Со 160 балони прелетал 12 километри над Атланскиот Океан

Јужноафриканецот Мет Силвер-Валенс успеа, закачен за 160 балони наполнети со хелиум, да прелета десетина километри над Атланскиот Океан. Летот на овој 37-годишник од островот Робен до Кејптаун, траел еден час на просечна височина од околу 200 метри.

При слетувањето, кое поради поголема безбедност е извршено во вода, 400 метри од брегот, му помогнале спасувачи кои цело време го следеле со брод.

Силвер-Валенс во оваа авантура се впуштил надевајќи се дека ќе собере милион долари, колку што се потребни за изградба на педијатриска болница во Јоханесбург.

- Мојата главна цел не е да летам со помош на балони, туку да ги мотивиран луѓето ширум светот да донираат средства во фондот за изградба на детска болница која ќе го носи името на Нелсон Мандела - изјави храбриот Јужноафриканец.

притисни ентер