Скопските автобуси возат по алтернативни траси поради тековни градежни активности

Поради одвивање градежни активности на крстосницата од булеварот „11 Октомври" со булеварот „Кочо Рацин" возилата од јавниот градски превоз денеска се пренасочени по алтернативни траси на движење.

Како што е објавено на веб-страницата на ЈСП „Скопје", автобуските линии со број 3, 5, 7, 15, 21, 22, 23, 25, 27 се пренасочени од булеварот „Кузман Јосифовски – Питу" (Народна банка) десно по булеварот „Крсте Петков Мисирков", лево на крстосницата кај судот по булевар „Гоце Делчев" и лево кај МНТ, по булеварот „Филип Втори Македонски" до Жена парк, каде се врти десно на булеварот „11 Октомври" и на Рекорд се враќа на траса.

Во обратна насока, од Рекорд автобусите сообраќаат кон Градска болница, каде се врти лево по булеварот „Филип Втори Македонски", кај „Холидеј Ин" се врти десно по улицата „Кеј 13 Ноември" (Дрводекор) и кај Веро Џамбо се враќаат на редовните траси.

Автобусите со број 24 од Припор кон Тафталиџе по подвозникот вртат лево на булеварот „Св. Кирил и Методиј" (од кај Рамстор) десно по булеварот „Св.Климент Охридски" и лево на булеварот „Партизански одреди" возилата се враќаат на траса. Од Тафталиџе кон Припор возилата од булеварот „Партизански одреди" вртат десно по булеварот „Св.Климент Охридски" (од кај Европски универзитет), лево по улицата „Јордан Мијалков" и на улицата „Антон Попов" се враќаат на траса.

Линијата 9 од Клинички центар кон Скопје Север на крстосницата кај Тутунски комбинат продолжува право по булеварот „Карпошово востание", десно по булеварот „Трета македонска бригада", лево по булеварот „Никола Карев" (Транспортен центар), каде врти лево по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу" (Народна банка) и десно кај МАНУ се враќа на траса. Од Скопје Север кон Клинички центар од Битпазар врти десно по булеварот „Гоце Делчев", кај МНТ лево по булеварот „Филип Втори Македонски" и кај Жена парк врти десно на булеаврот „11 Октомврии" низ центар од кај Европски универзитет кон Клинички центар.

Автобусите со број 31,41,67,74,51,70,58 во правец кон Транспортен центар кај Тутунски комбинат вртат десно по улицата „Карпошово востание", десно по булеварот „Трета македонска бригада" и лево по булеварот „Никола Карев" до Транспортен центар. Во обратна насока сообраќаат по истата траса.

За автобуската линијата 16 од Железара кон Пржино, од Жена парк возилата се пренасочени десно низ центар, лево по булеварот „Св.Климент Охридски" (Европски универитет), лево по улицата „Јордан Мијалков" од каде продолжуваат по својата редовна траса. Од Пржино кон Железара, возилата сообраќаат на булевар „Кочо Рацин", по подвозникот вртат лево по булевар „Св.Кирил и Методиј" (Рамстор) десно на булевар „Св.Климент Охридски", десно на булевар „Димитрие Чуповски" и право до Градска болница, каде се врти лево и продолжуваат по трасата.

Автобусите со број 4 и 4а од населбата „11 Октомври" кон Тафталиџе и Хром, од село Усје, од булеварот „11 Октомври" е пренасочена од булеварот „Борис Трајковски" десно по булеварот „Карпошово востание", десно по булеварот „Трета македонска бригада", лево по булеварот „Никола Карев" (Транспортен центар), лево по булеварот „Кузман Јосифовски – Питу" (Народна банка), десно по булеварот „Крсте Петков Мисирков" (МАНУ), лево на крстосницата кај судот по булевар „Гоце Делчев" и лево кај МНТ, по булеварот „Филип Втори Македонски" до Жена парк, каде врти десно на булеварот „11 Октомври" и на Рекорд се враќа на трасата.

Од Хром, Тафталиџе кон 11 Октомври и село Усје, автобусите кај Градска болница вртат лево и продолжуваат право до хотелот „Холидеј Ин", каде вртат десно по улицата „Кеј 13 Ноември" и право кон Транспортен центар, каде врти десно по булеварот „Никола Карев", десно на булеварот „Трета македонска бригада", лево на булеварот „Карпошово востание", лево на булеварот „Борис Трајковски" и по старата траса. /МИА

Белорускиот опозициски лидер почна штрајк со глад во затворот

Водечкиот лидер на белоруската опозиција, Максим Заник, започна штрајк со глад во затворот, откако беше обвинет за обид за загрозување на националната безбедност.

