

Мислам дека нити со пратеничка, нити со докторска плата не може да се заработи возило коешто чини повеќе од целокупниот род овде околу да се откупи, возило од 250.000 евра не се заработува нити од министерска плата, нити од докторска плата, се заработува исклучиво од криминал и корупција, потенцираше Николоски.

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

притисни ентер