Синдикатот на ,,Еуроникел" со барање за спас на работните места на околу 800 вработени

Ви се обраќаме со длабоко разочарување после минатонеделната комуникација и ветување дека ќе се превземат сите активности за да ни се излезе во пресрет на нашите барања за исплата на плата преку поврат на ДДВ. 

Синдикатот на ,,Еуроникел индустри" испрати барање за исплата на ддв за давање на плата, спас на работните места и егзистенцијата на околу 800 вработени, до Фатмир Битиќи, заменик претседател на Влада задолжен за економски прашања, координација и економски ресори и инвестиции, со копија од барањето до премиерот Димитар Ковачевски, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и Хари Костов, директор на Комерцијална банка АД Скопје.

- Ви се обраќаме со длабоко разочарување после минатонеделната комуникација и ветување дека ќе се превземат сите активности за да ни се излезе во пресрет на нашите барања за исплата на плата преку поврат на ДДВ. Денес е 21 ноември, ддв повратот за месец август 2023 година се уште не е реализиран. Работниците немаат земено плата за месец октомври 2023 и сите наши вработени и нашите семејства останавме и без најчуствителното, без здравствена заштита, пишува во барањето.

Во него се нагласува дека сите ние имаме деца, сите ние имаме основни здраствени потреби, има такви со хронични болести што не може да им се препише редовната терапија.

- Почитуван заменик претседател, молиме, исполнете го ветеното од минатата недела. Ние не бараме да ни се дадат средства што не ни припаѓаат, ние не бараме средства од буџетот, ние не бараме милостина, ние бараме ддв за месец август што и се должи на фирмата и кое е доспеано по сите основи, да се врати, за да можеме да добиеме минимални средства за да го преживееме овој месец и да добиеме здравствена заштита, за нас и за нашите деца. Притоа повторно една третина од средствата пак ќе завршат во државната каса по основ на придонеси, пишуваат од Синдикатот.

Во дописот потпишан од претседателот на синдикалната организација, Миле Ѓорѓиев, се нагласува, дека, доколку ова барање не се исполни, во една ваква ситуација, на вработените не им бил оставен никаков избор, освен да излезат на улица и да протестираат се додека не се остварат основни човекови и работнички права.

- Уредно и согласно закон, најавуваме протест кој ќе се одржи во четврток и петок на регионалниот пат Кавадарци - Дреново кај фабриката ,,Еуроникел". Истиот ќе биде експресно откажан доколку се направи поврат на ддв за месец август 2023 година и работниците добијат плата и здраствено осигурување. Но доколку нема позитивен исход, тогаш најавуваме радикализација на протестите. Со надеж дека сепак ќе го послушате гласот на своите граѓани и ќе ни овозможите тоа што по закон ни следува, очекуваме поврат на ддв и исплата на плата, пишува во барањето од Синдикатот.

Мислела дека се спушта по сајла („зип-лајн“), која потоа се откачила (видео)

 Врисокот на девојката и присутните одекнува низ провалијата...

Сакала авантура и адреналин, не замислувајќи што ќе се случи додека се подготвувала да се пушти по јажето.

Многумина од нас сакаат авантура и на разни начини се обидуваат да си го качат адреналинот, најчесто тоа се некои акробатски активности кои немаме можност секојдневно да ги искусиме. Ваквите работи бараат, пред сè, голема храброст и решителност, но многумина својот страв се обидуваат да го прикријат под лажната храброст и самодоверба.

Во последно време, во екстремните спортови и активности еднакво се застапени и мажите и жените. Сè повеќе дами се тестираат себеси со разни адреналински подвизи.

На Интернет кружи урнебесна снимка со една девојка која сака да се спушти по познатиот зип-лајн (жичена линија), сајла која поврзува две карпи над некоја провалија, слично како кај жичниците. Иако девојката долго време се подготвувала за оваа адреналинска акција, таа сепак е исплашена, но се труди да остане максимално сталожена. Вработените во позадина нетрпеливо чекаат да ја пуштат и да ја видат нејзината реакција.

Девојката која мислела дека нејзиното патување над провалијата ќе биде по сајла, во еден момент полетува кон провалијата, несвесна дека всушност требало да изведе банџи-скок, кој исто така припаѓа во екстремните егзотични спортови и е опасен сам по себе.

Иако на некои ова им било смешно, луѓето порачуваат дека не треба да се игра со туѓото здравје и дека ваквиот шок би можел да биде кобен за девојката.

- Начинот на кој девојката паничи и оние што ја пуштаат без никакво предупредување...

- Срцето веднаш би ми застанало.

- Толку е опасно да се прави ова на луѓе што се паничари по природа.

- Човекот зад неа делува како да се смее.

-Го чувствувам нејзиниот страв, брат... - беа дел од коментарите.

Многумина прокоментирале дека е страшно непријатно некој да искуси вакво нешто, да мисли дека сајлата пукнала и да не го знае исходот. Повеќето луѓе на Тикток изјавиле дека колку некому ова да му изгледа забавно, човечката психа не е иста, и луѓето не се соочуваат подеднакво со ваквите предизвици.

Сепак, како по обичај, коментарите беа поделени. Некои егзибиционисти изразија желба да пробаат вакво нешто, тврдејќи дека тоа ќе биде возбудливо искуство за нив што ќе ја тестира нивната храброст и ментална издржливост. Меѓутоа, повеќето изјавиле дека никој не треба да се фаќа во костец со ова или што било друго доколку не е сигурен како ќе ја надмине претрпената траума, или во полош случај, другите последици.

@highlandflingbungee 😱😱 #highlandflingbungee #scotland #prank #adrenaline ♬ life gets hard - iilliaa

Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Ѝ посветил бизарна тетоважа на девојката, сите му се смеат- снимката има 13 милиони прегледи

Момче стана вирална сензација откако на TikTok се појави видео на кое се тетовира во студиото Betty Zoo Tattoo Studio во Копенхаген.

Момчето решило да направи уникатна тетоважа како почит кон својата девојка, а видеото е прегледано повеќе од 13 милиони пати.

На видеото може да видите како девојката го гризе за рака, а тетоважата потоа со мастило ги црта трагите од нејзиниот гриз. Резултатот е, хм, што е, и не требало многу време за луѓето да почнат да се потсмеваат во коментарите.

@bettyzootattoo Bite Mark tattoo #fyp #bf #tattoo #bitemarktattoo #foryou #trending #onthisday #fypviralシ ♬ My Love Mine All Mine - Mitski

„Која е најглупата тетоважа што можете да ја смислите? прашал тиктокер, а друг додал: „А што кога ќе раскинете?“

„Најглупавата идеја за тетоважа...сакам таква“, „Ова е навистина лоша идеја“, „Не можам да замислам полоша тетоважа“, „Едвард Кален би го сакал ова“, „Зошто?“, се некои од коментарите. Сепак, имало и такви на кои овој потег им бил „сладок“.

притисни ентер