Сквернавењето на Македонското знаме и прославата на Албанското, дел од темите

Стојанче Ангелов и Љупчо Ристовски, во Само Вистина.

Поенти:

Стојанче Ангелов:

- Ние не треба да се плашиме дека некој ќе не обвини за албанофобија, во Македонија кај дел од Албанците постои македонофобија, случајот со Касами кој што не го користи Македонското знаме.

- Тетово било преплавено со знамиња, но ќе биде и утре, и вчера и за Нова година и во Јануари.

- Кога отидоа Амеириканците на Месечината што прво поставија, знаме, тоа е територијалност.

- Коалицијата Вреди која што е дел ов Владата вербално го осуди вандализмот, таа прослава беше злоупотребена за да се потпалат меѓуетничките односи, се сомневам на ДУИ или можеби некому самоинцијативно да му текнало да го направи тоа.

- Во Албанија нема вакви прослави, овие нашите Албанци излегоа поголеми Албанци од Албанците во Албанија.

Љупчо Ристовски:

- Македонија е на пиедесталот во светски рамки по остварени човекови права, етнички, јазични, малцински, тоа е сериозен моќен аргумент што го има Македонија.

- Албанската етничка заедница не само што ги има остварено сите, ги има преостварено своите етнички права во Македонија.

- Никогаш „а“ не кажаа во Грција каде од раѓање му го менуваат идентитетот на детето, зошто се силат во Македонија, но тој период ќе заврши.

- Вака расте омразата, така не се гради држава и соживот.

Ретклиф: Манчестер стана просечен, клубот не е на елитното ниво

Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на Манчестер јунајтед во последните години.

- Клубот долго време е во криза, околу десет години. Манчестер јунајтед стана просечен. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под водство на Алекс Фергусон. За да постигнеме елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе почнаа огромни промени во овој клуб, изјави косопственикот на Манчестер јунајтед во интервју за „United We Stand“./МИА

Малолетник уапсен во БиХ, осомничен дека 43 пати лажно пријавил бомби во училиштата

Во Сараево е уапсен малолетник под сомнение дека испратил десетици пријави до училиштата за поставени експлозивни направи.

Откако беше уапсен од припадниците на МУП на КС, малолетникот за кој се сомничи дека од неговата електронска адреса 43 пати лажно пријавил дека во неколку средни и основни училишта биле поставени бомби, е предаден на Обвинителството.

Нему ќе му биде одредена мерка притвор од 24 часа и во тој законски рок надлежниот обвинител треба да одлучи за дополнителни мерки.

Малолетникот се сомничи дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и лажно пријавување.

Извор: Индекс.хр

Светскиот шампион во Формула 1 ќе има дете со 8 години постара девојка

Холанѓанецот Макс Верстапен (27), четирикратен светски шампион во Формула 1, на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со девојката Кели Пике (35).

"Малиот Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо", напиша тој покрај фотографијата на која го држи стомакот на својата девојка, по што веднаш следеа бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Инаку, Кели Пике е ќерка на трикратниот шампион во Формула 1 Нелсон Пике, а веќе ја има 5-годишната ќерка Пенелопе со поранешниот партнер, исто така Формула 1 возач Даниил Квјат.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер