Скандал во Мароко: Професори за секс им давале подобри оценки на студентките

Четворица предавачи на водечки универзитет во Мароко се појавиле пред суд поради тврдењата дека на студентките им нуделе подобри оценки во замена за секс, пишува Би-Би-Си.

Професорите се обвинети за поттикнување разврат, родова дискриминација и насилство врз жените, а се уште не ја признале вината.

Обвинетите предавачи се од Универзитетот Хасан Први во градот Сетат, околу 80 километри јужно од главниот град Казабланка.Петтиот професор е обвинет за сексуален напад и тепање.

Приказната била објавена во септември преку социјалните мрежи, кога наводно биле разменети пораки од предавачите и студентките.

Уредникот на вестите на Би-Би-Си од арапскиот свет, Себастијан Ашер вели дека случајот во Мароко предизвикал бес, но не и изненадување. Неколку вакви скандали во последните години го довеле во прашање доброто име на мароканските универзитети.

Разликата меѓу овој случај и другите е што овој навистина стигнал до суд. Повеќето од пријавените случаи не отишле толку далеку, додаде тој.

Групите за човекови права велат дека ова е симптоматично за општество во кое сексуалното насилство останува широко распространето и многу жени не се чувствуваат сигурни во споделувањето на своите искуства поради можна одмазда и потенцијални последици за нив и нивните семејства, пишува Би-Би-Си.

Примопредавање на дел од министерските ресори

Денеска во дел од ресорните министерства ќе се изврши примопредвање на министерските функции на новите министери во новата Влада.

Во министерството за одбрана заврши примопредавањето помеѓу досегашната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и новата министерка Славјанка Петровска.

Прва седница на Владата предводена од премиерот Димитар Ковачевски

Владата предводена од новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе ја одржи првата седница, со почеток во 14 часот. 

Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав.

Претседателот на Владата Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања.

Оливер Спасовски е избран за министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – за одбрана, Никола Тупанчевски – за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јована Тренчевска – за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска – за култура, Горан Милевски – министер за локална самоуправа, Беким Сали – за здравство, Јетон Шаќири – за образование и наука, Бујар Османи – за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – за економија, Насер Нуредини – за животна средина, Адмирим Алити – за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи – министер без ресор задолжен за дијаспората.

Цената на златото со благ раст поради монетарната политика на ФЕД

Цената на златото утрово благо порасна поради очекувањата дека ФЕД нема нагло да ја заостри монетарната политика и покрај високата инфлација, покажуваат податоците за трговијата.

Во 7.41 часот цената на февруарските фјучерси на златото на Њујоршката берза порасна за 0,18 отсто или 3,25 долари на 1819,8 долари за троја унца. Мартовските фјучерси на среброто се зголемија за 0,48 отсто на 23.027 долари за унца.

Вниманието на инвеститорите е насочено кон понатамошните активности на ФЕД, кој најверојатно ќе ја зголеми основната каматна стапка на следниот состанок.

Според аналитичарите на TD Securities, цитирани од Волстрит Журнал, неодамнешната изјава на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, е сигнал дека каматните стапки може благо да се зголемат. Ова значи дека благородниот метал има можност за поскапување.

притисни ентер