Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи, земјата и натаму се соочува со пожари

Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. 

Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е неопходна реформа во системот за менаџирање со кризи.

- Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по вчерашната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот „Изворче“ во детската градинка Срничка во Аеродром.

Дополни дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија, кога, како што рече „ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи“.

Информираше дека на владината седница одобриле повеќе средства за ЦУК и ДЗС кои се потребни за справување со пожарите.

Премиерот се осврна и на ситуацијата со пожарите при што посочи дека се соочиле со состојба да немаат летала да се справуваат со огнената стихија, додека, во меѓувреме, и пилотите се во пензија.

- Немавме летала за да се справуваме со пожарите со кои што почнаа на 10 јули, освен тоа, пилотите беа во пензија. Армиските полициски хеликоптери беа на сервис. Практично, ние голораки, заедно со пожарникарите, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со доброволците се бориме дневно со повеќе од 40 огнени стихии, секој ден, на целата територија на државава, рече тој, заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваат во гаснењето на пожарите.

Бројот на пожарите не се намалува, апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават.

Според неговите информации, во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало 32 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 15 целосно се изгаснати, шест се ставени под контрола, а 11 се активни.

Пожарот што ја одбележа вечерта е кај селото Врбен во Општина Маврово и Ростуше, за кој Ангелов изјави дека се работи за голем шумски пожар во кој гори смрека, сува трева и јела.

- Се развива висока температура, и во овој момент линијата на огнот е околу 500 метри над првите куќи од селото Врбен. Помеѓу пожарот и селото има асфалтиран пат, верувам дека вработените во НП Маврово со поддршка на локалното население, на асфалтираниот пат ќе успеат да го сопрат овој тежок шумски пожар, изјави тој вчера.

Ангелов информираше дека врз овој пожар во текот на денот вчера дејствувале со пет ер трактори со кои што успеале да го изгасннат едниот крак, а воедно, како што рече, дејствувал и еден голем полициски хеликоптер МИ 171, со големо ведро од два и пол тони, кој што, исто така, значително ја намали линијата на пожарот.

Покрај овој пожар, на територијата на државата, како што информираше директорот на ЦУК, во моментов има и други тешки пожари, како што е пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, кој гори кај селото Белица каде што гори борова шума, а пожарот беснее веќе повеќе од 20 дена.

Дополни дека има пожар на територијата на Општина Пехчево, пожарот кој што е активен веќе четврти ден кај селото Негрево, потоа во Општина Новаци, кај селата Полог, Татевци, Гнилеж и Паралово.

Во врска со пожарот на планината Галичица, каде што гори од двете страни, и од охридската, и од ресенската страна, Ангелов рече дека се обидуваат да го изгасат од земја.

- Овде се обидуваме да го изгаснеме од земја. Притоа тим алпинисти, односно доброволци од планинската спасителна служба од Охрид, заедно со вработени во НП Галичица, со хеликоптер ги исфрламе на врвот на планината, и тие од таму се спуштат кон огнените јазици и се обидуваат истите да ги изгаснат. Иако од охридска страна веќе се развија два крака од кои што еден оди кон една планинарска куќа, рече тој.

Дополни дека има пожари и на територијата на Општина Кичево, кај селото Патеец, каде што вчера попладне за малку селото ќе било зафатено од пламените јазици.

- Една куќа беше благо опожарена, но не претрпи поголема штета, рече Ангелов, дополнувајќи дека благодарение на храбрите кичевски пожарникари и локалното население, пожарот бил сопрен буквално пред самото село.

Сподели дека пожари има има и кај селото Зајас, кучевско, потоа кај селото Пласница во Општина Пласница и село Латово во насока на Македонски Брод, како и на територија на Општина Долнени и тоа кај селото Костинци, село Долгаец.

Во врска со пожарот на територија на на Општина Кочани, Македонска каменица, информираше дека гори некаде во атарот на селото Пресека кон село Цера.

