Сметките за струја за домаќинствата од јануари ќе бидат повисоки до 10%

Сметките за струја за домаќинствата од јануари и официјално ќе бидат повисоки, потврди министерот за економија Крешник Бектеши. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Повеќе скопски населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Божидар Аџија", од Државниот студентски дом „Пелагонија" до улицата „Димо Хаџи Димов" во општина Кисела Вода.

Во периодот од 8.30 до 15:00 часот струја ќе немаат дел од корисниците од село Зелениково, а од 8:40 до 14:30 часот корисниците од улиците „13 Август-Охридски Договор", „1633" и „Роман Каскалиев" во општина Гази Баба.

Без струја утре од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на булевар „Партизански одреди" во општина Карпош, од 9:00 до 13.00 часот дел од корисниците од улицата „Мариовска" во општина Кисела Вода, а од 11:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков" во општина Карпош.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивниот систем.

СБ одобри 30 милијарди долари за обезбедување на храна

Светска банка (СБ) соопшти дека ќе стави на располагање 30 милијарди долари за да помогне во снабдувањето со храна, што е отежнато поради руската инвазија врз Украина.

Предвидено е 12 милијарди долари да бидат наменети за нови проекти и повеќе од 18 милијарди долари од постоечките проекти за храна и исхрана кои се одобрени, но сè уште не се исплатени.

– Порастот на цените на храната има катастрофални ефекти врз најсиромашните и најранливите. За информирање и стабилизација на пазарот, клучно е сега земјите да даваат јасни изјави за идното зголемено производство како одговор на руската инвазија врз Украина, изјави претседателот на Групацијата Светска банка, Дејвид Малпас.

СБ најави и дека очекува нови проекти за поддршка на земјоделството и наводнувањето, како и за социјалната заштита, со цел да се ублажат ефектите од повисоките цени на храната врз сиромашните. Повеќето ресурси одат во Африка и Блискиот Исток, Источна Европа и Централна Азија и Јужна Азија.

Тие области се меѓу најтешко погодените од војната во Украина. Земјите како Египет се во голема мера зависни од украинската и руската пченица и се борат за снабдување затоа што Русија го блокираше извозот на украинските земјоделски производи од пристаништата на Црното Море и воведе ограничувања за домашниот извоз.

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Џафери во Берлин ќе му каже на германскиот колега дека ги пцуе вработените?

Дали Џафери во Берлин ќе му каже на својот германски колега дека ги пцуе, вреѓа и врши мобинг на вработените во собранието?

Нели му е непријатно на Талат Џафери и Димитар Ковачевски кога одат во земјите од ЕУ и нашите стратешки сојузници, каде моралните вредности се на највисоко ниво, и дали не се срамат дека тие дознале за нивниот примитивизам?

Како се чувствува Џафери кога зборува за човекови права, демократија и етички кодекс, а тој самиот е причина за трауми на десетици вработени во собранието?

Џафери ја срами Македонија, и позицијата која ја држи.

Талат Џафери по доаѓањето од Берлин треба да си поднесе оставка, а доколку тоа не го стори истото од него да го побара Димитар Ковачевски. Доколку и Ковачевски продолжи да релативизира, тој треба да знае дека народот го гледа и него како одобрувач на односот на Џафери, но и отворено ќе се сомнева јавноста дека односот на Џафери, е и однос на Ковачевски со неговите вработени.

Примитивизмот на оваа власт е исто така една од причините зошто ни се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер