Судскиот совет утре ќе избира нов претседател. Ова доаѓа по оставката на досегашната претседателка на највиското судското тело, Павлина Црвенковска, која во вторникот изјави против неа започнала медимска хајка бидјеќи таа не одговарала на група од судска – бизнис елита. Црвенковска останува да биде член на Судскиот совет.
Судијата Лазар Нанев во неделното интервју за Радио Слободна Европа рече самиот чин на Црвенковска покажува дека има сериозни проблеми во целокупниот правосдуен систем. Иако постојано се говори дека во судството има политички влијанија, според него, правосудната фела нема црвена линија на саморегулација и заштита на независноста на судството.
Нанев вели дека лично не е задоволен од фунцкионирањето на правосудството, особено во делот на ефикасноста и ажурноста. Долгото трање на судските постапки, лошиот пристап до правдата, неажурноста – причина за тоа.
„Секое долготрајност на постпаката со траење повеќе од една година, создава сериозни сомнежи во јавноста дека нешто во позадина се случува. Меѓутоа, причините за едно такво однесување и за долготрајна постапка, не секогаш треба да се бараат само во судството. Тука се и странките во постапката, односно квалитетот на јавнообвинителските одлуки, пред сè мислам на обвиненијата кои се поднесуваат од страна на јавните обвинители и местото и улогата на бранителот во постапката, меѓтуоа, посебно во последно време на случаите кои во последно време се актуелни и се однесуваат на организираниот криминал“, вели судијата Нанев.
И додека правосудството се соочува со лоша слика за начинот на работењето, министерот за надворешни работи Бујар Османи кој доаѓа од редовите на ДУИ со повик – наредните години да се работи на расчистување на коруцпијата на сите нивоа. Според шефот на дипломатијата, државата ги реши сите егзистенцијални прашања, внатрешно се консолидираше за функционална мултиетничка демократија и меѓуетнички односи, ги среди односите со соседите, па останвуа уште борбата против корупцијата.
„И затоа ова е заедничка определба помеѓу нас и САД за засилена антикорупцика политика во државата и ние апсолутно ги поддржуваме тие ставови на САД и очекуваме сериозна поддршка. Токму еден од мотивите за почнување на стратешкиот дијалог со САД беше нивно вклучување во атикорпциските полтики и овде. Тоа беше во услови кога не знаевме дали ќе ги почнеме преговорите. Сега веќе имаме два големи инструменти за следење на антикорупциските политики“, рече Османи на брифингот со новинарите.
Премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер го делат истиот став за борбата против корупцијата. И двајцата се согласуваат дека корупцијата го кочи напредокот на земјава. Неодамна специјалниот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар рече дека САД ќе воведат дополнителни чекори за да ги санкционираат корумпираните официјални лица од Балканот и да се тргнат од одговорните позиции.