СИРИЗА го обвини турскиот министер фидан дека го прекршил Преспанскиот договор

Во соопштението на партијата тие ја повикуваат владата на Мицотакис да престане да ги потценува турските провокации.

СИРИЗА го обвини турскиот министер фидан дека го прекршил Преспанскиот договор

Грчката опозициска партија СИРИЗА ги осуди како што наведе сериозните прекршувања на Договорот од Преспа од страна на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за време на неговата вчерашна посета на Македонија, во чии рамки, освен името Северна Македонија, паралелно го користел и името Македонија.

Во соопштението на партијата тие ја повикуваат владата на Мицотакис да престане да ги потценува турските провокации и и да преземе дипломатски дејствија со демарши за како што се посочува, Турција конечно да се усогласи со меѓународното право и реалноста. Индикативен е фактот што посетата на турскиот министер има за цел зајакнување на стратешките односи со Северна Македонија, а од друга страна Нова Демократија не се погрижи да ги развие билатералните стратешки односи и улогата на Грција кај соседната земја, со ратификување на меморандумите, потпишување нови и свикување на предвидените високи совети за стратешка соработка, велат од СИРИЗА.. Реакција од грчката влада засега нема..

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Кошаркарите на Денвер синоќа на домашен терен го совладаа Милвоки со 127:117 и со тоа го забележаа 46. сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл

Најефикасен во тимот на Денвер беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој во првиот натпревар откако се врати на паркетот по повредата забележа трипл-дабл со 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Српскиот центар ги пропушти претходните пет натпревари на Денвер поради повреда на зглобот.

Во редовите на Милвоки поради повреда отсуствуваа Јанис Антетокумпо и Демијан Лилард.

Денвер е трет во Западната конференција со 46 победи и 28 порази, додека Милвоки е шести на Истокот со 40 победи и 32 порази. /МИА

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Маж и жена од Јапонија биле уапсени и депортирани од Кина поради „скандалозно однесување“ за време на нивната посета на Кинескиот ѕид.

Брачна двојка од Јапонија сe депортирани поради скандалозно однесување на Кинескиот ѕид

Сѐ почнало невино, или барем засегнатите така мислеле, кога сопругот решил да се пошегува па го покажал задникот додека жената го фотографирала на Кинескиот ѕид. Меѓутоа, тој чин, којшто според кинеските закони се смета за „навреда на јавната пристојност“, предизвика бес и доведе до брза депортација на прекршителите, истакнувајќи го судирот на културните норми меѓу Јапонија и Кина, пишуваат кинеските медиуми.

По инцидентот, обезбедувањето на историскиот споменик веднаш реагирало и ги приведе мажот и жената. Поради нивните постапки, тие биле уапсени и две недели биле в затвор пред депортацијата во Јапонија.

Јапонското Министерство за надворешни работи потврди дека туристите „на крајот биле ослободени и вратени во Јапонија“ и оти тоа се случило во јануари, иако веста е објавена сега.

За време на нивниот разговор со дипломатите и надлежните кинески власти, ослободените се правдале дека тоа било шега. Но, нивното објаснување не ја намалува сериозноста на културниот престап и прекршувањето на законските прописи во Кина.

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во Пакистан

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во областа Гвадар во југозападната пакистанска провинција Белуџистан, соопшти полицијата.

Најмалку шест лица загинаа во терористички напад во Пакистан

Според локалните власти, нападот се случил кога вооружени терористи отвориле оган врз цивили во областа Калмат во Гвадар, Пакистан, убивајќи пет лица, додека едно рането лице им подлегнало на повредите во болница.

Полицијата, безбедносните сили и спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на инцидентот, кои ги префрлиле телата и повредените во блиската болница.

притисни ентер