Силно невреме ја погоди Феранција: Едно лице е исчезнато, гром удри во работник (ВИДЕО)

Силните врнежи ги блокираа магистралните патишта и железниците во јужна Франција, некои училишта се затворени, а нормализација на железничкиот сообраќај не се очекува до викендот.

Едно лице исчезнало вчеравечер, а еден работник го погоди гром, објави префектурата Ним.

Поплавениот автопат меѓу Ним и Монпелје е привремено затворен, а железничкиот сообраќај меѓу двата града исто така е отежнат.

Според железничкиот оператор SNCF, делови од линијата се блокирани и целосно под вода. Се проценува дека тие нема да бидат вратени во сообраќај до викендот.

Утре се очекуваат дополнителни обилни врнежи од дожд, а издадено е предупредување од втор степен за 13 административни области.

Сите училишта во областа Гард кои што вчера биле најпогодени ќе останат затворени и денеска.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин пристигнал во погодената област во вечерните часови, изразил поддршка за жителите и ги повикал да покажат голема претпазливост во наредните денови.

Тој рече дека 900 пожарникари и работници за цивилна заштита се распоредени во регионот.

За сексуално вознемирување на социјалните мрежи девојките повеќе се доверуваат на семејството

Семејството е најдоверливата и најсигурната адреса каде што анкетираните девојки ги пријавуваат сексуалните вознемирувања на социјалните мрежи.

Тоа го покажува истражувањето „Онлајн вознемирување на социјалните медиуми", спроведено од Центарот за еднакви можности „Бубамара" од Тетово. Анкетата според нив имала за цел да открие колку овие возрасни девојки се жртви на сексуално вознемирување, што подразбираат под сексуално вознемирување и дали се подготвени да го пријават тоа.

–Поголем дел од нив (29.3%) претпочитуваат да му се обратат на семејството кога се вознемирувани од такви вознемирувачки пораки или содржини. На второ место е полицијата (25%). Голем број на девојки одговориле дека не знаат каде да се обратат (21.6%). Мал број одбрале (или би одбрале) да им се обратат на новинарите (0.9%) или на невладините организации (1.4%) за да пријават вознемирување. Кога станува збор за евентуално пријавување,10% од девојките ја одбрале опцијата „друго" каде што доминираат одговори од типот „на никого", се наведува во истражувањето.

Во заклучокот од истражувањето од „Бубамара" велат дека жртвите на сексуално вознемирување, воглавно се добро информирани дека овој феномен подразбира повреда на нивната слобода и мешање во нивниот живот и нивните избори. Според нив, овие дејствија имаат последици кои кај некои од жртвите се манифестираат во поголема мера.

–Последиците се главно психолошки и жртвата често е сама и претпочитува да не го сподели искуството со некој друг. Фактот што некои од сексуално малтретираните девојки на социјалните мрежи не сакаат да го споделат своето искуство ниту со својот партнер, велејќи дека голема е веројатноста да дојде до некакво недоразбирање, покажува дека момчињата и мажите се многу малку информирани за размерите на овој реален проблем. Игнорирањето подразбира одобрување и охрабрување за сторителот, насилникот и престапникот за тој да ја прошири својата мрежа на малтретирање и да го храни тоа чувство на надмоќност врз своите жртви. Повторната виктимизација на жртвата на сексуално вознемирување од околината додава уште една по нераскинлива алка во синџирот на сексуално вознемирување, како злосторство кое го олеснија и „релативизираа" социјалните мрежи поради природата на нивните платформи, неможноста за целосна контрола и начелата на слободата на изразување, велат од „Бубамара".

Центарот за истражувањето има контактирано 208 девојки на возраст од 18 до 25 години кои одговориле на анкетата по електронски пат. Од нив 150 девојки се од Тетово, 51 од Гостивар и од другите општини во регионот. 45,1 отсто се од рурални, а 54.8 отсто од урбани средини. /МИА

Средба на министерот Бесими со Матуела и Худолин од ЕУ

Дизајнирањето на макроекономските политики и мерките за поддршка на стопанството клучни за остварување забрзан раст.

Дизајнирањето на макроекономските политики, јавните финансии, структурните реформи, како и поддршката што ја дава Владата на стопанството за справување со пандемијата, како и зелената и дигиталната трансформација, беше тема на дискусија помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Мишела Матуела, директор на Директоратот за проширување и соседска политика и Штефан Худолин, раководител за соработка во Делегацијата на ЕУ.

„Македонија е посветена на остварување економски раст и опоравување од пандемијата, со фокус на остварување подобар раст што би значело – зелен, дигитален, паметен, забрзан, инклузивен и одржлив раст. Планот за финансирање забрзан раст на којшто работиме има за цел да овозможи забрзан одржлив раст притоа одржувајќи финансиска стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на средствата од Буџетот", потенцира министерот.

На состанокот се дискутираше и за Законот за буџети, за реформата за унапредување на фискалната децентрализација којшто се подготвува во рамки на Министерството за финансии, како и за реализацијата на проектите што се финансирани од инструментот ИПА.

Во однос на преземените мерки за справување со пандемијата, Бесими истакна дека се имплементирани 6 пакети во вкупен износ од 1 милијарда и 180 милиони евра.

„Македонија се водеше од пристапот „сѐ што е потребно" – првично, финансирањето беше предизвик, но подоцна ни беа доделени меѓународни средства. Во 2021 година, беа имплементирани 2 дополнителни пакета во вкупен износ од околу 180 милиони евра, во кои беа вклучени не само интервентни мерки, туку и мерки за поддршка на закрепнувањето и растот, со потаргетиран пристап, воедно фокусирајќи се и на компаниите со добри перформанси со цел поддршка на инвестициите. Во моментов, сите показатели (раст на БДП, буџетски приходи, трговска размена, итн.) укажуваат на заздравување на економијата", потенцира Бесими.

Притоа тој нагласи дека и понатаму внимателно се следат случувањата.

„Свесни за предизвиците, продолжуваме со поддршка преку потаргетирани мерки, што се поориентирани кон пазарот, притоа фокусирајќи се на фискалната консолидација на среден рок. Политиките на Македонија ги следат овие насоки", рече Бесими.

Во пожар кај Струмица гореа стари гуми

Пожар денеска околу 14:15 часот избувна во атарот на село Костурино, каде биле запалени стари гуми и стрниште.

Според информациите од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и шест против пожарни возила, како и помош од Валандово.

Пожарот е локализиран, а црниот чад кој се издигнуваше над местото на пожарот е предизвикан од запалени стари гуми.

притисни ентер