Силјановска Давкова: Македонија е држава во пропаѓање поради оваа власт

Со оваа власт Македонија не само што е слаба држава, туку е држава во пропаѓање.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова на вчерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе" во општина Карпош истакна дека Македонија со СДСМ на власт не е само слаба држава, туку држава во пропаѓање.

Силјановска Давкова посочи дека оној кој што владее спротивно на општиот интерес е тиранин и запраша дали граѓаните го препознаваат тој тиранин.

„Ние денес со власта имаме аномија, секојдневно кршење на законите. Затоа јас сакав да кажам дека ако од антиката до денеска се зборува не само за политика, туку и за економија и етика. Ете го триаголникот кој што гарантира добро владеење. Но, за жал тој триаголник со оваа власт во оваа држава го нема. Не само што Македонија е слаба држава, за жал Македонија е држава во пропаѓање поради оваа власт", нагласи Силјановска Давкова

Таа пред карпошани порача да размислат за кого ќе гласаат на локалните избори, кои се планирани да се одржат на есен.

„Падот на локалните избори ќе биде предзнак на падот на оваа корумпирана власт која нема ништо заедничко со Европа. Ве молам добро да размислите за кого ќе гласате, дали ќе гласате за идиократија, за дебилизација, или за либерализација. Не само на пазарот туку и воопшто во политичкиот систем",истакна Силјановска Давкова.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во Хрватска предизборен молк пред парламентарните избори

Предизборен молк  стапи на сила во Хрватска на полноќ во пресрет на парламентарните избори в среда, на 17 април, а ќе трае до затворање на гласачките места во 19 часот

Во Хрватска ќе бидат отворени повеќе од 6.500 избирачки места за 11-те парламентарни избори, а првиот ден од гласањето е денеска 16 април во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како посебна изборна единица.

На вкупно 165 листи има 2.302 кандидати кои се борат за 151 мандат во хрватскиот Сабор Среда, 17 април ќе биде неработен ден во Хрватска.

Пратениците во 151-члениот парламент се избираат со мандат од четири години.

Од 10 изборни единици се избираат 14 пратеници. Одделно, осум пратеници влегуваат во парламентот како претставници на малцинствата во Хрватска, а три пратенички места се резервирани за дијаспората.

Прекршувањето на забраната за изборна кампања не се санкционира, но Државната изборна комисија повикува на етичко однесување на учесниците на изборите и медиумите.

Со изборниот молк завршува 17-дневната официјална кампања пред парламентарното гласање, кое претседателот Зоран Милановиќ го закажа за 17 април, среда. Во Хрватска парламентарните избори секогаш се одржуваа во недела, со исклучок на 2000 година кога се одржаа на 3 јануари, понеделник.

Во странство денеска и утре ќе се гласа во вкупно 41 држава.

Роналдо се соочува со суспензија на два натпреварa

 Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ќе биде суспендиран на два натпревара, пишува „Asharq Al-Awsat“.

Според тамошниот медиум, откако 39-годишниот Португалец беше исклучен во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:2), дисциплинската комисија на фудбалската федерација ќе одлучи да го дисквалификува Роналдо две средби.

По испрашувањето на напаѓачот за инцидентот, играчот изјави дека е незаслужено исклучен.

Роналдо на мечот против Ал-Хилал го турна противникот без топка по страничната линија, откако претходно му ја исфрли топката од раце. Откако напаѓачот доби црвен картон, замавна со тупаница кон судијата.

Оваа сезона Роналдо одигра 37 натпревари, постигнувајќи 36 гола и 12 асистенции.

Современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин вечерва во НОБ

На сцената на Националната опера и балет вечер, со почеток во 20.00 часот, ќе се изведе современиот балет „Сага“ на Рисима Рисимкин, во рамките на jубилејното 20. издание на Танц Фест Скопје. 

Претставата е дел од програмата „Паралели“, која фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.

- „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на извонредната музика на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, ги открива идентитетите на Црвената и Црната нишка, кои ги толкуваат примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, Пиреј со првенецот Бобан Ковачевски и гостинот Балаж Лочеи (Унгарија), Везилката со Саша Евтимова, Прелист со Наташа Трендафилова-Гицев, Трепетлика со Илијана Данилов, Ѓул со Христина Наќевска, информираат од НОБ.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и други. Програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ и МКЦ.

притисни ентер