Снимки од моментот на експлозијата во Бејрут

Снимките од денешната експлозија во Бејрут го заобиколија светот.

Ваква несреќа не очекува никој, па не очекувале ни жителите на Бејрут.

Овие снимки покажуваат како секојдневието на овие луѓе се менува за една секунда и се претвора во паника и шок.

#beirut #prayforbeirut🇱🇧 #libanon🇱🇧

A post shared by Explosion en Beirut el Libano (@beirut.explosion) on

#beirut #prayforbeirut🇱🇧 #libanon🇱🇧

A post shared by Explosion en Beirut el Libano (@beirut.explosion) on

Со стручно предавање во Вила Водно одбележан Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест

 Во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. 

По повод одбележувањето на Светскиот ден на борба против Алцхајмеровата болест, вчеравечер во кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа стручно предавање од областа на медицината чија цел е подигнување на свеста за постоењето на Алцхајмеровата болест преку едукативни предавања.

На настанот, што е дел од иницијативата на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска за трансфер на знаења и размена на идеи и искуства со младите кои студираат на факултетите од областа на медицинските науки, присуствувал министерот за здравство Венко Филипче, студенти од Медицинскиот факултет, млади лекари и специјализанти.

-На тема „Алцхајмерова болест-тивка епидемија на 21 век" предавање имаше асист. д-р Габриела Новотни, од Медицинскиот Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј", која за Алцхајмеровата болест рече дека полека, но, сигурно станува тивка епидемија на 21. век. Според Новотни, во светот има околу 50 милиони заболени од оваа болест, а до 2050 година се очекува оваа бројка да се триплира. Таа истакна дека со оглед на тоа дека се идентификувани ризик факторите кои се типични кај нашата популација, треба да се направи чекор понатаму кон превентивна стратегија или истата да се вклопи во идна национална стратегија за превенција на деменцијата, се вели во соопштението од кабинетот на Претседателот.

За врската помеѓу Aлцхајмеровата и парадонталната болест со свое предавање на настанот учествуваше и проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот на Стоматолошкиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј". – Ако тргнеме од ставот дека превенцијата на пародонталната болест би можела да го намали ризикот од деменција, доаѓа и сугестијата дека воведување на здрави навики уште во најрана возраст можат да помогнат во одложување на почетокот на Алцхајмеровата болест, истакна проф. д-р Митиќ.

Оваа иницијатива која започна во февруари годинава, со предавањето на министерот за здравство, Венко Филипче од областа на неврологијата, а реализирано во канцеларијата на Претседателот, МладиХаб продолжи минатиот месец во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија со стручното предавање на сопругата на Претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на тема: „Симплифицирана 3D визуелизација: µCT евалуација in vitro и in vivo".

На предавањата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица бидејќи тие се од отворен тип и се корисни за сите идни медицински работници овозможувајќи им преку директен контакт и разговор да добијат одговори на прашања кои останале неодговорени, како и можност за покренување на нови иницијативи. Воедно, оваа иницијатива на студентите и младите лекари им овозможува да се запознаат со вредни трудови на стручњаци од областа на медицината и надвор од нивните специјализации и просториите на факултетот.

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење

 Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат последните анализи на Секторот за санитарна контрола.

Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, анализите се направени од 14.09.2020 до 18.09.2020. Земени се 192 примерока за физичко-хемиска и 192 примерока за микробиолошка анализа од 48 мерни места во Град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, наведува ЈП Водовод и канализација.

СДСМ: Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто,продолжува трендот на раст на платите

Просечната плата во јули е зголемена за 8,5 отсто, со политиките и мерките на СДСМ продолжува трендот на раст на платите

Политиките на СДСМ во интерес на граѓаните и на стопанството, како и ефикасните и навремени антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ и во време на пандемија доведоа до раст на просечната плата во Република Македонија.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули оваа година, изнесува 27.867 денари.

Просечната плата во држвата, и во услови на кризата предизвикана со пандемијата со коронавирусот е за 8,5 отсто повисока во однос на јули 2019 година.

Од јуни 2017 година, кога на чело на Владата застана СДСМ просечната плата во државата порасна за 4.423 денари.

Заложбите на СДСМ за иновативна, конкурентна економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, како и помош и поддршка за зачувување на работните места, и за фирмите и граѓаните погодените со кризата го поттикнуваат трендот на раст на платите.

СДСМ покажа како вистински и домаќински се работи во интерес на граѓаните, на економијата и така ќе продолжи и во следниот четиригодишен мандат до 20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата.

СДСМ

притисни ентер