За нив тврдат дека се разликуваат од анализираните од Европската агенција за лекови и од медицинското списание „Лансет“.
Агенцијата за лекови СУКЛ исто така повтори дека не може да ги утврди придобивките и ризиците од вакцината. Словачка минатиот месец увезе 200.000 дози Спутник V, но сè уште не започнале да ги користат.
СУКЛ наведува дека безуспешно побарале дополнителни податоци за претклинички испитувања, производство и клинички испитувања на руската вакцина.
„Значителен дел од податоците, скоро 80 проценти, не ни се дадени дури и по повеќекратни барања“, наведува агенцијата.
СУКЛ наведува дека формата на дозирање на вакцините се разликува од производот што го разгледува ЕМА.
Испораките испратени во Словачка имаат различни карактеристики од оние што се користат во истражувањето објавено во „Лансет“, цитирано од словачките експерти кои го поддржувале купувањето на вакцината.
Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој го продава Спутник V во странство, денеска објавил дека Словачка треба да ги врати спорните дози. РДИФ на својот официјален профил на Твитер објавил дека испратиле писмо со барање за враќање на дозите и побарале тие да бидат испратени во овластена лабораторија за понатамошни проверки.
Руското Министерство за здравство, кое го надгледува Гамалеја институтот кој ја разви вакцината, не било достапно за коментар.
На официјалниот Твитер профил на Спутник V вчера е објавено дека извештаите дека вакцината испратена во Словачка се разликува од онаа користена во клиничките испитувања, се „лажни“.
Словачкиот министер за финансии Игор Матович, кој се согласи да го купи Спутник V додека беше премиер, треба да се состане со директорот на РДИФ, Кирил Дмитриев, во Москва за да го реши спорот за вакцините, соопштило Министерството.
Матович мораше да поднесе оставка поради купувањето руски вакцини.
Словачкото Министерство за здравство соопштило дека следните чекори во врска со употребата на Спутник V треба да бидат објавени следната недела.