Со деветгодишно задоцнување, во Берлин е отворен новиот аеродром (ВИДЕО)

Со деветгодишно доцнење и по бројните скандали,денеска беше отворен централниот берлински аеродром именуван по поранешниот градоначалник на Берлин и германскиот канцелар Вили Брант.

„Денес нема да зборуваме за пари, денес нема да правиме шеги“, рече на отворањето сојузниот министер за транспорт, Андреас Шеуер, алудирајќи на низата скандали кои повеќепати го откажуваа отворањето на Централниот аеродром во Берлин и предизвикаа трошоци што се зголемија од првичните две на над шест милијарди евра.

Шеуер исто така им се заблагодари на вработените на вториот берлински аеродром Тегел, што под тешки услови ја продолжи својата работа уште неколку години, поради проблемите со новиот аеродром.

„Дека успеавте да се грижите за толку многу патници во овие услови се граничи со чудо“, рече Шеуер.

Берлин Тегел треба да ги затвори вратите на 8 ноември, а другиот активен берлински аеродром Шенефелд, лоциран веднаш до новиот и кој некогаш служел како главен меѓународен аеродром на ГДР, бидејќи терминалот 5 ќе работи како дел од новиот аеродром како терминал за нискобуџетни компании.

Третиот, најстариот аеродром Темпелхоф, лоциран среде град, беше затворен во 2008 година.

Одлуката за новиот аеродром била донесена во 2006 година, а градбата беше проследена со проблеми уште од самиот почеток, така што во пресрет на планираното отворање во 2011 година, била одбиена дозволата за употреба поради неуспех во градежништвото и противпожарната заштита.

Луфтханза и британската нискобуџетна компанија Изи Џет први слетаа на новиот аеродром со почесни гости. Првиот авион со патници треба да полета утре.

Премиерот на сојузната држава Бранденбург, Дитмар Воидке, изрази надеж дека со отворањето на новиот аеродром, Берлин и неговата околина конечно ќе станат интерконтинентален центар како што се аеродромите во Франкфурт и Минхен.

Централниот аеродром во Берлин, скратено БЕР, се отвора во услови на најголема повоена криза во воздушниот сообраќај предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Само околу пет илјади патници на ден се очекува да бидат испратени во наредните недели. Во споредба со декември минатата година, авиосообраќајот во Берлин е намален за 70 проценти.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва

Почина уште едно повредено лице кое беше во критична состојба по нападот пред една недела во Москва, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Така, бројот на загинатите во терористичкиот напад што се случи на 22 март во концертната сала „Крокус сити хол“ се зголеми на 141, а уште неколку повредени се во тешка здравствена состојба.

Министерот рече дека починатиот пациент имал сериозни прострелни рани, јавија руските медиуми.

притисни ентер