Со авион на „Ер Србија“ пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник“

Со авион на „Ер Србија“на скопскиот аеродром пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник“... Ги пречкаа министерот за здрваство Венко Филипче и рускиот амабсадор во земјава Баздникин... 

Од Москва до Белград преку посебен DHL лет, а од таму до Скопје со редовна линија на Air Serbia. 3000 вакцини на Спутник В стасаа на македонско тло во точно 14 часот и 16 минути.

Со возило за истовар внимателно беше крената големата сина кутија која заврши во комбе на Трансфузиологија и под полициска придружба замина кон поликлиниката Јане Сандански каде и ќе се чуваат вакцините.

Наменети се за 3000 лица како прва доза. Мал дел од нив ќе прими медицинскиот персонал кој не стигна да се вакцинира со српската донација од "Фајзер", а другите се за лицата над 70 години со хронични болести. Дозите за ревакцинација, пак, се со поинаков состав и треба да пристигнат, како што кажа министерот Филипче, за три недели.

На скромниот пречек за вакцините чии преговори почнаа најдоцна а сепак стигнаа први беше и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин. Изрази надеж дека овие вакцини ќе помогнат во спасувањето на многу животи.

Имунизацијата со руската вакцина почнува в среда. Матичните лекари ќе ги известуваат своите пациенти за редот на вакцинирање. Токму возрасните над 70 годишна возраст кои дојдоа на ред за вакцинирање според националниот план се најмалку заинтересирани за КОВИД имунизација – од околу 170.000 лица на оваа возраст, се пријавиле само 35 отсто.

Инаку земјава со Русија има склучено договор за набавка на 200.000 вакцини. До крајот на месецов се очекуваат и 21.000 вакцини од директните преговори со „Фајзер“. За кинеските „Синофарм“, пак, здравствените власти рекоа дека документацијата е подготвена но не кажаа ниту колкава ќе биде првата пратка ниту кога ќе пристигне.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер