Следбениците на Тито од Кочани го одбележаа денот на раѓањето на социјалистичка Југославија

Поминаа 77 години од денот кога народите што живеат на дел од Балканот се обединија во заедничката држава Југославија, во која имаа рамноправност и сопствена државност. 

Со дефиле од возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии на својот патрон и други обележја на социјалистичка Југославија, членовите на здружението „Јосип Броз Тито" од Кочани денеска го одбележаа 29 ноември, денот на формирањето на заедничката држава.

Со почитување на протоколите за здравствена заштита го откажаа традиционалниот собир и свеченоста на која, преку краток историски час, потсетуваа дека на овој ден и земјава добила официјално признание на својата државност.

– Поминаа 77 години од денот кога народите што живеат на дел од Балканот се обединија во заедничката држава Југославија, во која имаа рамноправност и сопствена државност. Се лажат оние кои мислат дека оттогаш почнало и осознавањето македонскиот народ за сопствениот идентитет. Чувството за засебност постоело од многу поодамна, а поради учеството на македонските партизани во антифашистичката борба заедно со другите братски народи, од која излегле како победници, нормално било и официјализирањето на македонската држава во рамки на тогашната СФРЈ. Тоа значи дека сме се избориле за ова што го имаме денес, бидејќи никој на сила не може да ти даде ништо, но може да ти го земе, истакна Трајче Трендов, претседател на здружението „Јосип Броз Тито".

Поради состојбата со пандемијата откажано е учеството на делегација на кочанските титовисти на традиционалната свеченост во босанскиот град Јајце, каде во 1943 година се одржало историското заседание на АВНОЈ.

Детска балетска претстава Петар Пан

 Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска.

Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.

Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски –Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во овој музичко балетски спектакл учествуваат и 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл.

Детската балетска претстава за Петар Пан, момче што не сакаше да порасне, ќе биде изведена од 17:30 и 20 часот на 31 март, а билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

- Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи.

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

„Раскинувањата болат... но, морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи не можел да спие ноќе и дека се станува чудно и надвор од контрола.

Властите на Нов Зеланд најавија дека ќе одвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра) за тригодишната кампања.

„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез", изјави неименуван претставник на властите.

Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

СДСМ: СДСМ покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани.

Во време кога државата се уште се соочува со последиците од глобалната економска криза, СДСМ обезбедува раст на платите и пензиите.

Пензиите, од овој месец, се покачуваат за рекордни 8,4 отсто, со што просечната пензија се зголемува за над 1.500 денари.

Минималната плата од март годинава изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Додека СДСМ, како одговорна партија го унапредува животниот стандард на граѓаните, покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на народот.

Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 8.800 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи.

ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците, партија која во изминатите години блокираше и се уште блокира закони во интерес на граѓаните.

СДСМ

притисни ентер