Сиљановска Давкова: Специјалните сили на Армијата пример што значи елита

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска како врховен командант на Армијата, ги посети армиските припадници од Баталјонот на специјални сили кои изведуваат обука во Кампот за обука на вода на Охридското Езеро.

По пречекот со воени почести, претседателката Сиљановска Давкова во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски беше брифирана за капацитетите на Баталјонот на специјални сили, а потоа имаше можност да се запознае преку презентација со вежтините и подготвеноста на припадниците на единицата за изведување сложени на операции на вода и приказ на боречки вештини.

- Откако видов, сега ми е јасно зошто нашата армија ја ужива највисоката доверба кај граѓаните. Сигурно она што го видов граѓаните го чувствуваат,најчесто од своите блиски...Сум знаела дека нашето учество во бројни мисии е заслужено, знам колку награди добиле овие луѓе, но сега на лице место видов што се можат да направат. Уште еднаш, зборови на немерлива почит, горда сум што сум командантка на овие луѓе, на нашите вооружени сили, посакувам да нема потреба да бидат употребени, но знам дека оваа земја треба да се чувствува безбедно, рече претседателката.

Таа истакна дека посакува во сите области, во владеењето на правото, во развојот на демократијата,но независното судство, во образованието да се достигнат стандардите што ги поседуваат специјалните единици на Армијата.

Нејзините високи оценки за подготвеноста на специјалните сили на Армијата ги преточи во порака до политичарите, за тоа што значи да се биде елита.

- Елитизмот не значи да сте на некоја висока функција, туку да сте прв во својата струка, во професијата, а тоа трбе ада важи и за политиката, рече таа.

На прашање на новинарите Сиљановска Давкова за можноста од враќање на обврска за отслужување воен рок, таа со став дека не би требало да се исклучува можност да им се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воена обврска.

- Сме имале такво искуство, мислам дека треба да се размислува. Мислам дека тогаш и односот кон армијата ќе биде попозитивен. Треба да се отвори темата, да се разговара, треба да се слушнат аргументите, да се тестира расположението кај луѓето..., рече претседателката.

Началникот на Генералштабот на АРМ , генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски , изрази задоволство што претседателката на државата и врховниот комендант на оружените сили високо ја оцени подготвенота на оружените сили, посочуваји дека за сите припадници на АРМ тоа ќе биде мотивација и обврска да се продолжи така и во иднина.

Дачиќ: Очекувам екстрадиција на Рамадани, но тоа е внатрешно прашање на Македонија

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, вели дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани

Српскиот министер за внатрешни работи Дачиќ, вели дека очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Македонија.

-По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние очекуваме дека ќе биде донесена одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Македонија.Не знам вие дали разбирате дека Србија не го признава Косово и тоа е апсолутно небулозно. Ние се што работиме, работиме со ЕУЛЕКС, и на таков начин баравме и добивавме информации врзани за сите тие процеси. Така што, никаква екстрадиција внатре во Србија не е возможна, а Србија е држава која во својот состав го има и Косово, така велат и Обединетите нации, истакна српскиот министер Дачиќ.

Сиљановска Давкова прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија – ЗМСТАМ.

Раководството на здружението на средбата ја запозна претседателката Сиљановска Давкова со нивните заложби за континуирано подобрување на стандардите на сестринската и акушерската пракса, унапредување на положбата на сестрите и акушерките на работните места, како и за нивниот ангажман како здружение во насока на подобрување на здравствениот систем, во целина. Во тој контекст, истакнаа и неколку приоритетни прашања за нив, односно да се донесе Закон за здравствена и акушерска нега, да се признае и да се вреднува високото образование на сестрите и акушерките, како и нивните специјализации вградени во колективниот договор, во согласност со Конвенцијата 149 на Меѓународната организација на трудот, да се воведе менторство во сестринската пракса, да се вреднува искуството на сестрите со средно образование, а кои имаат повеќегодишно специјализирано работно искуство, како и да се зголеми улогата на патронажните сестри во пружање примарна здравствена нега.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека медицинските сестри, техничарите и акушерките се исклучително важна алка во синџирот на целокупната здравствена заштита и притоа изрази поддршка за активностите на здружението, како единствена професионална организација која ги претставува сестрите, акушерките и сестринството.

На денешната средба присуствуваа претседателката на здружението, Велка Гавровска, заменик –претседателката Тања Трајковска, Валентина Горичанец, секретар на ЗМСТАМ, како и Гордана Димеска, претседателка на невролошката секција и делегатот Гоце Марковски, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Електричните тротинети во Скопје и натаму се мета на вандализам

Околу два часот по полноќ фирмата за електрични тротинети Бин Бин добила видеа и фотографии каде се гледа дека група на млади луѓе ги демолираат тротинетите во градскиот парк.

Од фирмата велат дека случајот е пријавен во полиција и очекува полицијата со приложените фотографии да ги најде сторителите.

Дурак за Канал 5 објаснува дека досега целосно се уништени 30 електрични тротнинети голем дел завришиле и во реката Вардар.

Минута возење со тротинет чини 9 денари. Од компанијата со апел и по користњето на тротинетот да се остави на место каде нема да биде проблем. Многу често се паркираат и на улица или пешачка патека.

притисни ентер