Собранието даде на натамошна постапка десет закони по скратена постапка

Собранието даде на натамошна постапка десет закони по скратена постапка поврзани со новото Министерство за енергетика.

Собранието денеска ја започнa 10. седница на која за натамошна постапка беа прифатени десет закони по скратена постапка, кои, како што објаснија пратениците, се, генерално, усогласувања со веќе донесените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа и формирањето на ново Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

По скратена постапка, на дневниот ред се предложени, изменување и дополнување на Законот за енергетика, на Законот за Геолошкиот завод, на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за метрологијата, на Законот за минерални суровини, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, како и изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за техничката инспекција.

-Заради конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во однос на надлежностите на ова министерство утврдени во новиот член 20-а од Законот за изменување и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ број 121/24), потребно е законски интервенции односно усогласување на овие одредби со одредбите на постојни закони со кои се уредува ова област. Дополнително обврска од членот 30 од овој закон наметна должност државните органи во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на законот да ги усогласат посебните закони со кои се уредуваат основањето, работите, надлежностите и другите општи акти со одредбите од Законот за изменување и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа, посочија дел од пратениците кои ги образложуваа законите.

Законите треба да поминат на матичните комисии, па потоа и да бидат донесени од страна на Собранието.

Левица и СДСМ на седницата реагираа за начинот на кој што е закажана седницата, на што потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски образложи дека седницата е закажана од претседателот кој е службено отсутен, како и дека законите се носат по скратена постапка за да се усогласат со веќе донесениот закон за државна управа.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски реагираше и дека закон што пратеник од нивните редови го доставил до Собранието не е ставен на дневен ред.

На седницата беа верификувани мандатите на Јане Мицевски од Изборната единица 1 и Малиша Станковиќ од Изборната единица 2, двајцата од коалицијата Твоја Македонија. Пратениците беа известени и дека пратеникот Иван Живковски поднел оставка од функцијата.

Кортни Кокс (60) се сними како излегува од замрзнувачот: „Одлично се чувствувам“

Кортени Кокс, актерката позната по улогата на Моника во серијата Пријатели, минатиот месец го прослави својот 60-ти роденден.

Својата рутина ја објави на Инстаграм за која вели дека одржува одлична фигура, но дури и самата призна дека понекогаш претерува.

„Само што го прославив роденденот... Не ми се допаѓа кој број беше, но немам избор“, почна со овие зборови во видеото снимено во теретана. Кокс рече дека треба да дадете сè од себе, а рутината за вежбање која таа им ја претстави на своите следбеници вклучуваше вежби за раце, влечење, вежби за гради, стомачни мускули и кардио.

Кортни носеше црн спортски градник и хулахопки во иста боја кои ја истакнаа нејзината витка фигура. Иако нејзиниот сет за вежбање е прилично стандарден, кон крајот на видеото работите се сменија. Актерката ја замени својата црна облека за вежбање за бикини и се сними како излегува од замрзнувачот.

„Што, ова ли е криотерапија? се пошегува познатата актерка. Инаку, криотерапијата или студената терапија вклучува употреба на ниски температури во медицинскиот третман и е пофалена за придобивки во намалувањето на воспалението и промовирањето на закрепнувањето. Иако на јавноста не и е познато дали Кокс тоа го прави секој ден, таа претходно објави видео на кое се обидува да влезе во ледена бања.

Кокс претходно изјави за „Glamour“ дека мислела дека ќе го мрази трендот на велнес, но го засакала со текот на годините. „Се чувствувам одлично со часови по влегувањето во замрзнувачот“, објасни таа и додаде: „Колку и да се плашите да влезете, знајте дека потоа ќе се чувствувате многу добро“. Таа истакна дека го сака напливот на допамин што го добива кога влегува во замрзнувачот.

Извор: Индекс.хр

Алиев: Азербејџан би можел да извезува гас преку Украина

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска дека Украина и Европската унија се заинтересирани Азербејџан да ја снабдува Европа со природен гас преку Украина oткако ќе истече постоечкиот договор со Русија на крајот на годината.

„Продолжуваат разговорите со властите во Украина и ЕУ, како и со Русија, и се чини дека сите страни се заинтересирани за продолжување на снабдувањето. Ќе помогнеме ако можеме“, рече Алиев на прес-конференција, пренесе Блумберг.

Тој посочи дека производството на гас во неговата земја ќе се зголеми благодарение на новите и постоечките проекти во Каспиското Море. Во 2022 година, Азербејџан потпиша меморандум за разбирање со Европската комисија со намера да го удвои извозот на гас во Европа на 20 милијарди кубни метри до 2027 година.

„Земјата се движи кон целта. Извозот во Европа ќе се зголеми на близу 13 милијарди кубни метри оваа година од 11,8 милијарди кубни метри во 2023 година и осум милијарди кубни метри во 2021 година. Испораките ќе се испраќаат преку т.н. Јужен гасен коридор што го поврзува Азербејџан со Европа преку Грузија и Турција“, рече Алијев./MИА

Норис стартува прв на Хунгароринг

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Унгарија, откако постави најбрзо време во квалификациите благодарение на кругот што го извозе за 1:15.227 минути.

Првиот стартен ред го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри со заостанување од 0,022 секунди. Трет трката ќе ја започне актуелниот шампион Макс Верстапен, кој беше за 0,046 секунди побавен од возачот на Мекларен.

Исходот од квалификациите го реши несреќата на Јуки Цунода на две минути пред крајот. Возачот на РБ малку пошироко излезе од свиокот 3, помина преку тротоарот, „скокна“ во воздух и нанесе штета на својот автомобил, како и појавата на црвени знамиња.

Трката на Хунгароринг е закажана за в недела во 15 часот./МИА

притисни ентер