Скандал: Публиката во Атина фрла со предмети по играчите на Алкалоид (Видео) - Канал 5

Скандал: Публиката во Атина фрла со предмети по играчите на Алкалоид (Видео)

Скандал: Публиката во Атина фрла со предмети по играчите на Алкалоид (Видео)
Жестока атмосферата на натпреварот помеѓу Алкалоид и АЕК во Атина. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Утврден ставот на Советот на ЕУ за Буџетот на Унијата за 2026 година

Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на Европската Унија (Корепер) го утврди ставот на Советот на ЕУ за Нацрт-буџетот на блокот за 2026 година, со кој се предлагаат 186,24 милијарди евра за обврски и 186,49 милијарди евра за испла

Утврден ставот на Советот на ЕУ за Буџетот на Унијата за 2026 година

- Во светот што се менува, потребна ни е силна Европа. За да го направиме тоа, потребен е заеднички Буџет што ги поддржува нашите заеднички приоритети, а истовремено овозможува простор за справување со неочекувани предизвици, изјави дански министер за финансии Николај Вамен, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Вамкен, кој е главен преговарач за Советот за буџетот во меѓуинституционалниот „тријалог“ за Буџетот за 2026 година, додаде дека е охрабрен од денешната одлука, што му обезбедува „солиден мандат“ за претстојните преговори.

Во договорот на Советот на ЕУ се нагласува важноста од донесување на Буџет на Унијата за 2026 година кој ќе биде соодветен за спроведување на политиките и програмите на блокот и ќе му овозможи справување со тековните кризи и предизвици, како што се состојбите во Украина и на Блискиот Исток, зајакнувањето на одбранбената подготвеност на Европа и соочување со мигрантските притисоци.

- Советот смета дека буџетот за следната година треба да овозможи доволно резервни средства за справување со непредвидени кризи и околности. Во исто време, буџетот за 2026 година треба да обезбеди доволно ресурси за да се овозможи веќе преземените обврски да се платат навремено, посочи Советот на ЕУ.

Според буџетската методологија на ЕУ, расходите на Буџетот се делат на „обврски“ и „исплати“. Обврските се дефинирани како законски задолженија за издвојување средства за активности кои се спроведуваат во текот на неколку финансиски години, додека исплатите се трошоци предвидени со Буџетот само за тековната година.

Врз основа на договорот, Советот на ЕУ треба да ги започне преговорите со Европскиот парламент по Нацрт-буџетот на Унијата за 2026 година предложен од Еврокомисијата. Законскиот рок за постигнување конечен договор за Буџетот на ЕУ за следната година истекува на полноќ на 17 ноември 2025 година.

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие

Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо, соопшти ОЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.

Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази, наведуваат од ОЈО Скопје.

Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.

Одложено поместувањето на Охридскиот регион на Листата светски културни и историски наследства во опасност на УНЕСКО

Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.

Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.

Инаку, во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.

Дел од експертите отворено го поддржуваа поместувањето на регионот на Листата светски наследства во опасност, со уверување дека тоа е вистинскиот начин да се натераат државата, институциите, општините засилено да се ангажираат во насока на исполнување на препораките за надминување на проблемите што доведоа до сегашната ситуација.

[Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.]

Триесет и девет организации и една европска мрежа со 15 организации-членки, преходно доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со барање за усвојување на нацрт-одлуката за впишување на Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност.

Драгана Велковска од Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ коментирајќи ја денешната одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за МИА истакна дека се работи за уште една чисто политичка одлука.

- Комитетот повторно одлучи да ги игнорира експертите и да го награди непочитувањето на Конвенцијата со уште една шанса. Со тоа ги предаде своите основни принципи и активно ја поткопа самата суштина на Конвенцијата за светско наследство која има должност да ја спроведува, рече таа.

Според неа, носењето политичка одлука третпат по ред е преседан за Охридскиот УНЕСКО Регион. Откако Регионот е прогласен за УНЕСКО наследство никогаш во над 40 години историја не се случило три последователни експертски мисии по ред да алармираат дека Охридскиот регион де факто е светско наследство во опасност и уништувањето само повеќе се интензивира, а Комитетот тоа да го игнорира.

- Слушањето лобисти наместо експерти само охрабрува нови деструктивни активности, како што потврди и Мисијата од 2024 година. Со носење политички наместо експертски одлуки се праќа порака до владите дека немаат одговорност веднаш да ги запрат, откажат и повлечат сите тековни и планирани деструктивни проекти, и да покажат вистинска посветеност кон обновата на Исклучително универзалната вредност на Охридскиот регион. А тоа е тежок пораз, не само за Македонија, туку и за светот, истакна таа.

притисни ентер