Сиљановска Давкова им додели „Инженерски прстен 2024“ на 15 најуспешни дипломирани инженери

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на церемонија што се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник, во Охрид, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.

Во своето обраќање на церемонијата на доделување, претседателката Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки до добитниците на ова престижно признание, ја нагласи исклучителната важност на инженерството во градењето на нашата држава и нејзиното приспособување на глобалните дигитални трендови.

„Напредната роботика, автоматизацијата на производството и вештачката интелигенција сè повеќе влијаат врз пазарот на трудот. Денеска успехот на државите веќе се мери врз основа на нивната способност да ги искусат придобивките и да ги минимизираат ризиците што со себе ги носи дигиталната економија“, истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Во таа насока ја нагласи потребата од заеднички ангажман на државата, на академската и на бизнис-заедницата за осовременување на наставните програми, стипендирање и наградување на успешните.

„Државата мора да ги поддржува вашите иновациски проекти, да ги поттикнува стартапите и технолошките паркови и да вложува во иновациските екосистеми. Државата има обврска да направи сè што може за да создаде услови вие и вашите колеги, професионално и кариерно да напредувате тука, во нашата заедничка татковина“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Кристинка Чулак, претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, обраќајќи се на младите инженери рече дека тие ја одбрале професијата која не само што е во служба на безбедност, здравје на човекот и заштита на животната средина, туку ја има и задачата и привилегијата за создавање на уште подобри услови за живеење, креирајќи напредни и паметни светови.

„Комората како професионална организација која што ги обединува сите архитекти и инженери во земјава е вашиот иден дом. Ние со нетрпение ја очекуваме вашата младешка енергија, која секогаш внесува динамика меѓу сите инженери, со сите бои на дигиталните трансформации, иновациите и напредните идеи за прогрес во светот, порача Кристинка Чулак, претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Во своето обаќање, Христина Спасевска, претседателката на Инженерската институција на Македонија, обраќајќи се на младите инженери, рече дека ова признание се должи на нивниот исклучителен ангажман во текот на студирањето, што потврдува дека се подготвени и понатаму да одат кон височините на успехот, соочувајќи се со сите предизвици на тој пат.

„Вие сега припаѓате на Клубот од 229 најдобри инженери кои денес се успешни универзитетски професори, научници, професионалци и менаџери во компании, како во земјата така и во странство. Дека признанието е доделено на вистинските, достојни за наградата, во овие 21 година сведочат токму нивните успеси“, рече Христина Спасевска, претседателката на Инженерската институција на Македонија.

„Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а годинашни добитници се 15 најуспешни дипломирани студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и од Државниот универзитет – Тетово. Од УКИМ носители на признанието се Ева Зовиќ - Архитектонски факултет, Димитрија Симјаноски - Градежен факултет, Михаела Златеска - Машински факултет, Марија Митевска - Технолошко-металуршки факултет, Егзона Муртезани - Факултет за земјоделски науки и храна, Виктор Мегленовски - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Руфија Идризовска - Природно математички факултет, Бојана Захариева - Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Ангела Мешкова - Факултет за електротехника и информациски технологии и Матеа Ташковска - Факултет за електротехника и информациски технологии. Од УКЛО Битола, Елена Стефаноска - Технички факултет и Теодора Силјаноска - Факултет за информатички и компјутерски технологии, од УГД Штип, Матеа Анакиевска - Факултет за природни и технички науки и Даниел Цоневски - Факултет за информатика, а од ДУТ Адина Османи - Факултет за применети технички науки.

Манифестацијата „Инженерски прстен“, традиционално е под покровителство на Претседателот на државата, а во организација на Инженерската институција на Македонија и на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се наведуива во соопштението од Кабинетот на претседателот .

Хегсет: Руската инвазија врз Украина е повик за будење, 2 % трошоци за одбраната не се доволни

- Затоа американскиот претседател Доналд Трамп повика на зголемување на трошоците за одбраната ширум НАТО. Европските земји треба да увидат дека ова е итна и реална закана за континентот. Оваа агресија е повик за будење, истакна Хегсет. 

Војната во Украина и руската инвазија придонесоа за ресетирање на НАТО и не натера да сфатиме дека Алијансата мора да биде цврста, силна и реална, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пред денешната средба на министрите за одбрана на Пактот во Брисел.

- Затоа американскиот претседател Доналд Трамп повика на зголемување на трошоците за одбраната ширум НАТО. Европските земји треба да увидат дека ова е итна и реална закана за континентот. Оваа агресија е повик за будење, истакна Хегсет.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Хегсет нагласи дека САД се активен дел од НАТО и ќе продолжат да бидат тоа, но дека кога станува збор за трошоците за одбрана два проценти од БДП повеќе не се доволни.

- Три, четири или дури пет проценти како што рече претседателот Трамп се круцијални за справување со заканите во иднина, додаде Хегст.

Според него, постои руска воена машинерија која се обидува да освои се повеќе и повеќе територија во Украина и за да се спречи тоа потребен е посилен европски одговор.

- Мојата улога како претставник на САД е да зборувам реално за текот на тој конфликт. Видовте вчера како претседателот Трамп, кој е најдобар преговарач на светот, ги доведе двете страни заедно да најдат реален мир, што на крајот сите и го сакаме, рече американскиот секретар за одбрана.

Хегсет потенцира дека целта на Трамп со вчерашните разговори со претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски била да се овозможи постигнување одржлив и траен мир на континентот и да запре убивањето, што е во интерес на Европа и на САД

Тој потенцира дека на денешната средба очекува искрен разговор за тоа „до каде сме и како да се постигне мир континентот“, како и да се обезбеди дека Европа ќе направи чекор напред кон зајакнување на НАТО и ставање крај на конфликтот.

Според него, светот и Европа се побезбедни тогаш кога НАТО е силен и затоа мора да се инвестира во остварување на таа цел. - Само силен НАТО ќе го одбрани слободниот свет и САД ќе ја задржат водечката улога во тоа, додаде Хегсет.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте од своја страна порача дека членките на Алијансата мора да ги зголемат одбранбените трошоци, бидејќи знаат дека не ќе може да се заштитат себе си за пет до шест години доколку не издвојуваат повеќе за одбраната.

- САД оправдано бараат од европската и канадската страна на НАТО да направи повеќе, рече Руте. Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за зголемување на индустриското производство, затоа што, како што рече, не произведуваме доволно.

- Потребен ни е поголемо производство на нашата индустриска база, за да можеме да го држиме чекорот со Русија, Кина и останатите, додаде Руте.

Во однос на Украина, тој порача дека е потребно да се постигне мир во земјата, да се зајакне украинската позиција и да не се дозволи повторување на состојбата со договорите од Минск со кои се постигнаа неодржлив мир.

Хегсет: Европа има одговорност да ја запре „руската воена машина“

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека одговорност на Европа е да ја запре, како што рече, „руската воена машина“.

Пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Хегсет повтори дека земјите-членки на Алијансата треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП.

Сегашната цел за одбранбените трошоци за членките на НАТО е два отсто од БДП.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на крајот на јануари изјави дека на самитот на НАТО во јуни ќе биде донесена одлука дали трошоците ќе бидат зголемени на три или пет отсто од БДП.

Утре без струја делови од општините Карпош и Гази Баба

Утре без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Гази Баба, информираат од РЦУК.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот ќе имаат дел од корисниците од село Стајковци, место викано Попово Маало во општина Гази Баба.

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад.

Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.

Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.

притисни ентер