Сириец подготвувал терористички напади во Германија

Полицијата на Берлин уапси сириски државјанин осомничен за подготвување терористички напад во Германија, соопшти обвинителството во Карлсруе.

„Обвинетиот, со радикална исламистичка позадина, набавувал хемикалии и делови потребни за правење експлозивна направа уште од почетокот на 2019 година“, се вели во соопштението на Кабинетот на јавниот обвинител на Карлсруе, во кое се испитуваат сите сомнителни закани за уставниот поредок на Германија.

Осомничениот, според соопштението, планирал да ја активира експлозивната направа на досега непозната локација во Германија. Требало да користи експлозив ТАТП, кој е популарен кај терористите затоа што лесно може да се направи со достапни материјали како што е ацетон.

Јавниот сервис АРД известува дека станува збор за 37-годишниот сириски државјанин Абдула Х., кој веќе неколку месеци е под надзор на власта. Германските власти дознале за осомничениот по пријава од странска разузнавачка служба која следела група блиска до Исламската Држава на платформата за пораки на Месинџер.

Фото: Адријана Лима позира гола под месечевата светлина

Бразилската манекенка Адријана Лима објави нова фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола.

Славната манекенка го покажа своето совршено тело позирајќи гола на месечевата светлина.

-Кога ќе се сретнат двете Месечини, напиша Адријана во описот на објавата.

Иако манекенката минатиот месец наполни 40 години, се уште изгледа феноменално и не покажува знаци на стареење.

Фото: Ѓоковиќ со белгиските гимнастичарки стана хит на интернет

Новак Ѓоковиќ повторно воодушеви бројни фанови на спортот ширум светот, неговиот ведар дух и дружељубивост секогаш се препознаваат.

Овој пат тој влегол на тренинг од олимписки гимнастичарки и им се придружил.

На интернет стана хит фотографијата која на својот Инстаграм профил ја објави белгиската олимписка гимнастичарка Нина Дерваел.

На фотографијата Нина вежба пред натпреварот а во изведувањето на шпага и се придружил и Новак Ѓокович и уште некои белгиски натпреварувачки.

„Кога Новак Ѓоковиќ ќе те замоли за фотографија, едноставно не можеш да одбиеш“, напиша Нина во описот на фотографијата.

Насмевнатиот Ѓоковиќ со шпагата ги освои срцата на фановите на белгиската натпреварувачка, а објавата е преполна со позитивни реакции.

Видео: Американски пожарникари возат низ голем пожар

Шумските пожари и понатаму беснеат на западот од САД.

Се бележат рекордни теператури, многу граѓани морале да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат против пожарите во екстремни услови.

Двајца пожарникари загинале во пад на авион. На северот од Невада, недалеку од границата со Калифорнија, дошло до масовна евакуација поради избивање на пожар предизвикан од гром. Еден пожар создал голем облак од чад и пепел кој во комбинација со временските услови создал сопствени молњи.

Во Орегон пожарот зафаќа површина од 311 километри квадратни.

Пожарникарите објавија снимка од возење во сред пожар. Погледнете ја:

притисни ентер