Скопјанец позитивен на коронавирусот наместо во изолација се шетал низ Охрид

Скопјанец позитивен на корона вирусот наместо да седи во самоизолација заминал во Охрид.

Се шетал низ градот без заштитна маска и ракавици, освен тоа во својот стан во Охрид повикал и вработени во кабелски оператор. Информацијата ја потврдија од полицијата. Ќе добие кривична пријава.

-Тој, на 13.03.2020 година, кога од Австрија пристигнал во Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20.03.2020 година. По медицинскиот наод дека е позитивен тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид. Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23.03.2020 година, бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.-СВР Охрид

За прекршувања на задолжителната самоизолација казнените налози од државното обвинителство се движат од 1000 евра нагоре. А последните статистики на МВР говорат дека:

-Во текот на изминатото деноноќие (01/02.04) на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале изјава за самоизолација. Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во својот дом - МВР.

Обвинителството отвори и предмет за лице за ширење на заразна болест во време на епидемија кој наместо да остане во самоизолација по враќање во земјава се среќавал со своето семејство и блиските како и со вработени во неговата фирма. Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека преку МИОА се изработува апликација со која лицата што се во самоизолација ќе се следат електронски.

Шилегов очекува до крајот на месецов да биде распишана постапка за нов тендер за тунелите под Кале

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува дека до крајот на месецов ќе биде распишана постапката за избор на нов тендер за тунелите под Кале.

– Јас сум човек кој преферира добро да испланира пред да влезе во реализација, затоа и многумина мислеа дека првата година градоначалникот не работи ништо. Но, видовте дека како влеговме во реализација немаме застанато и јас немам намера да застанам, дали нареднава една, дали наредниве пет години. Во таа една, односно пет години ќе дојде до реализација и на тунелите, рече Шилегов.

Во однос на стационарот Лајка, Шилегов рече дека е скоро целосно готов, односно останува уште во една од халите да се спроведе електрика.

– Јас мислам дека до крајот на оваа недела целосно ќе завршиме со уредувањето. АХВ има закажано контрола на 25 септември со цел после тоа, откако ќе биде одобрено отворањето да го ставиме конечно стационарот во полна употреба, посочи Шилегов.

Прашан за наредните чекори што Градот ќе ги преземе за депонијата Вардариште, Шилегов изрази очекување дека со отпочнувањето на преговорите со Европската Унија ќе се отворат фондовите, а со тоа, како што рече многу поедноставно и Градот, но и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе работат на овој проблем.

Во однос на случајот со навивачите од пред неколку дена, тој рече „секогаш кога го имаме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, имаме провокации на национална основа".

– Замолувам ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти праксата да си игра лесно со емоциите на луѓето, особено најдлабоките емоции како што се националните. Граѓаните ги повикувам да задржат разум, мир, стабилност, рационалност во своето однесување и да не подлегнуваат на ситни провокации кои очигледно дека некој ги прави за сопствена политичка агенда. Во нормална демократска партија која изгубила избори требаше да се разговара за промена на раководство или за непромена, а не да се прават обиди за демонстрации или обиди за насилство на улица, со цел да се избегне одговорноста, додаде Шилегов.

Средба на министерот Спасовски со шведската амбасадорка Форсгрин Бенгтсон

Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Поддршката што Шведска ѝ ја дава на нашата земја во процесите на интеграција кон ЕУ, како и можностите за идна соработка во областа на безбедноста беа во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шведската амбасадорка во земјава Кристин Форсгрин Бенгтсон, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи.

– Соговорниците ги потврдија заедничките приоритети како што се борбата против организираниот криминал, владеењето на правото и борбата против корупцијата, со подготвеност за заедничка соработка на овие полиња во иднина, се наведува во соопштението од МВР.

Министерот за политички систем Груби оствари средба со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби, денес оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо.

Посакувајќи добредојде во неговиот кабинет, првиот вицепремиер Груби истакна дека односите со меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се коректни.

Груби изрази уверување дека развојот на економската соработка ќе биде понатамошна цел на амбасадорот Џанг Ѕуо и дека тоа ќе резултира со зголемување на бројот на кинеските компании кои ќе најдат интерес да инвестираат во Република Македонија.

Првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот COVID-19.

Амбасадорот Џанг Ѕуо се заблагодари за реализираната средба и во оваа пригода му пренесе на првиот вицепремиер дека Република Македонија е пријателска земја за кинескиот народ, со посебен придонес во развојот на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја поздрави континуираната поддршка на Република Македонија кон државните позиции на Народна Република Кина.

Истотака амбасадорот Џанг Ѕуо подвлече дека Народна Република Кина посветува големо внимание на досегашната соработка во сите сфери меѓу двете земји и верува дека таа ќе се интензивира со цел да се постигнат конкретни резултати. Амбасадорот Ѕуо истакна дека во наредниот период ќе се ангажира во интензивирање на соработката меѓу Македонија и Кина во областа на културата, образованието и туризмот.

Груби пред кинескиот амбасадор изрази интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побара да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот.

Груби и Ѕуо разговараа и за стратешките електронски комуникации, 5G мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери.

притисни ентер