Донесени се измените на Законот за сообраќај , возачките ќе важат до крајот на 2024.

Собранието попладнево, со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Собранието попладнево, со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.

Законските измени се на предлог на пратениците Никола Мицевски, Мартин Костовски, Вјолца Адеми, Аднан Незири, Димитар Апасиев и Павле Трајанов.

Како што истакна истакна координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски, образложувајќи ги предложените измени, целта е изнаоѓање брзо решение во интерес на граѓаните и нивно ослободување од дополнителниот притисок околу вадењето на личните документи.

-Преку меѓусебен консензус, сите координатори на партиите дојдоа до заедничко решение, на оваа седница да предложат измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка. Се работи за мали измени, односно одредбата во која стои 12 февруари 2024 (денес), се менуваа со 31 декември 2024 или до крајот на годината.

Сметаме дека ова законско решение ќе овозможи намалување на долгите редици чекања. Со оглед на кратките рокови и непознаниците кај граѓаните, би апелирал до политичките субјекти во и надвор од Собраниоето, да не ја злоупотребуваат темата зашто во овој момент треба да се најде брзо решение за личните документи на граѓаните, нагласи Мицевски.

За збор, пред гласањето, се јавија пратениците Бејџан Иљаз од Демократската партија на Турците, Димитар Апасиев од Левица и Гордана Сиљановска-Давкова, независен пратеник.

Иљаз укажа дека се прави дискриминација врз труската заедница која, објасни, за лични документи треба да аплицира на други јазици, а не на труски. Тој побара од надлежните институции да преземат иницијатива за итна набавка на пасоши на турски јазик и да ја исправат, како што рече, неправдата кон Турците во земјава.

Според него, во декември ќе треба повторно да се носи ист ваков закон. Сиљановска-Давкова оцени дека и Грција и ЕУ го кршат Преспанскиот договор.

Добитник на Нобеловата награда предупредува: Ни нема спас од вештачката интелигенција

Американскиот физичар Џон Хопфилд и пионерот на вештачката интелигенција Џефри Хинтон ја добија годинешната Нобелова награда за физика.

Хинтон, често нарекуван „кум на вештачката интелигенција“, ја напушти својата позиција во Google за да го предупреди светот за потенцијалните опасности од вештачката интелигенција.

Работата на Хинтон од 2012 година ја постави основата за денешните невронски мрежи, кои напојуваат технологии како GPT-4, но тој го напушти Google во 2023 година, изразувајќи загриженост за развојот на вештачката интелигенција.

Во интервју за Њујорк Тајмс минатата година, Хинтон призна дека некогаш верувал дека Google може правилно да управува со овие моќни технологии, додека Мајкрософт не се здружи со OpenAI, носејќи ги GPT-4 и ChatGPT на пошироката публика, пишува Futurism.

Предупредување на Хинтон: „ВИ е многу поблиску отколку што мислиме“

Пред да го напушти Гугл, Хинтон предупреди дека светот се соочува со клучен момент во развојот на вештачката интелигенција. Иако претходно мислеше дека опасностите се далеку, денес целосно се предомисли. Како што рече, верувал дека предизвиците на вештачката интелигенција се од 30 до 50 години, но сега е сигурен дека вештачката интелигенција се развива побрзо отколку што некој може да ја контролира.

Откако го напушти Гугл, тој се приклучил на група експерти, меѓу кои и Илон Маск, кој потпиша отворено писмо во кое повикува на привремено запирање на развојот на технологиите за вештачка интелигенција. Хинтон сега верува дека вештачката интелигенција може да ја избегне човечката контрола во секој момент, што може да доведе до катастрофални последици.

На прашањето на Нобеловиот комитет за понатамошната судбина на вештачката интелигенција, Хинтон искрено рече дека нема едноставно решение. „Посакувам да имав рецепт што ќе нѐ спаси сите, но за жал, немам“, изјави тој.

Најмалку пет жртви од ураганот „Милтон“ што ја пустоши Флорида (ВИДЕО)

Потврдена е смртта на пет лица во Св. Луси,изјави гувернерот на  Флорида, Рон Де Сантис, на прес-конференција заедно со шерифот Кит Пирсон.

