Со измени на Законот за легализација на дивоградби се продолжува неговата важност за уште 5 год

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

Со измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, којшто заклучно со вчера беше во сила десет години, треба да се овозможи негово продолжување уште пет години за да може општините да постапуваат по нерешените предмети за легализација. Тие законски измени се на дневн ред на денешната 34. седница, но за нив Парламентот ќе расправа откако ќе поминат во надлежните комисии. Во собраниска процедура е и новиот предлог закон за легализација на дивоградби со којшто се овозможува легализирање на вакви објекти, со одредени исклучоци, но со плаќање 50 проценти од износот на комуналиите.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски деновиве бара начин за легализација на бесправните објекти.

-Вчера истече рокот, има граѓани кои не успелае да соберат 50 евра за да направат елаборат и не успеале да ги легализираат нивните објекти, тоа е нивниот дом и сега немаат начин, остануваат дивоградби. Државата не треба да урива затоа што тоа е материјално добро и пред се, на најсиромашните. Ако не го продолжиме законот, еве заглавен е, навистина никој нема придобивка од тоа, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по почетокот на изградба на далекуводот Штип-Овче Поле.

Според министерот Бочварски, целта со новиот закон е да престанат нелегалните градби и процесот на градење да се одвива во редовни постапки.

-Новиот закон за бесправно изградени објекти којшто е во собраниска процедура е покренат од градоначалниците и со него сите плаќаат 50 проценти плус на комуналиите, со што секој оној којшто изградил бесправно, а ќе се вклопи во идниот развој на плановите ќе плати 50 проценти од износот на комуналиите како пенали со цел да го натераме народот да престане да гради нелегално, туку да оди во редовните процедури и постапки, рече Бочварски.

Важно е дека со овој закон решаваме клучни и главни инфраструктурни прашања и проекти на државата, далекуводи, гасоводи, водоводи и различни објекти што биле изградени одамна со сите процедури, но не се впишани во Катастарот. Овој закон треба да помине токму поради продолжување на постапките и процесите во државата, истакна Бочварски.

Во однос на станбените згради, тоа што беше одреден недостаток во претходниот закон, како што појасни, сега решението во новиот закон е дека нема да може да се легализираат големи станбени единици, со цел да не се наруши целиот простор и урбаното живеење во државата. Ова е една од придобивките со кои ќе ги запреме сите овие големи гломазни процеси кои беа во тек со претходниот закон, но сакаме заради решавање на важни прашања за граѓаните и за државата да продолжи овој нов закон за бесправно изградени објекти, изјави министерот Бочварски.

Од 2011 година кога почна процесот, досега се легализирани 265.264 бесправно изградени објекти.

Со Законот за легализација чија важност истече вчера можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во роковите што се продолжуваа во два наврати беа поднесени 430 илјади барања за легализација. Новиот предлог закон, пак, се однесува за дивоградби за периодот од март 2011 до октомври минатата година, со исклучок на дивоизградените згради, надградбите на зградите, проширените тераси, како и дивоградбите во заштитеното подрачје на Охридскиот регион.

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море, соопшти морнарицата

 Неколку руски воени бродови поминаа низ теснецот Баб ел Мандеб во Црвеното Море и покрај нападите на јеменските борци Хути врз трговски бродови, соопшти руската Пацифичка флота.

Телевизискиот канал „Ѕвезда“ управуван од Министерството за одбрана ја цитираше морнарицата дека рускиот крстосувач „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“ биле меѓу бродовите што навлегле во Црвеното Море.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

притисни ентер