За него рече дека е исто така многу тежок шумски пожар кој што ќе создаде сериозни проблеми, бидејќи гори борова шум и папрат, затоа што се работи на повисока надморска височина, која што, според него е тешка за совладување.

Ангелов вчера информираше дека во меѓувреме се појавиле неколку помали пожари кои пожарникарите ќе се обидат да ги совладаат во прва фаза.

- За нас е многу важен тој почетен напад врз пожарите бидејќи и најмалиот пожар за миг може да се претвори во страотен пожар за кој што потоа ќе бидат потребни денови, но и огромна количина на ресурси да биде изгаснат, рече Ангелов.

Апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикаат пожар на отворен простор, и ги повика доколку забележат чад или отворен оган да ги пријават на бројот 112. Но, доколку се сомневаат дека одредено лице некаде подметнало пожар, истото да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 112.

Директорот на ЦУК сподели дека во текот на јули имало 765 пожари на отворен простор меѓу кои и шумски пожари.

Портокалово ниво на опасност од високи температури, активни мерките на владата

Против пожарите не помага ниту топлотниот бран кој деновиве ја зафати државава. Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени.

УХМР до крајот на оваа седмица прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а од четврток локална појава на дожд.

- Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради новиот топлотен бран во првите три дена од оваа работна седмица, до денеска, важат препораките за намалување на ризиците од високите температури кои ги усвои Владата на седница во неделата, на барање на Министерството за здравство.

Со препораките за превенција, ослободени од работните обврски се најранливите групи население - бремените жени и лицата постари од 60 години.

На работодавачите им е препорачано од 12 до 14 август да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено односно да се избегнуваат работни активности на отворено од 11 до 17 часот, а во тој период од денот да не се изнесуваат ниту децата од градинките и тие да немаат физичка активност.

На општините, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се укажува да им помогнат на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Чешката Памела Андерсон ги остава спортистите без збор- не знаат каде да гледаат (ВИДЕО)

Некогаш позната како модел, ринг девојка и заштитно лице на бројни реклами, меѓу кои и оние за потенција, денес Тана Бистронова има сосема нова кариера.

Имено, таа во ноември минатата година ја презеде улогата на менаџер на ФК Виагем, а како што пишуваат чешките медиуми внесе нова енергија, но и сериозна доза на провокација. Многумина ја дочекаа со скептицизам, нарекувајќи ја „Чешката Памела Андерсон“, но Бистронова не се грижи за етикетите:

- Не читам коментари. Луѓето често се завидливи - самоуверено вели таа.

„Viagem Ústí nad Labem“, клуб кој со години се мачеше во пониските лиги, сега има амбиции да се врати во повисоките рангови. Клубот се потпира на стратегија која комбинира талентирани млади играчи со искусни фудбалери како Томас Кучера, Алоис Хичка и Марко Червенка. Новиот сопственик на клубот, компанијата Вијагем, вложи значителни средства во засилувања, но можеби најхрабар потег беше ангажирањето на Бистронова.

- За мене ова е нова можност во мојот живот, иако долго време се занимавам со манекенство. Ова е сосема поинаков предизвик и многу ми се допаѓа бидејќи го сакам фудбалот - истакнува Бистронова која стана омилена меѓу навивачите, но и на социјалните мрежи на клубот.

FK Viagem се издвојува не само на теренот, туку и надвор од него, благодарение на специфичниот, речиси бизарен маркетинг. Бистронова стана централна фигура на оваа стратегија, каде доминираат смели и провокативни потези.

- Правиме бизарна промоција, но во неа има и спортско јадро. Секој може да најде што му одговара. Клучот е да привлечете внимание, бидејќи во денешниот свет тоа е единствениот начин да се успее – објаснува таа.

Интересно, на фудбалерите понекогаш им е потешко да разговараат со неа, бидејќи таа им го одвлекува вниманието со својот изглед, отколку да постигнат гол.

Иако е нова во светот на фудбалот, Бистронова не се потпира само на својот шарм. Нејзиниот партнер, искусниот новинар Томаш Взорек, игра клучна улога во нејзиниот развој.

- Тој е мојот најголем ментор. Учам од него колку што можам, често се консултираме за различни работи - признава Бистронова. Иако признава дека сè уште треба да се „зафати“ со фудбалот за да поставува професионални прашања на клупскиот подкаст, нејзината посветеност е несмалена.

Додека FK Viagem ја продолжува својата борба за враќање во повисок ранг, едно е сигурно: со Тана Бистронова како заштитно лице на нивниот нов маркетинг пристап, вниманието на медиумите и јавноста нема да изостане.

Признал дека силувал 100 жени, а сега ќе биде ослободен - соседите во Лос Анџелес преплашени

Човекот познат како „Силувачот со перница“, кој призна дека сексуално нападнал 100 жени во текот на децении, наскоро ќе биде пуштен од државната болница во Калифорнија на адреса на округот Лос Анџелес по втор пат.

Човекот познат како „Силувачот со перница“, кој призна дека сексуално нападнал 100 жени во текот на децении, наскоро ќе биде пуштен од државната болница во Калифорнија на адреса на округот Лос Анџелес по втор пат, откако ги прекршил условите на неговото прво ослободување пред речиси една деценија.

За 1 октомври е закажано судско рочиште за да се утврди каде ќе биде ослободен 73-годишниот Кристофер Хабарт, соопшти Окружното обвинителство во соопштението во средата. Државната болница препорача сместување на адреса во долината Антилопи, во пустина на околу 130 километри северно од центарот на Лос Анџелес, пишува порталот Law&Crime.

Хабарт беше условно пуштен во март 2023 година, и покрај приговорите на обвинителите, според Канцеларијата на окружниот обвинител.

„Продолжувањето да се ослободуваат сексуално насилни предатори во загрозените заедници како што е долината Антилопи е неодговорно и неправедно“, рече окружниот обвинител на Лос Анџелес, Џорџ Гаскоњ.

„Повтореното сместување на овие лица во истата заедница покажува бесрамно непочитување на безбедноста и благосостојбата на нашите жители. Нашите заменици обвинители ќе продолжат да се спротивставуваат на сместувањето на Хабарт во долината Антилопи. Мораме да бараме повеќе од нашиот правосуден систем, обезбедувајќи дека одлуките им служат на интересите на нашите заедници додека се разгледуваат алтернативни локации за такви ослободувања“, додаде обвинителот.

Хабарт бил осуден во 1972 година за силување на 14 жени. Го добил прекарот „Силувач со перници“ затоа што користел навлаки за перници за да го пригуши крикот на некои од неговите жртви, објави Лос Анџелес Тајмс.

На денот кога бил пуштен на условна слобода во 1983 година, тој силувал жена, а потоа силувал уште девет во областа Сан Хозе истата година пред да биде фатен и вратен во затвор, напиша тогашниот шериф на округот Лос Анџелес Џон Скот во писмо до Судијата на округот Санта Клара во 2014 година, протестирајќи против ослободувањето на Хабарт.

Хабарт повторно бил ослободен во 1990 година, но повторно е уапсен откако зеде жена како заложник, рече шерифот. Хабарт признал дека силувал повеќе од 100 жени низ Калифорнија помеѓу 1971 и 1983 година, вклучително и 26 во округот Лос Анџелес, напиша шерифот.

„Многу малку американски криминалци предизвикуваат страв во јавноста како Кристофер Хабарт“, напиша Скот.

„Не можам доволно да го нагласам моето противење на сместувањето на Кристофер Хабарт во пошироката заедница на Ланкастер. Тој е најплодниот и најнасилен силувач што сум го сретнал во 45 години на правдата во Калифорнија. Тој е прогласен за ментално растроен и екстремно опасен насилен сексуален престапник , а неговото присуство во заедницата Ланкастер ќе предизвика страв кај речиси сите нејзини жители“, додаде Скот.

Две години по неговото ослободување во округот Лос Анџелес, Хабарт беше вратен во Државната болница поради прекршување на условите за неговото ослободување. Тој падна на пет полиграфски тестови за неговите „мисли и фантазии“, објави Асошиејтед прес.