Адвокатот Заник е еден од седуммината лидери на опозицискиот координативен совет кои се во затвор или во егзил. Тој тврди дека започнал штрајк со глад затоа што сака да го обелодени „апсурдот на гонење луѓе за слободно изразување на нивните мислења“.

Советот за човекови права на ООН донесе одлука во Женева да ги следи повнимателно злоупотребите на моќта во Белорусија, каде протестите траат веќе пет недели, собирајќи повеќе од 100.000 луѓе. Имено, граѓаните на Белорусија сметаат дека е време долгогодишниот претседател Александар Лукашенко да се повлече, бидејќи сметаат дека неодамнешните избори биле наместени.

Специјалниот известувач на ООН, Анаис Марин, рече дека има информации за обвинувања за силување, употреба на електрични шокови и други форми на ментална и физичка тортура.

Роден е без раце и нозе , па сепак вози комбе низ целиот свет(ВИДЕО)

И покрај големиот хендикеп Американецот може да вози и да патува каде што сака.

Џанис Мек Дејвид е роден без раце и нозе, но тоа не го спречува да се обиде да го живее животот во потполност. Покрај тоа што може да се справи со секојдневните животни предизвици како нормална личност без попреченост, Џанис успева да управува и со автомобил.

Тој вози специјално прилагоден Мерцедес Спринтер. Комбето е целосно прилагодено на неговите потреби. Почнувајќи од задниот дел, има автоматски рампи за влегување во инвалидска количка, до начинот на отклучување, палење на моторот и возење на самото возило. Специјално прилагодените контроли му овозможуваат да управува со ова големо возило целосно независно.

По качувањето во седиштето и врзувањето на автономниот систем, тој ги контролира сите команди. Контролниот екран од десната страна се користи за избор на функции и избор на брзини, додека лево е менувач што се врти, забрзува и сопира.

„Во животот, не треба да се фокусираме на проблемите, туку на можностите“, вели МекДејвид. Без сомнение, технологијата му овозможи не само да вози возило, туку и да биде независен и слободен во неговите животни потреби.

Жителите на сиромашните квартови на Мадрид,зафатени со корона:Заборавени сме

Жителите на најсиромашните квартови во Мадрид денеска изјавија дека се чувствуваат напуштено и жигосано додека ја чекаат одлуката на политичарите да воведат карантин поради повисоките стапки на инфекција со корона отколку во другите населени места.

Јазот меѓу богатите и сиромашните населби е во центарот на жестоката дебата во Шпанија за тоа како да се запре растот на нови инфекции. Висок официјален претставник во средата рече дека властите предвиделе карантин за повеќето погодени области.

Локалната политичарка Изабел Дијаз Ајузо порано оваа недела рече дека „начинот на живот на мигрантите“ е делумно виновен за ширењето на инфекцијата, предизвикувајќи бран критики.

„Тие создадоа стигма“, вели Натаниел Елиот, наставник по англиски јазик од Бостон, кој живее во мадридскиот кварт Пуенте де Валекас веќе 15 години.

Валекас, јужна населба во која живеат луѓе со пониски примања и има многу мигранти, е со една од највисоките стапки на инфекција во Мадрид. Тоа е скоро шест пати поголема отколку во Шамбери, една од побогатите населби на северот на градот.

Регионалните власти објавија дека ќе одлучат за мерките подоцна во текот на денот. Засега е непознато дали ќе се стави во карантин Валекас и околните населени места, но жителите се чувствуваат понижено.

Здравствениот систем тука е „уште попарализиран, пренатрупан, редици има насекаде“, рече пензионерката Мари Паз Гонзалес. „Ние сме напуштени, сега сме во рацете на Бога.

"Штом ќе го поминете мостот, сè се менува. Веднаш штом ќе преминете во соседното соседство, сè се менува", додаде Кармен Ибара, исто така пензионерка.

Хуан Антонио, пензионер, кој живее малку надвор од Валекас, но оди таму секој ден да се грижи за својата 93-годишна мајка, е уште подиректен и вели дека карантинот е глупост.

Шпанија е најпогодената западноевропска земја со повеќе од 625 000 заразени и повеќе од 30 000 починати од ковид-19.

Едно од најголемите жаришта е главниот град Мадрид, а јазот меѓу сиромашните и богатите е жешко прашање и во Барселона, вториот по големина град во земјата.

притисни ентер