Симовски:Пописот почна успешно, нема одбивање за попишување!

На отворени врати наидуваат попишуавчите на стартот на пописот една од најсложените статистички операции која од денеска па во следните 25 дена ќе се изведува по пауза од речиси 20 години. 

Пет илјади попишувачи со поддршка на 500 инструктори и 150 државни инструктори до крајот на септември ќе тропнат на вратите на сите домаќинства да ги приберат податоците за лицата и имотите на домаќинставата. Првито човеке на статистика уверува дека нема да бидт фактор за шиерње на ковидот, дека се почитуваат сите протоколи, најголемиот дел од попшувачите се вакцинирани а ако помабара граѓанинот онаму каде ќе дојде не вакциниран попишувач може да се замени со вакциниран кој ќе го заврши процесто исто како што би се правеле замени и ако попишувачот не го знае јазикот на кој домаќинството сака да биде извршен процесот.

Симовски апелираше да не се подлегнува на првокации да се бојкотира пописот бидејќи се можни прекршочни постапки за сите членови на домаќинството и да се отвори врата само на лице со легитимација од статистика.

На терен попишувачите на првиот ден не наишле на затворени врати и процесот се одвива без проблеми

Од соседните куќи со голем интерес се набљудуваше процесот и како што изјавија очекуваат и кај нив кога ќе дојдат попишувачите

За оваа операција да биде успешна граѓаните да бидат партнери и да соработуваат со пописните комисии апелираше премиерот Заев преку својата фејсбук страна а успешен попис во интерес на сите е и пораката на министерот за правда Маричиќ.

Според податоците на статистика процесот на попис на населението од Март тече и во дијаспората каде досега се попишани 191 и 118 лица со зголемување на динамиката од по околу 100 лица на ден последниве денови.

Едно лице убиено, 10 ранети во напад со огнено оружје и нож во Израел

 Израелската служба за итна помош денеска соопшти дека едно лице е убиено, а десет се ранети во напад со огнено оружје и нож во градот Бершева на југот на Израел.

Нападот на централната автобуска станица во овој град се случи пред годишнината од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година врз Израел, што предизвика војна во Газа, во која досега загинаа над 40 илјади луѓе.

Земјата е во зголемена готовност додека се подготвуваат комеморациите.

Израелската полиција не го идентификуваше напаѓачот, но изјави дека нападот се смета за терористички.

Од почетокот на војната, Палестинците во Израел извршија повеќе напади со огнено оружје, нож и возила.

Пред неколку дена, седум лица беа убиени во вооружен напад во Тел Авив, кога еден Палестинец отвори оган врз група луѓе, исто така на автобуска станица. Напаѓачот беше убиен од припадници на безбедносните сили. /МИА

Харис: САД ќе продолжат со дипломатски притисок за прекин на огнот во Појасот Газа

Харис го повтори ставот дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана од Иран и милитантните групи како Хамас и Хезболах, кои се поддржани од Техеран.

Потпретседателката на САД и демократски претседателски кандидат Камала Харис изјави дека Вашингтон ќе продолжи да врши притисок врз Израел и другите засегнати страни во конфликтот на Блискиот Исток за да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во интервју за Си-Би-Ес, Харис не одговори директно на прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „вистински сојузник“ на САД, туку рече дека „поважно е прашањето дали постои силен сојуз меѓу американскиот и израелскиот народ“, потврдувајќи дека постои таков сојуз.

Харис го повтори ставот дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана од Иран и милитантните групи како Хамас и Хезболах, кои се поддржани од Техеран.

Критичарите тврдат дека САД не извршиле доволен притисок врз Тел Авив и дека не вовеле ембарго за извоз на оружје на Израел. /МИА

Две дебарски каратистки дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Венеција

Две дебарски каратистки, како дел од македонската репрезентација, денеска отпатуваа за Венеција каде ќе се одржи Светското првенство.

- Тоа се каратистките Ера Коџа и Блина Горенца кои учество на Светското првенство обезбедија по освоените први места на плејоф натпреварите, што се одржаа во Кичево, на почетокот на минатиот месец. Посакувам успех за сите членови на државната репрезентација, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер на КК „Дибра" воедно и на македонската карате репрезентација.

Додаде дека Светското првенство во карате ќе се одржи од 9 до 13 овој месец во Венеција, Италија.

Исто така, тренерот Пачуку ќе се обиде да добие лиценца од светски рамки за акредитиран тренер.

- Ден пред заминувањето не посети градоначалникот Хекуран Дука. Ни посака среќен пат и успех на првенството. Рече дека гордост за Дебар е и самото учество на ова значајно натпреварување. Му благодариме за сестраната подршка, посочи Пачуку. /МИА

притисни ентер