Меѓутоа, во 2021 година, Државната болница му препорача да се квалификува за условно ослободување, што го отвори патот за неговото претстојно ослободување следниот месец.

Не е јасно зошто е донесена таква одлука. Портпаролот на државните болници одбил да коментира, повикувајќи се на федералните и државните закони за приватност на пациентите.

Првите луѓе на градот Палмдејл, во близина на местото каде што Хабарт ќе биде ослободен, силно се спротивставија на веста за негово можно сместување на адреса во Перлблосом, 15 милји источно од Палмдејл.

Градоначалникот на Палмдејл, Остин Бишоп, во изјавата призна дека иако адресата е надвор од градските граници, неговото присуство предизвикува страв кај многу жени во областа. Одлуката на Северна Калифорнија да го ослободи на законски задолжителна локација во округот Лос Анџелес - по втор пат - ја зголеми загриженоста во заедницата, изјавија официјални лица.

„Нашата поголема заедница во долината Антилопи претходно го помина ова со силувачот Хабарт“, рече Бишоп.

„Единственото место кое му припаѓа на овој опасен криминалец е затворот. И градот и јас лично ќе поднесеме коментари против неговото ослободување и сместување во Перлблосом. Мораме да ја заштитиме нашата заедница. Самото негово присуство ќе прогонува и исплаши многу жени“, додаде тој .

Една жена, која претходно живеела во негова близина, изјави за CBS Local дека веста дека серискиот силувач би можел да живее во заедница повторно ја потсетила на сопствената траума.

„Како жртва на силување кога имав 14 години, морам да кажам дека е многу страшно“, рече таа.

„Не можеме да го имаме овде бидејќи повторно ќе побегне и повторно ќе силува“, верува таа.

„Полскиот Фрицл“ вршел неверојатни експерименти над девојка: Ѝ ги извадил сите заби

„Полскиот Фрицл“, како што го нарекоа медиумите во Полска, осомничениот кој четири години држел девојка затворена во штала, вршел грозоморни експерименти врз својата жртва.

Матеуш Ј.(35) ја чувал девојката како сексуална робинка и ја малтретирал, а сега на површина излегоа нови шокантни детали. Како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на медицински извештаи, тој наводно ѝ ги извадил сите заби и вршел сурови експерименти врз неа.

Девојката, која е идентификувана како Малгоржата (30), била примена во болница минатата недела со изместено рамо, кога се дознала нејзината судбина.

Како што пренесува Дејли Мејл, лекарите во својот извештај заклучиле дека жената со години била подложена на психичко, физичко и сексуално малтретирање и дека нејзиниот мачител најверојатно вршел сурови експерименти врз неа.

Малгоржата ѝ признала на друга пациентка дека била постојано силувана и мачена додека била затворена во подрум во западна Полска. Таа исто така беше брутално осакатена. Меѓу другото, нејзиниот мачител ѝ ги отстранил усните и сите заби. Овие наводи се истражуваат.

Матеуш Ј. е уапсен и му се заканува затворска казна од 35 години. Засега тој ги негира сите обвиненија.

Меѓутоа, неговите соседи секогаш се сомневаа во него.

„Ме плаши кога ќе помислам на фактот дека Матеуш стоеше таму, копаше дупки во градината и нè гледаше“, рече Зџислава Јагело.

Нејзината градина се граничи директно со шталата во која Малгоржата, мајка на две деца, била заклучена во просторија без прозорци со димензии само три на три метри.

"Ништо не слушнавме, не знаеме дали некако ја заштитил куќата одвнатре. Ѕидовите се стари и многу дебели. Со тоа што ѝ го направи, тоа е нешто што треба да го слушнете - нејзините вресоци". додаде соседот на осомничениот.

Родителите на Матеуш рекоа дека никогаш не го забележале нејзиното присуство и го опишале нивниот син како „добро момче“ кое често го туркало својот татко со хендикеп.

притисни ентер