Следниот понеделник ќе се знае какви мерки ќе има за Велигден

Доколку бројките продолжат да опаѓаат владиниот кризен штаб ќед предложи олабавување на мерките веке од следната недела, до кога сепак останува да важат досегашните мерки со полицискиот час од 20 часот..

Оваа недела остануваат истите рестриктивни мерки а за велигденските празници допрва можни се олабавувања во зависност од бројките. Главниот кризен координативен штаб доколку утврди опаѓање на бројките на ново заболени и хоспотализирани ќе ја разгледа можноста од 27 април до 15 мај да отворатѕ угхостителскитре објекти но само во отврените делови, забраната за наместо во 20 да биде од 21 часот до 5 часот наутро и дозвола за органзирање тренинзи на отворено .

Деталите од Игор Манасиевски ..

Во март издадени над 50 проценти повеќе одобренија за градба од лани

Во март се издадени 338 одобренија за градење што е за 54,3 проценти повеќе од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите изнесува 5 милијарди 216 милиони 352 илјади денари, што е за 91,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

Најголем дел од издадените одобренија за градење или 214 се за објекти од високоградба, 41 за објекти од нискоградба и 83 се за објекти за реконструкција.

Кај 220 објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 118 објекти како инвеститори се правни лица.

Предвидена е изградба на 488 станови со вкупна корисна површина од 47.831 м2.

Милошоски: Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро не е во корист на народот

Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро е оправдување за расипничкото трошење на Владата, граѓаните не би имале корист, туку олигарсите.

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Датум: 12.05.2021

Милошоски од Могила: Продажбата на земјоделско земјиште за едно евро е оправдување за расипничкото трошење на Владата, граѓаните не би имале корист, туку олигарсите

Почитувани,

Денеска сме тука во општина Могила, ќе направиме посети во општина Новаци, и главно разговараме за потребите и проблемите коишто населението ги чувствува како најактуелни во овој период, а тие се поврзани со инфраструктура, која е значајна и потребна, во овие општини, како и проблеми со образованието и во голем дел проблеми со земјоделието, потешките услови за работа и ненавременото исплаќање на субвенции.

Овие разговори ни се важни затоа што по нив можеме во Собранието да упатиме пратенички прашања и иницијативи за кои се надеваме дека ќе ја примораат власта да биде по ажурна и да обрне поголемо внимание на граѓаните од овој крај којшто сметаме дека се заборавени и не го добиваат заслуженото.

Според ВМРО-ДПМНЕ да се продава државно земјоделско земјиште за едно евро не е добар, во тој случај само одредени олигарси би рекол коишто имаат црни фондови на средства би го искористиле тоа да ги легализираат и да станат големи земјопоседници, но народот и државата во целина не би имале корист и ние сме против такво решение.

Има многу други начини како да се помогне на земјоделието, како подомаќински да се стопанисува со Буџетот, наместо да се распродава државното земјиште за да се оправда ова расипничко трошење на државниот Буџет коешто власта го прави.

Милошоски: Наместо Царовска да промовира ароганција, мора да ги слушне аргументите на родителите по однос на законот за учебници и истите да бидат вметнати во законското решение

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Могила кој е неговиот коментар во однос на најавените протести на родителите, а со поддршка и од средношколската унија и средношколскиот глас против лошите реформи во образованието, рече дека самиот закон за учебници и друг наставен материја е донесен на нетранспарентен начин, како и дека доколку се сака да се прифати самиот закон потребна е поширока дебата.

Нашиот став како став на ВМРО-ДПМНЕ е дека законот за учебници и друг наставен материјал на нетранспарентен начин е сработен од Владата и министерката Царовска. Овој закон доколку сакаат да биде пошироко прифатен, треба да биде закон за кој што ќе има јавна дебата од која што Владата бега. Ние гледаме две страни. Едната страна е министерката Царовска која што промовира ароганција во овој предлог закон, а другата страна се родителите и учениците кои предлагаат аргументи. Сакаме да порачаме дека е време во законските решенија кои што се однесуваат на учениците, да им се даде можност на родителите да ги изложат своите аргументи и истите да бидат вградени во законот. Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите. Се надеваме дека аргументите на родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот тие ќе бидат вградени во било кое идно законско решение што се однесува на сите ученици, истакна Милошоски.

Бочварски: Членот за легализација на дивоградби во заштитени подрачја е внимателно одреден

Секако без согласност од Министерството за животна средина конкретно нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подраја, зони во национални паркови итн. 

Без согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подрачја, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, коментирајќи ги реакциите за членот од новиот Закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, што беше изгласан вчера по скратена постапка во Собранието, а со кој е дозволено и легализација на дивоградби во за штитени подрачја.

Законот, наведе, беше во собраниска процедура година и половина и вчера беше изгласан од пратенциите со вградување на повеќе амандмани предложени од нив. Тој член од Законот, како нагласи, е доста внимателно одреден.

-Во однос на ова прашање не случајно е вграден и членот во којшто се вели дека во таков тип на подрачја и зони, секако ресорното Министерство коешто е надлежно или органот на државна управа, треба да даде согласност за можно ставање во правна рамка на објект во таква зона. Така што, доста и внимателно е одреден овој член. Секако без согласност од Министерството за животна средина конкретно нема да може да се стави во правна рамка објект во заштитени подраја, зони во национални паркови итн. И секако Охридскиот регион, регионот под заштита на УНЕСКО, е исто така исклучен согласно студиите коишто се на располагање на државата од УНЕСКО, и станбените згради со А2 намена исто така се исклучени, нема да бидат во постапки за ставање во правна рамка на такви големи градежни објекти и комплекси, изјави Бочварски.

Целта со овој закон, дополни, е плаќањето на пенали којшто е одреден, не легализација или ставање во правна рамка по едно евро за квадратен метар, туку полни комуналии колку што се плаќаат во матичната општина, плус 50 проценти казнени пенали.

Секако, потенцираше, целта е да ги одвратиме луѓето да повеќе не пристапуваат кон ваквиот тип на начин на градба па потоа легализација и со тоа сакаме да направиме еден притисок да ова е еден од чекорите и една од фазите за да можеме да ја намалиме ваквата појава во општеството, со што ќе се согласиме сите ја има постои.

-Секако другиот апсект е зајакнување на инспекциските служби коишто веќе се случува со покачување на платите на градежните инпектори со вработување на инспекциски служби во сите коишто деноноќно и будно ќе следат понатаму да не ни се случуваат вакви појави. И тогаш државата, убеден сум, дека ќе биде подготвена повеќе да не оди со вакви постапки на ваков тип закони, рече Бочварски.

Според него, треба да се има предвид и тоа што, како што рече, државата има национални прашања, проблеми и потреби коишто е потребно да се стават во правна рамка. Тоа, појасни, се објекти како далноводи, водоводи, можеби училишта и градинки што биле изградени по сите законски процедури во минатото, но не биле запишани во Катастар и ги немаме на имотен лист. За тоа да се случи на веќе изграден објект потребно е да се стави во една правна рамка. За да може градоначалникот утре да реконструира едно одредено училиште, мора тоа училиште најпрвин да биде ставено, запишано во имотен лист во Катастарот на недвижности. И ова е еден од начините или единственот начин како тие прашања и проблеми се решаваат за да можеме да продолжиме и со одредени рекокснтрукции на тие објекти.

-Од тој аспект сме внимателни и очекуваме примената на овој објект и граѓаните да продолжат со поднесување барања до матичните општини во наредните шест месеци откако ќе стапи во сила овој закон, притоа строго почитувајќи го законот да се применуваат сите одредби од него, изјави Бочварски.

притисни ентер