Округот претходно потврди четири смртни случаи откако торнада ја зафатија областа пред пристигнувањето на ураганот Милтон. Се уште не е прецизирана причината за петтата смрт.

Петтото лице кое почина е пронајдено во областа на шпанските езера, истиот дел од округот каде првично биле потврдени четири смртни случаи, рече Пирсон.

Си-Ен-Ен, исто така, јавува дека повеќе од 100 куќи биле значително оштетени во Св. Луси.

Научниците во чудо: Еден ги пустоши САД, а два урагана тргнаа кон Европа (ВИДЕО)

Претходните денови над Атлантскиот Океан се формирале дури три урагани.

Над Мексиканскиот залив се формирал ураганот Милтон, кој набрзо прерасна во катастрофална бура од петта категорија, а потоа ја погоди Флорида како бура од трета категорија.

Таа со својот периферен дел синоќа веќе стигна до Флорида, а нејзиниот центар денеска паѓа и се заканува да го уништи централниот и западниот дел на оваа сојузна американска држава и поширокото подрачје на градот Тампа.

Се очекуваат ветрови од 200 км/ч, над 350 литри дожд и плимни бранови високи неколку метри кои се закануваат да поплават сѐ пред себе.

Во исто време, синоќа екс ураганот Крик ја погоди Западна Европа и се заканува да донесе поплави во Франција, а силни и бурни ветрови се до Германија и Данска.

Овој сега главно поранешен ураган се формира над средината на Атлантикот и зајакна до ураган од четврта категорија. За среќа, во ниту еден момент не му се закануваше на американското копно, а веќе стигна до европското копно како екстратропски циклон.

Во моментов има уште еден ураган над средината на Атлантикот, наречен Лесли, кој ќе зајакне до бура од втора категорија со ветрови од 180 км/ч на патот преку отворен океан. Нема да му се заканува ниту на американското копно, а на пат кон североисток постепено ќе слабее кон Азорските острови, што ќе донесе силен ветер, високи бранови и обилни врнежи, но не и уништување и големи последици.

Ќе стигне до овие острови за време на викендот многу ослабен како поранешен ураган.

Потоа дополнително ќе ослабне на својот пат кон Португалија и југозападна Европа, но како екстратропски силен циклон ќе донесе обилни врнежи од дожд и бурни ветрови и многу високи бранови во крајбрежните области.

Сезоната на урагани во Северен Атлантик трае од јуни до ноември, а нивниот врв се случува во просек во текот на септември. Овогодинешниот септември донесе голем, моќен ураган Хелена од Мексиканскиот Залив што ги опустоши северозападна Флорида и југоисточна САД, при што загинаа над 230 луѓе.

За да се формираат ураганите и да бидат развиени и интензивни, мора да постојат неколку услови, а еден од нив е многу топла океанска вода, најмалку 26-27 степени, додека во Мексиканскиот залив во овој дел од година.

Научниците се навистина изненадени што истовремено се активни три силни урагани, од кои едниот изгубил карактеристики на ураган на пат кон Европа, но не и на силна бура.

Ураганите и тропските бури генерално се движат од исток кон запад, односно кон американското копно, каде често прават пресврт и како силни екстратропски циклони стигнуваат до северозападна Европа со силни западни струи.

Крик и Лесли се урагани кои нема ни да се упатат кон Америка, туку веднаш направија пресврт кон европското копно, но за среќа нема ни да стигнат до нив како урагани, пред сѐ затоа што температурите на водата на Атлантикот се многу пониски, а тие се на прилично голема географска широчина.

Патем, не е изненадување што ураганите од тропскиот Атлантик стигнуваат до Европа, каде што можат да бидат погодени области од Португалија и Шпанија до Франција, земјите од Бенелукс и Британските острови и Ирска до Скандинавија и Исланд.

За среќа, овие појави се многу ретки.

Не толку одамна, моќен ураган од тропскиот Атлантик како бура од прва категорија се урна директно во Ирска.

притисни ентер