Случајот „Плацови на Водно“ продолжи со сослушување на сведоци

Конкретно за оваа фирма се сеќавам дека Министерството склучи договор за градба на Водно. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Бислимовски: Загубите на вода до 60 отсто, да се објасни за што се троши секој денар

Загубите на вода до 60 отсто, да се објасни за што се троши секој денар и колкави се инвестициите во комуналните претпријатија.

Последните податоци покажуваат дека немаме однос кон водата како природен ресурс и загубите на национално ниво достигнуваат до 60 отсто поради лошата инфраструктура и поради отсуство на инвестиции на јавните претпријатија. Секој пат кога се определува опсег на тарифа, советите на општините најчесто ја одбираат тарифата во чија структура степенот на инвестиции е на најниско ниво и подразбира базично одржување на мрежата, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски кој заедно со колегите од регионот и ЕУ потпиша Меморандум за соработка во областа на водните услуги.

Ова, оцени Бислимовски, е проблем со кој се соочуваат сите во регионот.

-Неопходно е да се објасни секој денар за што се троши и колку инвестиции се реализираат во комуналните претпријатија, подвлече претседателот на РКЕ.

Меморандумот беше потпишан во Тирана од страна на регулаторните комисии за енергетика на Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и Асоцијацијата на регулаторни тела на Европа за водни услуги (WAREG). Целта е заеднички изнаоѓање решенија за менаџирање на водните услуги.

Како што информира РКЕ, регулаторите се обврзаа и преку заедничка соработка да ја усогласат домашната регулатива со законите на ЕУ.

-Документот е резултат на досегашните заеднички билатерални програми за соработка во рамки на WAREG за зајакнување на институционалните капацитети на регионално ниво. Делиме исти предизвици, а клучен постулат во нашата работа е на сите потрошувачи да им се обезбеди правото на вода, која треба да е високо квалитетна и достапна по тарифа која ќе гарантира и инвестиции во мрежата со цел да се намалат загубите, нагласи Бислимоски, додавајќи дека оваа фаза од процесот на реформи во секторот води во земјите од регионот е неизбежна и од голема важност за доверливи, одржливи и економични системи за регулација на водните услуги.

Минатата година регистрирани рекордни 59 милиони принудно раселени лица

Во светот на крајот на минатата година во светот имало рекордни 59 милиони внатрешно раселени лица.

Најновиот извештај објавен денеска покажува дека новитге бранови насилство, конфликтите и непогодите предизвикани од климатските промени биле причините голем број луѓе да бидат принудени да ги напушат сцвоите домови.

Според извештајот на Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ), проект на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) во Женева, минатата година се регистрирани 5,8 милиони раселени лица повеќе отколку во 2020 година.

„Ситуацијата денес е полоша отколку што сугерира дури и нашата рекордна бројка, бидејќи не вклучува речиси осум милиони луѓе принудени да избегаат од војната во Украина", рече генералниот секретар на НРЦ, Јан Егеланд.

„Потребни се драстични промени во начинот на кој размуслуваат светските лидери за тоа како да ги спречиме и решиме конфликтите и да ставиме крај на човечките страдања", вели тој.

Голем дел од регистрираните раселени лица отпаѓа на влошените услови во Авганистан, Јемен и субсахарска Африка. Најголемо раселување има во северните делови на Етиопија каде се заглавени 5,1 милион луѓе поради продолжената граѓанска војна од 2020 година.

Дури 80 отсто од раселените луѓе во светот се во субсахарска Африка, каде што нападите на вооружени групи присилија многу луѓе да ги напуштат своите домови, истовремено попречувајќи го инфраструктурниот развој и стабилноста како решение на проблемите на раселените.

Елементарните непогоди и неповолните климатски услови се причина за раселување на 5,9 милиони луѓе минатата година.

Голем е и бројот случаи луѓе да бидат принудени неколкупати да го менуваат местото на живеење во текот на една година. За минатата 2021 година тоа било случај кај дури 23,7 милиони луѓе или 60 проценти до сите случаи на раселување

Особено изложени на опасност од можни принудни раселувања се Кина, Филипините и Индија во густо населените областите зафатени од урагани, поројни дождови и поплави.

Српските власти идентификуваа19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за бомби

Српските власти  досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ србија, соопшти синоќа српското МВР.

Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.

Според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирало осум лица, српски државјани.

Двајца од нив се уапсени, а против шест малолетници се поднесени кривични пријави.

Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.

притисни ентер