Славевски и Костадинов со спротиставени ставови за економските мерки на Владата

За власта економските мерки се спас на секое работно место, и излез од последиците по економијата од коронавирусот...Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак денеска ги критикуваше мерките, кои од партијата ги нарекоа недоречени и конфузни.

Конфузни и без никакви пресметки – вака од ВМРО ДПМНЕ ги нарекуваат економските мерки за помош на бизнисот и граѓаните кои се погодени од корона кризата. Од партијата велат дека власта се уште нема анализа кои лица ќе бидат опфатени со мерката за минимална плата за април и мај, и прашуваат како ќе им се помогне на угостителите, занаетчиите или самовработените кои немаат ефективни работни часови од почетокот на март. Бараат од Владата да ги пренамени сите непродуктивни тошоци во јавниот сектор, за потребите во здравството.

,,Освен за вработените во јавниот сектор, барем на почетокот од обидите за справување со кризата, не постои граѓанин или претпријатие во Македонија на кои им е јасно дали, кога и накој начин ќе бидат потпомогнати со некои од мерките што ги предлага Владата. Навистина е нејасно, како после толку изминато време, Владата си дозволи да предложи мерки кои се недоречени и конфузни.

Од владејачката партија сепак уверуваат дека се носат одлуки за спас на секое работно место. Според нив, ќе се помогне на илјадници работници од приватниот сектор, како и оние кои останале без работа. Вториот сет економски мерки вреден 200 милиони евра ќе го ублажи еконмскиот удар од корона вирусот – велат од СДСМ.

,,Обезбедуваме финансиска поддршка за исплата на платите на работниците од фирмите погодени од здравствено-економската криза, минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај за секој работник. За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа месечна плата, во висина од 50 проценти од просечната плата на работникот во последните 24 месеци.

Инаку, според владиниот план, минимални плати од 14.500 денари за месеците април и мај ќе земаат и функционерите, како и членовите на сите совети, надзорни и управни одбори.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

Ахмети и Османовска го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт.

Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, ромската заедница има високо образовен и стручен кадар, како и ромска политичка партија, за која рече, обединува и организира.

- Како заедница со децении наназад молиме за да се створи шанса за нас, ни велеа немате образовен кадар, немате политичка моќ, не сте организирани. Еве сме сега со високо образовен и стручен кадар со ромска политичка партија која што обединува и организира. Застанати пред европската врата, Ромите ќе влезат во ЕУ како рамноправни со сите граѓани, порача Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање истакна дека големо достигнување е тоа што Општина Шуто Оризари е единствената општина на ромска заедница во Европа и ѝ укажа на Османовска дека ја има поддршката од Албанците, бидејќи како што рече, тие знаат како е да се биде маргинализиран.

– Претседателке вие нема потреба да поставувате барања, нашата поддршка несомнено ја имате, ние знаеме како е да се биде маргинализиран и затоа ќе се залагам повеќе за вас отколку за мене. Со целосна одговорност ви ветувам, пробајте нѐ да видите какви партнери сме, не со зборови, туку со дела. Нашата земја мора да се интегрира во ЕУ и да има владеење на правото, а тоа заедно како Европски фронт мора тоа да го постигнеме. ДУИ ќе направи сѐ што е потребно за во Собранието да има ромска претставничка, порача Ахмети.

На прес-конференцијата посветена на потпишувањето на коалицискиот договор беше присутен и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој изрази жалење што претходните политичари не ја препознале приликата да ја искористат можноста на Рамковниот договор, онака како што го искористиле Албанците.

– Жалам што претходните политичари не ја препознаа оваа прилика да се искористи Рамковниот договор рака како што го искористија Албанците да бидат рамноправни со Македонците. Со овој договор Ромите ќе почнат да живеат сонот кој требаше да започне уште пред 24 години, рече Дудуш.

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

притисни ентер