Словачка преку мобилни ќе го следи движењето на заразените со коронавирус

Во екстремно брза процедура, словачкиот парламент одобри измена на законот, со кој државата може да пристапува до заштитени податоци на мобилните телефони на граѓаните за време на пандемија на коронавирус.

Со 91 глас „за“ и 43 „против“, амандманот ќе им овозможи на државните здравствени власти да користат податоци за локацијата на мобилните телефони за да ги следат движењата и средбите на луѓето заразени со коронавирус.

Владејачката четирипартиска коалиција, предводена од конзервативецот Игор Матович, која е на власт од саботата, сака да провери дали се кршат карантинските регулативи.

Ако некое лице е тестирано позитивно за КОВИД-19, со новите мерки би се предупредувале луѓето со кои заразеното лице стапило во контакт.

По протестите на Социјалдемократската опозиција, првичниот предлог на владата беше одбиен во парламентот, така што телефонските повици и СМС-пораките не можеа да се следат, освен податоците за локацијата.

Опозицијата предупреди дека законот може да ги загрози граѓанските права и да и овозможи на владата да ги шпионира граѓаните.

Мерките се ограничени на времетраењето на кризата со коронавирусот.

притисни ентер