Собрание-Средба Џафери-Лилуашвили

На денешната средба со новоименуваната амбасадорка на Грузија, Н.Е. Тамара Лилуашвили, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, изрази надеж дека по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Грузија и Република Македонија во 2019 година, конечно ќе почнеме интензивно да работиме на планот на унапредување и интензивирање на билатералната комуникација и политичка соработка на сите нивоа. Во таа насока, тој искажа задоволство од тоа што во Парламентот на Грузија е формирана тричлена Парламентарна група за соработка со нашето Собрание и потенцираше дека во скоро време ќе одговориме реципрочно и ние на овој чин.

Претседателот на Собранието Џафери го поздрави предлогот за потпишување на Спогодба меѓу двете влади за взаемно укинување на визниот режим за носителите на биометриски патни исправи и изрази надеж дека во најскоро време ќе биде потпишана и ратификувана оваа Спогодба и тоа ќе претставува убава можност за подобра комуникација и соработка меѓу двете земји. “Ме радува тоа што наредниот месец во официјална посета во Република Македонија ќе дојде Грузиската претседателка и тоа ќе биде одлична прилика за почеток на взаемната политичка соработка на највисоко ниво,“ нагласи претседателот Џафери.

Новоименуваната амбасадорка на Грузија, Н.Е. Тамара Лилуашвили се заблагодари на можноста за средба со претседателот на Собранието и нагласи дека и претставува чест и задоволство што е именувана како прва амбасадорка на Грузија во Република Македонија. Во таа насока, таа изрази увереност дека во периодот пред нас ќе се создадат услови за отворање и на резидентни амбасади во двете земји, со што нашата дипломатска комуникација постепено ќе се интензивира и ќе биде на посакуваното ниво.

Амбасадорката на Грузија, упати и официјална покана од името на претседателот на Грузискиот парламент, г. Арчил Талаквадзе, до претседателот на Собранието Џафери, за официјална посета на Грузија во наредниот период. Исто така, од страна на нејзината екселенција беше искажана благодарност за нашата поддршка кон Грузиската резолуција во 2009 година за “Статусот на внатрешно раселените лица и бегалци од Абхазија, Грузија и регионот на Јужна Осетија“. Таа додаде „Ви честитаме за вашето членство во НАТО и Ве поддржуваме на патот кон ЕУ!“

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер