Синоќа на протестите во Барселона без око останале неколкумина, а двајца се во критична состојба

Синоќа на протестите во Барселона без око останале неколкумина, а двајца се  во критична состојба.

Неколку стотици приврзаници на независноста на Каталонија синоќа повторно, по седми пат, протестираа на улиците на Барселона поради неодамнешната пресуда на сепаратистичките лидери.

Една група демонстранти ја блокираше улицата во близина на седиштето на шпанската влада во Каталонија, а друга група ја блокираше големата авенија меридијан во источниот дел на градот.

Вршителот на должноста министер за полиција Фернандо Гранде-Марласка вчера изјави дека во судирите досега биле повредени 288 полицајци, уапсени 194 лица и оштетени се 267 полициски возила. Исто така, повредени се неколку стотици демонстранти.

Градоначалникот на Барселона, Ада Колау изјави дека еден полицаец и еден демонстрант се во критична состојба и дека неколку лица го изгубиле едното око, бидејќи биле погодени од гумени куршуми испукани од полицијата.

Георгиевски: Исплатени 230 милиони денари субвенции за 4.846 земјоделски субјекти

СДСМ и институциите што ги преводи во континуитет се грижат за земјоделцитe. Продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите, рече Гоце Георгиевски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Изминатите денови се исплатени субвенции во вкупна висина од 380 милиони денари.

На 3.310 градинари, кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети им се исплатени 168,9 милиони денари, односно по три денари за килограм.

Средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети.

Финансиска поддршка од 30,4 милиони денари примија и 708 градинари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почеток на мај лани. Тие добиваат по три денари за килограм пролетна зелка предадена кај регистрирани откупувачи.

Над 14 милиони денари беа поделени на 656 мали земјоделски стопанства.

149 милиони денари субвенции се исплатени за одгледани и заклани гоеници во регистрирани капацитети.

Станува збор за финансиска поддршка од 950 денари, која ги следува сите кои имаат одгледано и заклано гоеници од 90 до 130 килограми, а сите фармери кои одгледале и заклале гоеници над 130 килограми, на сметките добија 1.950 денари.

Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи во наредниот период, кон сите земјоделци кои оствариле право на финансиска поддршка во земјоделството.

СДСМ во континуитет води вистинска грижа за земјоделците, со мерки и политики за сестрана поддршка за агросекторот. Развојот на земјоделството и неселективната поддршка за секој земјоделец останува наш врвен приоритет.

Арсовски: Филипче и Заев под итно да си дадат оставки, а не да апсат граѓани

На денешната прес конференција портпаролот Димче Арсовски беше запрашан за коментар во врска со оставките на Венко Филипче и Зоран Заев за горењето на модуларната болница во Тетово и сето она кое што се случи вчера на протестите.

„Наш коментар околу тоа е следниот, Венко Филипче и Зоран Заев наместо да си дадат оставки тие дефокусираат и апсат луѓе кои што мирно протестираа. Венко Филипче и Зоран Заев треба да си дадат веднаш оставка, за да може истрагата да се одвива непречено, да не влијаат. Наместо тоа, не треба да апсат граѓани кои што мирно протестираат, а со тоа и да дефокусираат од нивните оставки", истакна Арсовски.

Арсовски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка до граѓаните кои протестираат, бидејќи со право протестираат поради незадоволството од досегашната истрага која што се случува, односно која ја контролираат Венко Филипче и Зоран Заев.

Во Пакистан е нападнат пункт за вакцинација против детска парализа

Вооружени мажи денеска убија полицаец кој го чувал објектот за вакцинација против детска парализа во северозападен Пакистан, соопштила полицијата.

Пакистанските милитанти често напаѓаат места за вакцинација и полицијата што ги обезбедува, оправдувајќи ги нивните напади со тврдењето дека кампањите за вакцинација против детска парализа е дел од западната завера за стерилизација на пакистанските деца, пишува АП.

Вакцинацијата е дел од националната програма за искоренување на детската парализа до крајот на 2021 година, а целта е да се вакцинираат 6,24 милиони деца помлади од пет години.

притисни ентер