Снабдувањето со вода во Тетово привремено ќе биде само од едниот од двата системи - Канал 5

Снабдувањето со вода во Тетово привремено ќе биде само од едниот од двата системи

Снабдувањето со вода во Тетово привремено ќе биде само од едниот од двата водоснабдувачки системи.

Снабдувањето со вода во Тетово привремено ќе биде само од едниот од двата системи

Општина Тетово информира дека водоснабдувањето одреден период ќе се врши само со количините од стариот водоснабдителен систем, поради заматување на водата од новиот Лешнички систем. Оттаму велат дека заматувањето е последица на невремето што викендов го зафатил Шарплaнинскиот појас.

- Водата што доаѓа од изворите на Лешница е заматена и достигна ниво на загаденост над нормалата. Поради оваа ситуација, принудени сме привремено да ја прекинеме употребата на овој ресурс додека не се изврши целосното чистење, процес кој бара време. Моментално градот ќе се снабдува со вода од старите извори и оние на Попова Шапка, кои обезбедуваат проток од 350 литри во секунда. Оваа количина не е голема, но е доволна за да се излезе на крај со оваа тешка ситуација, доколку сите соработуваме и штедиме вода. Секоја капка вода што ја заштедуваме денеска е инвестиција во нашата заедничка иднина. Ова е моментот кога ние како одговорни граѓани мора да покажеме солидарност и грижа, се вели во денешното соопштение на Општина Тетово.

Новиот водоснабдувачкиот систем пред десет дена беше вклучен за потребите на градот поради намалување на обилноста на планинските извори со кои се полни стариот водоснабдителен систем. На 11 јули од Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ информираа дека од 450 литри колку што произведуваа старите извори, моментално има само 350 литри во секунда.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот.

Аксиос: Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз ајатолахот Хамнеи

Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот.

Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ракетна програма, но е против планот за соборување на Исламската Република со сила.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство врз неговата мајка

Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по лицето и телото и да ја гризе. Од зададените удари оштетената се здобила со телесни повреди.

Имајќи ја предвид, пред се, опасноста од бегство и ризикот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопшти Обвинителството.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк  денеска ќе биде отворена изложбата „Сенки“ (2025) на уметникот Стојан Павлески.

Изложба „Сенки“ на Стојан Павлески во Македонскиот културен центар во Њујорк

Проектот „Сенки“, е конципиран како колажна инсталација, која ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето кое го живее. Концептот на „Сенки“ произлегува од потребата на современото општество да се одговори на прашањето за смислата на човековото позиционирање во апокалиптичните сценарија на денешницата. Живеејќи во време на технолошка револуција и предоминатна индустриска експанзија, каде трговските војни и акумулацијата на капиталот стануваат врвен приоритет, проектот суштински го адресира прашањето за човековиот опстанок, оставен на сопствените инстикти и можеби принуден на паравоено преживување.

- Фрагментираните фотографии со воени сцени како фризови од новите пантеони на моќта и цртежите од повоениот период се судираат во концептот на Демначот на крајот соочен со псевдопотентноста на времето кое го живее. Апроприираните цртежи се критички реанимации со реконтекстуализарана порака во време кога симболиката се консумира побрзо отколку што се разбира. Нивната корелација со пластичните играчки војници и осамениот Демнач, го изнесува на површина прашањето: Што е она што се задржува на периферијата на колективната свест и дали овие духови на отпорот ги фрлаат своите сенки низ генерациите?, вели авторото Павлески.

Изложбата ќе биде отворена до 27 јуни.

Стојан Павлески е роден во 1976 година во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет и на Ликовната академија, оддел сликарство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на повеќе групни ликовни изложби во земјава и во странство. Aвтор е на проектот„Ничија земја“ (2016), претставник на 15-то Биенале на архитектура во Венеција.

притисни ентер