Сите се за настава со физичко присуство, но никој не знае од каде пари за струја и греење

Министерството за образование се уште анализира како да ги ублажи сметките за струја на основните училишта. 

Додека деветте општини од Полог чекаат официјален одговор на нивното барање зимскиот распуст да почне порано, дел од градоначалниците се огласија дека се категорично против затворање на училиштата.

За првиот човек на Гази Баба, Бобан Стефковски, пандемијата покажала дека онлајн-учењето не дало задоволителни резултати и побара зголемување на блок дотациите за да се покријат трошоците. На иста линија е и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој вели дека општината презела сериозни мерки за штедење на струја но, според него, неопходна е поголема помош од централната власт.

Ресорниот министер Шаќири засега нема јасна финансиска стратегија. Првично решението го гледа во пренамена на средства од други буџетски ставки на општините и, доколку има, неискористени блок дотации, за што министерството детално ги проверува сметките на училиштата.

„Барање кое е доставено до месец септември веднаш да предвиди што очекуваме во декември мислам дека во овој период, мислам дека требаше ова да биде доставено малку покасно. Мојот став е ако сакаме физичко присуство на настава можеме да се организираме, сите тие буџетски средства да ги рационализираме за да можеме да имаме физичко присуство на настава. Јас сум на тој став, учебната година да е со физичко присуство.“-Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Некои градоначалници излегоа со предлог Владата да ги преземе училиштата и градинките, но оттаму изјавија дека греењето за овие установи е во надлежност на локалната самоуправа. И СОНК побара надлежните што поскоро да го решат проблемот бидејќи, според нив, не смее да има прекин на наставата со физичко присуство.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер