Силјановска Давкова: Имаме хиперпродукција на закони

Правен илузионизам владее во оваа земја со оваа власт, вели Силјановска Давкова.

На вечерашната трибина „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе" во општина Карпош се обрати пратеничката Гордана Силјановска Давкова која што истакна дека имаме хиперпродукција на закони а правен илузионизам владее во оваа земја со оваа власт.

„Ако немаме силни институции тогаш нема да имаме ни добри закони.Ние немаме институции, а не добри институции. Правен илузионизам владее во оваа земја, со оваа власт. Во моментов имаме речиси 5890 закони замислете, донесени за 30 години. Луѓето мислат дека произведувајќи регулатива прописи, норми, дека ќе ги решат проблемите. Нашите закони не решаваат општи прашања, општи проблеми, туку лични и колективни. Затоа тие се хартија, затоа не се носат во редовна процедура, најчесто се носат во скратена постапка, за да се избегне дебатата, за да се избегне инклузивниот модел и се разбира го распрталија европското знаме" нагласи Силјановска Давкова

Силјановска Давкова посочи дека понекогаш ја зачудува молкот на европските институции во Македонија.

Фото: Се соблече Елена Китиќ и покажа зошто е сон на секој маж

Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Елена Китиќ, ќерката на фолкерот Миле Китиќ, важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Таа е многу активна на социјалните мрежи и често ги почестува своите фанови со провокативни фотографии.

Таа моментално престојува на егзотична дестинација и објавува фотографии од плажа на кои се гледа нејзиното извајано тело.

„Каква риба“, „Убавица“, „Леле“, „Најубава си“, „Преубава, прубава“ - ова се само дел од многуте коментари на фановите.

УЕФА исфрла неколку клубови од евро-натпреварите?!

Шест клубови се под закана од тригодишна суспензија во евро-куповите од страна на УЕФА поради финансиски долгови.

Порто, ЦСКА Софија, Бетис, Санта Клара, Спортинг и Монс Калпе од Гибралтар имаат рок да ја избегнат суспензијата до јануари идната година. Најдолжен е Порто со 300 000 евра, Спортинг и Бетис мораат да платат по 250 илјади, ЦСКА и Санта Клара по 75.000 а Монс Калпе 15. Сериозна парична казна но без закана за суспензија имаат и Астана со 150.000 евра и романски Клуж со 200.000.

Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари - сопругата го поддржала

Актерот Џорџ Клуни изјави дека еднаш му биле понудени 35 милиони долари за еден ден работа, но тој ја одбил понудата откако заклучил дека не вреди.

Оскаровецот и продуцент ја раскажа анегдотата откако еден новинарот за време на интервјуто за „Гардијан“ го праша дали некогаш помислил дека има доволно пари.

„Па, да. Ми беа понудени 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама за авиокомпанија“, рече тој, додавајќи дека се консултирал со Амал, неговата сопруга, и одлучиле дека не вреди. Авиокомпанијата била поврзана со како што вели тој, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

„Си помислив: Па, ако ми одзема една минута сон, не се исплаќа“, изјави оскаровецот.

Покрај неговата повеќедецениска кариера во Холивуд, Клуни има и големо деловно портфолио, тој има заработено над 40 милиони долари за својата рекламна работа со една швајцарска компанија. Неговата компанија за текила „Casamigos“ беше продадена пред четири години за 1 милијарда долари, објави „Инсајдер“.

притисни ентер