Со минута молк болните од цистична фиброза пред Владата се збогуваа од Благојче

Со едноминутно молчење, членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза пред Владата денеска се збогуваа со починатиот Благојче Илиевски, кој не го дочека лекот Трикафта...

Смртта на 45-годишниот Благојче „ги разбуди“ надлежните. Иако ниту премиерот Димитар Ковачевски, ниту Министерот за здравство Беким Сали не кажаа дека се чувствуваат одговорни за загубениот живот на првиот пациент со цистична фиброза, ден откако тој почина, се знае и од каде ќе се најдат пари и кој првично ќе ги набави терапиите за оние што се на кислородна поддршка. За седум пациенти, Фондот за здравствено осигурување со ребаланс оддели 2,2 милиони евра за Клиниката за детски болести, која, како што посочија надлежните, со интервентна постапка, ќе го набави лекот. Првпат пациентите се сретнаа и со првиот човек на Владата, Ковачевски, кој, како што кажаа од Асоцијацијата за цистична фиброза, им ветил и програма за набавка на „Трикафта“ за наредните три години.

Премиерот Ковачевски пред да се сретне со пациентите, изјави дека вината за тоа што Благојче не го дочека лекот е во бирократија поради која Македонија патела 30 години. Кажа оти лично се заложил за итните набавки, а одговорност побара и од Министерот Сали, па го праша...

Сали, пак, на фејсбук посочи дека преку трагедија се прави евтин трик за политички поени, а на прашањето одговори со контра прашање.

Дали некој, кој и покрај барањето на МЗ, не одобрил средства за лек на пациенти, смета дека може да си го продолжи мандатот? Би можеле да прашуваме и дали премногу време и внимание се потроши на коалициски преговори, додека пациентите чекаа. Инаку пациентите со цистична фиброза, нивни блиски и родители на деца со ова заболување, додека во Битола траеше погребот на Благојче, пред Владата, со цвеќе, очи полни солзи и едноминутно молчење за последен пат се збогуваат од својот соборец.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

Папата Франциск испрати сочуство по повод трагедијата во Кочани

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.

Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

Тој исто така увери дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.

притисни ентер