Со посебни единици на затворската полиција ќе се става ред во затворите

До крајот на месецот ќе почне да функционира посебна единица на затворската полиција со цел одржување на ред во установите. 

Безбедноста на затворите се префрла во раце на интервентна затворска единица. Македонските затвори се преполни со затвореници од висок ризик и за таа цел е формирана интервентна единица составена од затворски полицајци подготвени да се справат со безбедносните ризици. Првиот човек на управата за извршување сакнцкии Александар Пандов вели дека причина за дефицит на затворската полиција е тоа што полицајците ги напуштале работните места токму од безбедносни причини и уверува дека сега таа пракса ќе биде прекината.

„И во моментот во Македонските затвори, има затвореници, не од висок -од многу висок ризик, а најавата е дека и во идниот период ќе додјат нови такви затвореници. Не велам дека затворската полиција не е обучена да се справува со нив, меѓу тоа верувајте се работи за многу опасни луѓе. Од друга страна оваа група на луѓе е подготвена да работи со нив, со тоа што бројката на тие момци е релативно мала и планирам да ја триплирам таа бројка ако можам. Според мене тие ќе бидат главниот столб за справување со таков тип на затвореници кои пак претставуваат жаришта и ги прават најголемите проблеми во Македонските затвори.“

Оценката е дека недостасуваат главно околу 450 вработени во македонските затвори, 300 затворски полицајци како и персонал во правниот дел, финансии, во човечки ресурси и деловите на затворите за ресоцијализација. Пандов реагира дека затворската полиција нема униформи, ниту основни ресурси за работа, е не се задолжени ниту со оружје. Тој најави дека од 7 до 10 октомври во Македонија ќе се состанат со претставници на Европскиот Комитет за превенција од тортура со цел да се деблокираат средствата за втората фаза односно изградба и пуштање во функција на современо притворско и затворено одделение во затворот „Идризово“. Со цел да се заштедат средства, неопходно е и да се стави во полна функција современата судница во склоп на КПУ „Идризово“, вели Пандов.

„Сѐ ќе направиме да ги увериме и да ги одмрзнат средствата за веќе на почеток на следната година да распишеме тендер и сум оптимист дека до крајот на мандатот ќе биде изградена втората фаза. Се работи за специфични објекти кои што не може да се изградат за неколку месеци, тоа е меѓународен тендер и меѓународни компании се способни да изградат таков тип на градби.“

Според директорот на Управата за извршување на санкции, работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците. Само во мал број на затворите има фарми каде одреден број затвореници се ангажирани, а најголем дел од земјиштата стојат неискористени. Тој најави веќе се координира со директорите и нивните заменици да го зголемат работното ангажирање на затворениците, бидејќи од околу 2400 лица, само 100-тина се работно ангажирани. Пандов рече дека ќе иницира измени во делови на законот за извршување на санкции, со цел да се подобрат состобите во затворите, а затворениците полесно да ја мунуваат ресоцијализацијата. Како пример ги посочи Франција и Грција дека во тамошните затвори за три дена работа, се добива два дена намалување на затоврската казна, доколку затвореникот одбие работно да биде ангажиран- да нема никакви погодности.

За лошата слика во затворите сведочи и фактот дека околу 200 затвореници се евидентирани дека се во бегство. Последно двајца осуденици едниот на 33, другиот на 274-годиншна возраст барани со потерница беа вратени во Идризово за доиздржување на казните. Пред една година беа откриени два тунела кои сведочеа за планирано филмско бегство на непознат број затвореници од најголемиот македонски затвор.

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер