Со дронови и хеликоптери се гасне пожарот на воениот полигон „Пепелиште“

Со дронови и хеликоптери се гасне пожарот на воениот полигон „Пепелиште“

Екипите од утрината се борат со огнените јазици, кои направиле 10 километарски огнен фронт. Најсериозен проблем претставува непристапниот терен на планината Серта. Токму поради тоа, покрај гаснење со пешадија, екипите веќе дејствувале и со воздушна поддршка.

Од ЦУК апелираа до градоначалниците низ земјава, да покажат солидарност во вакви ситуации, и заеднички да се борат со пожарите кои се присутни во земјава,.

И покрај тоа што како што додаваат од ЦУК, ситуацијата со пожарот кај Пепелиште засега е под контрола, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов, преку социјалните мрежи повика на претпазливост.

Тој побара од жителите кои живеат во околните население места каде што е пожарот, да ги напуштат домовите и викенд-куќите. Стојанов исто така, алепира да се активираат доброволните противпожарни друштва од Неготино и Демир Капија.

Инаку, во последното деноноќие имало 17 активни пожари, од кои само три се активни. Тој кај Пепелиште и Вошјанци, каде што гори ниска вегетација и шума, и пожари во велешко и струмичко.

За тоа дека летово треба да бидеме претпазливи особено низ шумските предели, деновиве алармираа и од Националниот парк Шар Планина. Оттаму потсетија дека палењето оган, правењето скара и отпушоците од цигари можат да бидат фатални за шумскиот фонд, но и сериозна опасност за шарпланинските села.

Министрите Тошковски и Дачиќ во посета на ГП Табановце, во рамки на кампањата „вози одморен“

Возачите да внимаваат на себе да одмараат, да консумираат вода и течности да се заштитат себеси и останатите учесници во сообраќајот, порачаа денеска надлежните од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најголем број сообраќајни несреќи се случуваат во летниот период, поради уморот како последица од повеќе часовното возење. За да ја зголемат свеста кај возачите од опаснсота да се вози изморен, денеска на граничниот премин Табановце беше промовирана кампањата „Вози одморен“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повика најави воведување на олесните мерки за побрз проток на возилата на граничните премини, но не сакаше да прецизира од кога ќе стапат на сила.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ напомена дека заложбите на Србија е да се олесни протокот на возила на граничниот премин со Македонија, но секогаш има оправдани стравувања дека истите олеснувања можат да се злоупотребат за шверц и миграција.

Граѓаните кои ги затекнавме на Табановце не се жалеа на метежот. Рекоа дека за влез во Македонија се чека околу 15 минути.

По промоцијата на кампањата, министерот Тошковски замина во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Кербер ќе се пензионира по Олимпијадата

Поранешната светска тенисерка број еден, Германката Анџелик Кербер ќе се пензионира по Олимписките игри во 2024 година во Париз.

- Пред почетокот на Олимпијадата, веќе можам да кажам дека никогаш нема да го заборавам овој турнир, бидејќи ова ќе биде мојот последен професионален како тенисер. Го сакам овој спорт со целото мое срце и благодарен сум за спомените и можностите што ми ги даде. Како дете можев само да сонувам да пораснам со рекет во раце и да го достигнам ова ниво. Сега ќе одвојам време да ја впијам секоја секунда од најновите натпревари на теренот. Ви благодариме на сите за поддршката. Таа ми значи многу, напиша Кербер на социјалните мрежи.

Триесет и шестгодишната Кербер има освоено 14 ВТА титули во сингл.

Таа, исто така, освои сребро на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро и стигна до финалето на Фед купот (2014) како дел од германската репрезентација.

Министерот за здравство Арбен Таравари негира дека имало неправда кон медицинската сестра

Ниту денеска кога ја посети Детската клиника министерот Таравари не се сретна со медицинската сестра за лично да се информира околу наводниот случај на повредено бебе на оваа клиника. 

Случајот заврши со помирување помеѓу Медицинската сестра и родителите на тримесечното бебе, а интересот во јавноста за него се изгуби откако директорот на клиниката соопшти дека комисијата утврдила дека никој немал намера да му се нанесат повреди на детенцето, какви што беа првичните обвинувања. Таравари кој првично порача доколку има вистина во пласираните информации ќе следуваат санкции, негира дека имало неправда кон сестрата

-Дека сме ја оцрниле сестрата, не е вистина. Јас се надевам дека сестрата ќе ја сретнам на работа кога ќе дојдам четврт пат на Клиниката и ќе разговарам со нејзе. Сега имам доволни информации и гледам дека, најверојатно не е намерно,- изјави, Арбен Таравари – министер за здравство.

Откако владата одлучи да се вработат 600 приватни специјализанти во болниците, министерот истакна дека нивните вработувања ќе одат етапно.

-Од вкупно 647 специјализанти, 300 ќе бидат вработени оваа година. Сега треба да поставиме критериуми и треба да побараме каде има интерес во јавните здравствени установи. 300 други ќе останат за идната година,- изјави, Арбен Таравари – министер за здравство.

Инаку, причина за посетата на Таравари во Клиниката за детски болести беше комплетно реновираната невролошка амбуланта, која според министерот за здравство ќе резултира со поефектна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти.

За таа цел, обезбеден е и нов апарат – ехосонограв, кој овозможува квалитетна, навремена и точна дијагностика.

притисни ентер