Бараат назначување на владин повереник и трансформација на претпријатија со која надлежностите ќе им бидат поделени на општините, механизацијата и човечките ресурси да се поделат, па секоја од општините сама да си чисти. Писменото барање ќе го испратат уште денеска, а очекуваат на идната владина седница ова прашање да биде разгледано.
Градоначалниците едногласни состојбата со сите јавни претпријатија е аларамнтна, ова што му се случува на градот велат е резулатат на немањето комуникација со градоначалничката Арсовска, која ја обвинија и дека ги блокирала на телефон. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски, вели процесот на трансформација нема да биде едноставен, но е потребен, недозволиво е во Скопје во 21 век на секој чекор имаме дива депонија.
„Во Скопје срамота е да дојде турист во денешно време. Од град кој што за 2 – 3 години треба да биде град на културата, престолнина, ние сега во моментов се соочуваме со состојба од која сите се срамиме.“ -изјави Орце Ѓорѓиевсски – градоначалник на К.Вода / прет. на ЗЕЛС.
- „Ова е проблем на секоја општина и да не се навраќам хронолошки да ги набројувам недостатоците во услугите на овие претпријатија, но тие се големи. Ние можеби повеќе од две години немаме координација со Град Скопје, а двапати месечно било задолжително тоа. Две години немаме комуникација, ни поединочно и не блокирал и во телефон и се, немаме ни по службена должност...“ -изјава Висар Ганиу – градоначалник на Чаир.
Идејата за одземање на ингеренциите на дел од јавните претпријатија кој се под надлежност на градот ја отвори вчера премиерот Христијан Мицкоски, доколку како што рече не се промени сегашната лоша состојба.
- „Можеби треба да се размисли идејата секоја од општините да формира свое комунално претпријатие па да ги наследи основните средсрва од ЈП за Комунална хигиена итн. Има неколку пристапи кој што можат да дадат резулатати ги разгледуваме. “-изјави Христијан Мицкоски – Претседател на Влада (13.08.2024).
Од градот Скопје прстот го вперија во ВМРО – ДПМНЕ , велат Мицкоски и неговите советници и членови во управните одбори се виновни за ваквата состојба.
„Сите управни одбори без исклучок се со мнозинство членови на ВМРО- ДПМНЕ и се чини имаат единствена задача – влошување на состојбите и блокирање на услугите. Апелираме да се стави крај на политичкиот терор и сега како одговорна политичка партија, Мицкоски да превземе одговорност за состојбите во главниот град.“ - Град Скопје.
Од ВМРО – ДПМНЕ пак преку соопштение одговорија дека Арсовска е единица мерка за неспособност, а Скопје наместо метропола е претворено во депонија, и тоа не е резулатат на неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Арсовска која, како што велат добивала поддршка од СДСм, Дуи и Левица.