Скопје ќе биде град на соживот, соработка и солидарност, порача Арсовска од Чаир

- Град на соживотот, соработката и солидарнос. Град на сите негови жители. Скопје ќе стане град кој нема да ги заборави своите населби и населени места. 

-Го испланиравме и ќе го изградиме новиот сообраќаен коридор Мавровка, кој ќе стане архитектонска гордост за решавање на гужвите во сообраќајот. Мој приоритет е да го уредиме кејот на реката Серава со спортско-рекреативни содржини. Да го направиме овој дел да биде новото зелено катче во Скопје. Ќе ги ревитализираме парковите во Чаир. Планираме проширување и реконструкција на една од главните артерии на градот – булеварот „Цветан Димов“. Иако се работи за комплексен проект, мојата визија е овој булевар да го опремиме со уште по една дополнителна лента, како и надвозник од мостот Битпазар до Христијан Тодоровски Карпош, истакна независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на вечерашната средба со граѓани во Топанско Поле, општина Чаир.

Арсовска во нејзиното обраќање порача дека имаат план и програма за сите населени места со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми на граѓаните од населбите во делот на инфраструктура, водовод, канализација, паркови и места за рекреација, дополнувајќи дека Чаир е прекрасна општина и го чува духот на она подзаборавено Скопје.

Сепак, според Арсовска во последните години Чаир е очигледно заборавена општина од градот Скопје, а единствено што покажа актуелната градска власт е дека тие се најлошото за градот и нивниот приоритет е да ги поделат обичните граѓани, за да можат тие сложно да лажат и крадат.

- Имаше ветување за клучниот проект за регулирање на сообраќајот кај Јаја Паша. Ништо од тоа, поставија само некои бетонски огради кои ги омаловажуваат и разделуваат луѓето. Требаше да се реши и крстосницата Мавровка, ви ја ветија пред четири години, но ништо од тоа. Останаа само празни ветувања. Градоначалникот во заминување за чаирчани вети монтажни паркинзи „Чаирчанка“ и „Џон Кенеди“, не ги направија и тие. Со неговите импровизации денес Чаир има повеќе сообраќаен хаос од било кога. Овој градоначалник ветуваше и зелен коридор на реката Серава и Лепенец, за поврзување на сите овие општини. Денес тоа е запуштено и заборавено место, налик на депонија. Ви вети и водоводна и канализациона мрежа до секое населено место во Чаир. Денес гледаме дека и тоа е лага, сѐ уште во Чаир има места кои се гушат во кал и немаат чиста вода за пиење. Посетив многу такви населби овде, кон Гази Баба, кон Топаана. Жално е луѓето во 21 век да живеат така како што живеат во Чаир, потенцираше таа.

Арсовска пред чаирчани порача до актуелната власт дека граѓаните брзо и сигурно ќе му кажат крај на криминалот, неработењето, корупцијата и непотизмот, а скопјани очекуваат одговори на нивните прашања, на што се потрошени нивните народни пари сите овие четири години.

- Она што им е нејасно на скопјани е каде се потрошија 4 зголемени буџети на градот? Кој ги присвои овие пари? Кој потроши 4 години од нашите животи и од животот на Скопје, за денес повторно да ја бара довербата со истите ветувања, со истите лаги? Овие големи ветувања се и големи разочарувања. Но, нивното време завршува на 17ти октомври. Ќе ставиме крај на нереализираните ветувања, кои се заменуваат со макети и 3Д слики. Скопје нема да дозволи некој уште 4 години да му ја краде иднината, рече таа, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер