Скопјани гласаат за градоначалник на Скопје и на општините Карпош, Чаир, Центар и Шуто Оризари

На вториот круг од локалните избори се гласа и за избор на градоначалник на Градот Скопје и на скопските општини Центар, Карпош, Чаир и Шуто Оризари.

На ниво на Град Скопје запишани во Избирачкиот список, според податоците од веб страната на Државната изборна комисија, се 467.373 гласачи на 685 избирачки места.

Во Центар запишани во Избирачкиот список се 43.951 гласач на 78 избирачки места.

Во општина Карпош на 74 избирачки места право на глас имаат 54.639 гласачи запишани во Избирачкиот список.

Во Чаир со право на глас се 58.208 избирачи на 86 избирачки места.

Во Шуто Оризари има 24.230 запишани избирачи во Избирачкиот список кои треба да гласаат на 36 избирачки места. Во оваа општина на едно избирачко место ќе се прегласува првиот круг од изборите за членови на совет.

Во првиот круг на локалните избори на 17 октомври градоначалници добија општините Сарај, Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел и Гази Баба.

Еден повреден во престрелка во паркот во Чаир

Во паркот на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир денеска од огнено оружје било повредено едно лице. Случајот во СВР Скопје ги пријавиле од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен повредениот.

- Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Германски клуб бил пред згаснување, неговите навивачи за два дена собрале милион евра

Љубителите на фудбалот во Германија се од посебен вид, а тоа го покажа уште еден случај во текот на претходната недела.

Имено, четвртолигашот Либек беше на работ на згаснување, се додека неговите поддржувачи не изреагираа.

Клубот од северот на Германија минатата недела објави дека е пред банкрот и дека треба да собере милион евра за да преживее за помалку од 48 часа. Секој би рекол - невозможна мисија.

Но...

Навивачите на Либек веднаш започнаа акција и во експресно време ги собраа потребните пари и собраа доволно за да го спасат клубот од згаснување. На настанот во Либек вчера вечер, претседателот на клубот, Дитер Гидел објави дека повеќе од 4.000 навивачи донирале пари и дека се собрани милион евра кои го спасиле клубот.

По 18 одиграни кола во четвртата лига на Германија, Либек е десетти на табелата во Регионалната лига Север со 25 бода, што е седум повеќе од зоната за испаѓање.

Израел запре ирански авион над Сирија под сомнение дека пренесува оружје за Хезболах

Два борбени авиони Ф-35 на израелските одбранбени сили (ИДФ) пресретнаа ирански товарен авион на компанијата Кешм Фарс Ер, осомничен дека носел оружје за Хезболах во Либан над Сирија.

Оваа акција се случила во ноќта меѓу саботата и неделата, дознава „Тајмс оф Израел“.

Ловците на израелското воздухопловство (ИАФ) го пресретнале иранскиот Боинг 747 и му наредиле да се врати назад, што и го направиле по кратко време.

Во последниве месеци, израелските одбранбени сили принудија неколку ирански товарни авиони да се вратат назад додека биле во сирискиот или ирачкиот воздушен простор, поради сомневање дека носат оружје за Хезболах. ИДФ соопшти дека, за време на прекинот на огнот, ќе продолжи да дејствува за да ги спречи сите испораки на оружје за либанската група, вклучително и напади врз пратки насекаде во Либан или Сирија.

Минатата недела, висок воен функционер рече дека ИДФ не само што ќе ги нападне пратките со оружје, туку дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе се соочи и со последици за помошта на Хезболах.

Неколку часа пред прекинот на огнот кој стапи на сила во средата рано наутро, ИДФ изврши напади на шверцерските рути на Хезболах.

притисни ентер