Синдикатот на УКИМ најавува медијација пред штрајк ако Владата не ги повика на средба

Синдикатот на УКИМ најавува медијација пред штрајк ако Владата не ги повика на средба за нивните барања.

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува медијација пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, вели дека минатиот месец им е најавена средба со премиерот, но сѐ уште не се повикани.

– На средбата со премиерот ќе ги изнесеме нашите барања што ги имаме две години – потпишување Колективен договор и постепено покачување на платите, по 25 проценти на годишно ниво, за по четири години да стигнеме на ниво од 100-процентно покачување, некоја достојна плата за вработените на најстариот и најголемиот универзитет, изјави Ристов за МИА.

За овие барања Синдикатот на УКИМ на 2 јуни организираше предупредувачки протест пред Ректоратот и за крајот на тој месец планираше мирен протест пред Владата, но го откажа откако доби ветување од Владата дека нивните барања ќе бидат разгледани од министерствата за образование и наука и за финансии.

– Од тогаш до денес немаме никаква информација. На 18 август ни е најавена средба, добивме одговор дека ќе бидеме побарани од премиерот за да разговараме во врска со барањата. Ние трпеливо ќе почекаме уште една недела и доколку не бидеме повикани и нема никаков одговор, тогаш ќе почнеме со медијација пред започнување штрајк. Тоа е еден правен лек кој ги интензивира преговорите на договорните страни. Тогаш има законска обврска договорната страна, конкретно Собранието, со посредник медијатор да ги отпочне или продолжи преговорите кои застанаа токму кај процентот на покачувањето на платите, рече претседателот на Синдикатот на УКИМ.

Со Колективниот договор на СОНК, вели Ристов, незначително е покачувањето на платите во високото образование, по седум проценти минатата и оваа година. Смета и дека СОНК не е репрезентативен за високото образование зашто мнозинството од членството го влече од градинките и училиштата.

– Тоа покачување е далеку од потребите. Ние десетици години наназад немавме никакви покачувања и платите речиси се приближија во основно и високо образование и една просечна плата е повисока од платата на еден доцент доктор на науки. Никаде во светот нема вакви плати во високото образование, и во регионот имаме најниски плати. Разбираме дека е тешка состојбата, меѓутоа тоа не значи дека мора веднаш. Сакаме да видиме дали од другата страна ги разбираат овие наши барања за конечно да биде потпишан колективен договор. Се разбира, кога ќе биде во можност буџетот, со следениот ребаланс итн. Но, мора да биде одговорено на нашите барања, не може да бидеме игнорирани две години, истакна Ристов.

На 3 октомври е почетокот на академската 2022/2023 година и на прашањето дали може да биде загрозено одржувањето на наставата, одговори дека и досега покажале оти не сакаат да разговараат со притисок, блокади и на штета на студентите.

– Затоа и јунската сесија не беше блокирана, еве и септемвриската се одржува. Ние постоиме во интерес на студентите, но постојано повикуваме и на дијалог, додаде Ристов.

Билдерката Наталија има поголеми бицепси од сопругот, тој тврди дека не му пречи (ФОТО)

Наталија Кузњецова е руска бодибилдерка и шампион во кревање тегови, од клупа и мртво кревање, а соборила и бројни рекорди во тие категории.

Со бодибилдинг се занимава од 14-годишна возраст, кога имала помалку од 40 килограми и сакала да се здебели, но набрзо се заљубила во кревањето тегови.

Последниве денови Наталија повторно се најде во центарот на вниманието кога сподели дека учествува на „Монтенегро Опен“ во бодибилдинг.

Денеска тежи 102 килограми и е висока 170 сантиметри. Затоа не е ни чудо што нејзиниот изглед воопшто не е привлечен за повеќето мажи, но таа „научи да ги игнорира“ негативните коментари за нејзиниот изглед.

Нејзин најголем поддржувач е нејзиниот сопруг Владислав, во кој се заљубила пред повеќе од десет години.

„Не ми пречи што има поголеми бицепси од мене“, изјавил Владислав.

Наталија на Инстаграм ја следат повеќе од милион корисници, а таа речиси секојдневно објавува фотографии на кои го покажува своето извајано тело.

Лидерите на ЕУ подготвуваат голем самит во Прага: Ќе разговараме за саботажата на Северен тек

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за „саботажа“ на гасоводот „Северен тек“ на претстојниот самит во Прага, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Инцидентите се „закана за ЕУ“, напиша Мишел на Твитер по средбата со данската премиерка Мете Фредериксен во Брисел. „Решени сме да ја обезбедиме нашата критична инфраструктура“, напиша тој.

„Оштетувањето на гасоводите не е случајно и мора целосно да се истражи“, напиша Фредериксен на Твитер. Пукнатините се „сериозна ситуација за Европа“, додаде таа.

Европските лидери од повеќе од 40 земји се поканети на собирот во Прага во четврток, пред лидерите на 27-те членки на Европската унија да се состанат на самитот во петок.

Денеска портпаролот на операторот објави дека гасот престанал да тече од гасоводот Северен тек 2, по истекувањето оваа недела што исфрли тони метан во Балтичкото Море.

„Тоа може да значи две работи“, рече портпаролот Улрих Лисек. „Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во цевководот и водата надвор достигнаа рамнотежа.

Русија го обвини Западот за истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, додека земјите-членки на ЕУ веруваат дека тоа е саботажа.

Трикратната светска шампионка продава 18+ снимки за да заработи за настап на ЗОИ (ФОТО)

Елиз Кристи е британска лизгачка во брзо лизгање, која отворила OnlyFans профил каде што ги продава своите 18+ фотографии и видеа за претплата од 11 долари месечно, за да собере пари потребни за патување на Зимски олимписки игри во 2026 година.

Трикратната светска шампионка ги пропушти Олимписките игри во Пекинг во 2022 година поради повреда на лигаментите, по што најави повлекување. Таа го објави ова во интервју за Би-Би-Си, за неколку месеци подоцна да објави дека ќе се обиде да се натпреварува на следните Олимписки игри.

Таа истакна дека патувањето до Милано и Кортина д’Ампецо ќе мора сама да го финансира, па направила план како да ги добие потребните пари. Таа веќе почнала да ги промовира своите OnlyFans снимки, а дала и неколку интервјуа во британските медиуми за да објасни зошто го отворила. Сепак, сите причини се сведуваат на една работа - пари.

Да потсетиме, Кристи пред точно една година ја шокира Британија објавувајќи ја својата автобиографија во која призна дека била силувана и точно опишала како тоа се случило.

Тогаш имала само 19 години, а денес 31-годишната девојка од Шкотска тренира за својата четврта Зимска Олимпијада. Во нејзината автобиографија наречена Resilience, таа посветила цело поглавје на силувањето што се случило во 2010 година, кога излегла со соиграч по враќањето од ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.

„Се сеќавам дека бев со соиграч. Купивме пијалок и по само неколку голтки еден дечко ми пријде и почна да разговара со мене. Не размислував премногу и го прифатив разговорот. Потоа тој ми понуди пијачка. Му кажав дека веќе имам една, но тој се врати со друг и рече: „Пробај го ова“. Испив неколку голтки, бев наивна. Дури не го испив целиот пијалок и веќе почнав да се чувствувам чудно. Беше околу 22 часот и не сакав да останам надвор чувствувајќи се така“, пишува Кристи, која нарачал такси, но мажот тргнал по неа и ја турнал во автомобилот.

„Се чувствував чудно и моето тело не работеше како што треба. Се обидов да се оттргнам од него, но едноставно не можев колку и да се трудев. Секогаш кога ќе паднев на подот, тој трчаше по мене и ме влечеше. Тој заврши и ме стави во таксито. Нејасно се сеќавам дека го замолив таксистот да не нѐ носи до куќата на овој човек и да ме вози на мојата адреса. Во еден момент всушност бевме блиску до местото каде што живеев, а потоа врескав: Таму, мора да одиме таму, сврти.' Сепак, предаторот го убеди таксистот дека сум му девојка и дека сум само пијана, а тој нѐ одвезе до неговата куќа“.

Кристи долго време молчела за тоа што се случило, но сега конечно решила да проговори преку книгата што ја објави. Таа навлегла во многу детали за да им го пренесе на читателите размерите на ужасот низ кој поминала.

„Тогаш ми беше јасно дека ќе ме злоставува сексуално и цело време му викав: „Не!“, рацете ми лебдеа, не можев да станам. На крајот попуштив и се предадов“, пишува Кристи и заклучува:

"Потоа се разбудив среде ноќ и заминав најбрзо што можев. Не го пријавив силувањето во полиција. Не знаев што да правам. Дефинитивно не сакав да ѝ кажам на мајка ми бидејќи знаев дека тоа ќе ја вознемири. На крајот, не бев силувана како што гледате во филмовите, не бев физички повредена, туку бев принудена да имам секс против моја волја“.

притисни ентер