Снегот во Кичево и околината не предизвикува проблеми во сообраќајот

Од синоќа во Кичево наврнаа петнаесетина до дваесет сантиметри снег. Врнежите се со променлив интензитет. Сообраќајот се одвива без проблеми.

На коловозите првично се формира снежна покривка, но по интервенција на комуналната служба и ангажираните фирми што излегоа на терен и фрлија сол и песок, главните сообраќајници во градот се исчистија и сообраќајот по нив се одвива нормално.

Сообраќајни проблеми нема ниту на локалните и регионалниот патен правци Кичево- Осломеј, но и кај повисоките рурални средини, информираа Емин Насуфи од Општина Кичево. Тој додаде дека будно ја следат сотојбата и дека се подготвени за дејствување и при пообилни врнежи од снег. /МИА

притисни ентер